Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Администрацијата на Трамп бара начин за соборување на комунистичкиот режим во Куба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryacebk18bn4k39S38Cxb

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп бара луѓе внатре во кубанската влада кои би можеле да помогнат во постигнување договор за соборување на комунистичкиот режим во таа земја до крајот на годинава, пренесува „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори запознаени со состојбите.

Според истите извори, Трамповата администрација е охрабрена од соборувањето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и смета дека постои можност слично сценарио да се примени и во Куба.

— реклама —

На почетокот на јануари, Стејт департментот ја прогласи западната хемисфера за зона од посебен интерес за Вашингтон, а претходно претседателот Трамп се повика и на почитување на Монроовата доктрина, со која американскиот континент се дефинира како област затворена за мешање на други светски сили.

— реклама —

Изворите наведуваат дека американската администрација проценила оти кубанската економија е блиску до колапс и дека владата во Хавана никогаш не била поранлива, особено по губењето на својот клучен сојузник – Венецуела.

— реклама —

Иако, засега, не постои конкретен план за завршување на владеењето на комунистичката власт која управува со островот речиси седум децении, високи американски претставници за „Волстрит џурнал“ изјавиле дека апсењето на Мадуро во рамки на воената интервенција на САД и последователните отстапки од неговите сојузници се гледаат како јасен сигнал и предупредување за Куба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot_3-Copy-32

Зошто Вашингтон купува јени со евра, а не со долари?

Свет | пред 1 час

media-libraryro0i4nsi48kvbpDeU7v

Трамп најави нови преговори со Иран: Го откажавме најголемиот напад од Втората светска војна

Свет | пред 4 часа

Pentagon

Трамп ја забрани Anthropic, судот ја блокираше одлуката

Свет | пред 14 часа

media-librarycak8udcnlp4o9DsKbLB

Поранешниот израелски премиер: Нетанјаху остана без поддршка од Трамп

Свет | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања