Промени тема
Контакт

Трамп ја повлече поканата до Канада за „Одборот за мир“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
kanada

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече поканата што претходно ѝ ја упати на Канада за приклучување кон новоформираниот Одбор за мир, откако канадскиот премиер Марк Карни во својот говор на Светскиот економски форум во Давос јавно ги критикуваше големите сили и економската хегемонија на САД, со што дополнително се заострија односите меѓу Вашингтон и Отава.

— реклама —

Одлуката на Трамп следуваше по настапот на Карни, кој ги обвини моќните држави дека економските интеграции ги користат како средство за притисок, а царините како инструмент на моќ. Американскиот претседател преку објава на социјалната мрежа „Трут соушл“ соопшти дека Одборот за мир ја повлекува поканата упатена до Канада, наведувајќи дека станува збор за иницијатива која, според него, ќе прерасне во „најпрестижниот собир на светски лидери досега“.

— реклама —
— реклама —

Ниту кабинетот на канадскиот премиер, ниту Белата куќа не одговорија веднаш на барањето на Ројтерс за коментар. Само една недела претходно, од кабинетот на Карни беше соопштено дека Канада добила покана за учество во работата на одборот и дека премиерот планирал да ја прифати.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

САД и Кина се клучни за трговијата со технологија на ЕУ; Европа сепак ја завршува годината со позитивен биланс.

Свет | пред 4 часа

— реклама —
morbili

Епидемија на морбили во САД: Пенсилванија надмина 1.000 заразени, пет лица починаа

Свет | пред 17 часа

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Украина ги уништува руските рафинерии, тоа ги зголемува цените на бензинот во САД

Свет | пред 20 часа

media-libraryi04a8l1t1qu24CMgGSp

САД со ракетен систем на само 110 километри од Тајван – како ќе реагира Кина?

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања