Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Трамп ја забрани Anthropic, судот ја блокираше одлуката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
Pentagon

Американски судија оцени дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп сè уште не понудила доволно докази за да ја означи компанијата за вештачка интелигенција Anthropic како ризик за синџирот на снабдување и да ѝ забрани на федералната влада да ја користи нејзината технологија.

— реклама —

За време на сослушувањето одржано во четвртокот, окружната судијка Рита Лин изразила сомнеж дека Министерството за одбрана ги поткрепило своите тврдења со доволно докази.

Спорот произлегува од застојот во преговорите за договор меѓу Anthropic и Пентагон. Од компанијата претходно соопштија дека не сакаат нивната вештачка интелигенција да се користи за масовен надзор на американските граѓани ниту за донесување одлуки за гаѓање цели и употреба на смртоносно оружје, оценувајќи дека технологијата сè уште не е доволно развиена за такви намени.

— реклама —

Министерството за одбрана возврати дека приватна компанија не треба да одлучува како војската ќе ја користи технологијата и наведе дека алатките би се применувале на законски начин.

— реклама —

Владата, исто така, тврдеше дека јавните критики на Anthropic кон Министерството за одбрана ја оправдуваат забраната. Судијката Лин оцени дека таквиот аргумент е „навистина загрижувачки“, предупредувајќи дека би можел да создаде преседан за одмазда кон федерални добавувачи што не се согласуваат со администрацијата.

Пентагон дополнително тврдеше дека Anthropic би можел да ги измени или оневозможи своите модели за вештачка интелигенција за време на воени операции. Судијката посочи дека не гледа докази што би ја потврдиле таквата можност.

— реклама —

Сослушувањето е дел од една од двете тужби што Anthropic ги поднесе против Министерството за одбрана во март, оспорувајќи ја забраната и означувањето на компанијата како ризик. Судијката сега одлучува дали привремената блокада на забраната, донесена во март, ќе стане трајна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryt4a022nboc6i9oBv1BJ

Венс ги смирува Американците по гласините за 90-дневен прекин на струјата: Нема причина за паника

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryukt29lv5lpm41zr2p4K

Одборот на Трамп предупредува на неуспех на примирјето: Газа ја очекува уште една зима во шатори и урнатини

Свет | пред 3 дена

media-libraryvrde277rr2p394ARYwI

Прекин во безбедносната комуникациска мрежа на НСА, засега нема докази за кибернапад

Свет | пред 4 дена

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

(Видео) Трамп: Путин би можел да биде многу построг кон Украина

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања