Промени тема
Контакт

Мурковски: Зборува за Гренланд како да е недвижен имот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-libraryan290gq5sfabai9oyUN

Американската републиканска сенаторка Лиза Мурковски јавно го критикуваше предлогот на претседателот Доналд Трамп САД да преземат контрола над Гренланд, оценувајќи го како навреда за тамошниот народ. Мурковски истакна дека во изјавите на Трамп не се признавало постоењето на локалното население и дека судбината на оваа данска автономна територија треба да ја одредуваат неговите жители.

— реклама —
— реклама —

„Познавам Гренландци и имам пријатели таму. Денес длабоко размислував за нив. Во Трамповите зборови нема никакво признавање дека на Гренланд живеат луѓе“, изјави Мурковски за CNN. Таа додаде дека иако се согласува дека територијата е стратешки важна, опишувањето на Гренланд како „комад мраз“ го омаловажува животот на автохтоните заедници што таму живеат.

— реклама —
— реклама —

Сенаторката истакна дека европските лидери се загрижени поради можните намери на Трамп, особено откако тој закани со воведување на царини кон некои американски сојузници доколку не ја поддржат неговата стратегија за Гренланд.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп: Кој ќе победи во вештачката интелигенција – победува, дата центрите не смеат да заминат во Кина

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

„Политико“: Трамп ја притисна Европа со забрана за извоз на дизел – Г7 на крајот ослободи 100 милиони барели

Свет | пред 7 часа

media-libraryk4nadu57qd766WQsJUI

Трамп: Одлично се согласувам со Ким, кога некој има 112 нуклеарни ракети добро е да сте во добри односи

Свет | пред 7 часа

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го објави бројот на сенаторот кој се спротивстави на укинувањето на промената на часовникот

Свет | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања