Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Политиката му се заканува на Мундијалот 2026: Германија најавува можен бојкот поради Трамп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Спорт
lopta-fudbal

Пет месеци пред почетокот на Светското првенство 2026, ФИФА со зголемена загриженост следи неочекуван политички фронт што би можел сериозно да го загрози најголемиот фудбалски турнир во историјата.

Станува збор за Мундијал со рекордни 48 репрезентации и три земји-домаќини – Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада – но и за контроверзи кои од ден на ден добиваат сѐ поголеми размери.

— реклама —

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој повторно се врати во Белата куќа, предизвика силни реакции со инсистирањето САД да го анектираат Гренланд, оправдувајќи ја идејата со „прашања од национална безбедност“. Оваа најава ги вклучи алармите во Европа и наиде на остри реакции од Данска, Европската Унија и НАТО.

— реклама —

Од Германија пристигна одговор од Јирген Харт, пратеник од Христијанско-демократската унија и близок соработник на канцеларот Фридрих Мерц. Во интервју за „Билд“, Харт изјави дека дури и бојкот на Светското првенство би можел да се разгледа како крајна мерка за притисок врз Трамп да ја преиспита својата позиција околу Гренланд.

Иако нагласи дека верува во дипломатско решение, Харт не ја исклучи можноста за симболичен чекор со сериозни последици. Влогот е огромен – Германија, четирикратен светски шампион (1954, 1974, 1990 и 2014), е една од најпрепознатливите фудбалски сили во светот и нејзиното евентуално отсуство би значело милионски финансиски удар за ФИФА и за земјите-домаќини.

— реклама —

Во јавната дебата се вклучи и британскиот новинар Пирс Морган, кој на социјалните мрежи провокативно предложи повеќе европски репрезентации – меѓу кои Англија, Франција, Шпанија, Германија, Италија и други – да го суспендираат учеството на Светското првенство додека траат трговските спорови со администрацијата на Трамп.

Иако засега сѐ е во рамки на шпекулации, евентуален бојкот би бил вистински земјотрес за организаторите. ФИФА, со Џани Инфантино на чело и со неговите познати блиски односи со Трамп, би се нашла пред одлука со историски размери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryurfltrld9rrn7iQrfQg

(Видео) Силно невреме ја погоди Германија: Тешко повредени, урнати дрвја и прекини во железничкиот сообраќај

Свет | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryfmf297qm0efodpCHC5O

Гори „Орловото гнездо“ на Хитлер: Историскиот објект во пламен, полицијата приведе осомничен

Свет | пред 10 часа

media-libraryrtpt3m49fhtr7gBB81P

„Џенерали“ ќе укине 800 работни места во Германија до 2030 година

Свет | пред 1 ден

media-libraryc38i30vf38n61YPNV2c

Незадоволството на младите ја тресе Европа: Насилни протести во повеќе земји, Германија стравува од ескалација

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања