Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трамп му се закани на Мексико со двојно повисоки царини ако не ги запре мигрантите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 минути -

Свет
media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека веднаш ќе ги удвои царините за мексиканските производи доколку Мексико не ги запре големите групи мигранти кои, според неговите тврдења, се движат кон границата со САД.

— реклама —

Во објава на социјалната мрежа „Truth Social“, Трамп оцени дека по изборниот пораз на републиканците на конгресните избори повторно се случува, како што ја нарече, „инвазија“ на САД.

Тој тврди дека во Мексико се формираат големи мигрантски каравани кои се движат кон американската граница, обвинувајќи дека меѓу нив има луѓе кои другите држави не сакаат да ги примат.

— реклама —

„Мексико мора веднаш да ги запре, а доколку не го направи тоа, царините за мексиканските производи веднаш ќе бидат двојно зголемени“, порача Трамп.

— реклама —

Американскиот претседател наведе дека за неговото барање се известени мексиканските власти, гувернерот на Тексас, американската Гранична патрола и Службата за имиграција и царина (ICE). Притоа, тој го спомена и новиот гувернер на Тексас, кого го опиша како „многу либерален“.

Трамп не приложи докази за тврдењата за мигрантските каравани ниту прецизираше на кои постојни царини би се однесувало најавеното двојно зголемување.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9vmjcgllr5aaf51lBV9

Трамп призна дека поддршката за Израел и војната придонеле за изборниот пораз на републиканците

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryra71f9bmedivb1APhwU

Кој ќе го наследи Трамп во Белата куќа? Републиканците ги фаворизираат Рубио и Венс

Свет | пред 2 часа

Screenshot-2024-04-28-at-10.52.51

Бајден го откри писмото што Трамп му го оставил во Белата куќа во 2021 година

Свет | пред 1 ден

media-libraryphp1ntvsuipd2hhSb2O

Републиканците објавија извештај за Епстин: Тврдат дека Трамп не бил вмешан во мрежата за трговија со луѓе

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања