Промени тема
Контакт

Америка го запира издавањето визи за 75 земји – апликациите ќе бидат одбивани по ред

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја запира обработката на сите визи за посетители од 75 земји, почнувајќи од 21 јануари, објави „Фокс њуз“, повикувајќи се на интерен допис на американскиот Стејт департмент.

— реклама —

Според информациите, меѓу земјите кои се опфатени со оваа мерка се Сомалија, Русија, Иран, Авганистан, Бразил, Нигерија и Тајланд.

— реклама —

Во дописот, кој бил испратен до американските амбасади ширум светот, се наложува визите да се одбиваат во согласност со постојните закони, додека Стејт департментот врши анализа и ревизија на важечките правила за издавање визи.

— реклама —

Оваа одлука се вклопува во строгата имиграциска политика што републиканскиот претседател Доналд Трамп ја спроведува од стапувањето на функцијата во јануари минатата година. Во ноември, Трамп најави дека ќе ги „трајно запре“ миграциите од, како што ги нарече, „земјите од третиот свет“, по инцидентот во кој авганистански државјанин пукаше во близина на Белата куќа и уби припадник на Националната гарда.

— реклама —

Инаку, по повлекувањето на американските сили од Авганистан во 2021 година, голем број авганистански државјани кои поднеле барања за азил во САД добија специјални имигрантски визи, наменети за лица кои соработувале со американската војска за време на дваесетгодишниот конфликт во земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

САД и Кина се клучни за трговијата со технологија на ЕУ; Европа сепак ја завршува годината со позитивен биланс.

Свет | пред 6 часа

— реклама —
morbili

Епидемија на морбили во САД: Пенсилванија надмина 1.000 заразени, пет лица починаа

Свет | пред 19 часа

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Украина ги уништува руските рафинерии, тоа ги зголемува цените на бензинот во САД

Свет | пред 22 часа

media-libraryi04a8l1t1qu24CMgGSp

САД со ракетен систем на само 110 километри од Тајван – како ќе реагира Кина?

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања