Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Нема попуштање, демонстрантите работат за Трамп“! Хамнеи ги обвини странските сили за протестите во Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-library4k5h8tk0aiuc9Md1wHC
YouTube/Print Screen

Иранските власти немаат намера да отстапат под притисокот од уличните протести, порача врховниот верски лидер на земјата, Али Хамнеи, кој немирите ги припиша на, како што рече, обиди од странство за дестабилизација на државата.

Во обраќање емитувано на државната телевизија, Хамнеи оцени дека Исламската Република нема да потклекне пред, како што ги нарече, саботерите, нагласувајќи дека системот е создаден со жртва на „стотици илјади чесни луѓе“. „Секој треба да знае дека Исламската Република дојде на власт со крвта на стотици илјади чесни луѓе и дека нема да попушти пред саботерите“, рече тој.

— реклама —

Осврнувајќи се конкретно на протестите во Техеран, иранскиот верски лидер изјави дека демонстрациите, според него, имаат за цел да му угодат на американскиот претседател. „Тие сакаат да го направат среќен. Ако знаеше како да ја води земјата, ќе ја водеше својата. Рацете на американскиот претседател се извалкани со крвта на повеќе од 1.000 Иранци“, рече Хамнеи, алудирајќи на американските напади врз ирански нуклеарни постројки во јуни.

— реклама —

Во продолжение на обраќањето, тој порача дека и самите Соединети Американски Држави се соочуваат со бројни внатрешни проблеми, пренесуваат иранските медиуми.

Хамнеи упати и апел до своите поддржувачи да останат сплотени. „Драги млади луѓе, задржете ја вашата подготвеност и единство. Обединетата нација ќе го победи секој непријател“, порача тој.

— реклама —

Во меѓувреме, протестите предизвикани од економските тешкотии продолжија и денеска во повеќе ирански градови. Набљудувачката група NetBlocks соопшти дека во земјата бил регистриран прекин на интернет, кој започнал вчера и продолжил и денеска.

— реклама —

Американската агенција HRANA објави дека за време на немирите животот го загубиле најмалку 34 демонстранти и четворица припадници на безбедносните сили, додека околу 2.200 лица биле уапсени. Според аналитичарите, овие бројки укажуваат на длабоко незадоволство од актуелната состојба во земјата.

Властите, во обид да ја смират ситуацијата, применуваат двоен пристап: од една страна порачуваат дека економските протести се легитимни и нудат дијалог, а од друга, на дел од демонстрациите интервенираат со солзавец и сила во услови на насилни улични судири.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydgdlficm01r1dRIgsqV

(Видео) Трамп не ја исклучува воената интервенција на Куба: „Сакам да го решам прашањето пред да заминам“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп го повлече Џеј Ди Венс од преговорите со Иран по неговите критики за војната

Свет | пред 1 ден

media-libraryccdln8fu63rlbrq3SiN

Трамп го задолжи Венс да ја истражува наводната корупција во државите управувани од демократите

Свет | пред 1 ден

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп му се закани на Мексико со двојно повисоки царини ако не ги запре мигрантите

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања