Промени тема
Контакт

Шпанија одби да се приклучи на „Одборот за мир“ на Трамп поради мандатот и изоставувањето на Палестина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Шпанија нема да се приклучи на „Одборот за мир“ инициран од американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти шпанскиот премиер Педро Санчез, наведувајќи загриженост околу мандатот на телото и фактот што во него не е вклучена палестинската страна. Изјавата следуваше по неформалниот состанок на лидерите на Европската Унија во Брисел.

— реклама —

Санчес истакна дека одборот е надвор од рамките на Обединетите нации и дека во неговата структура не е опфатена Палестинската управа.

— реклама —

„За иднината на Газа треба да одлучуваат Палестинците“, изјави тој, додавајќи дека мирниот и безбеден соживот со Израел мора да се обликува преку дијалог меѓу Израел и Палестина, заснован на решение со две држави, непречен влез на хуманитарна помош и гаранции за траен мир.

Шпанскиот премиер нагласи дека Мадрид го цени упатениот повик, но го одбил од причини на доследност во надворешната политика, која, како што рече, се темели на меѓународното право и мултилатералните институции. Тој додаде дека Шпанија ќе продолжи да работи на мировниот процес заедно со европските партнери и меѓународната заедница.

— реклама —

Досега, повеќе од 20 држави се согласија да се приклучат на одборот, меѓу кои Турција, Египет, Катар, Саудиска Арабија, Израел, Аргентина, Унгарија, Пакистан, Виетнам и Албанија. Поканата ја одбија Франција и Норвешка, додека Трамп ја повлече претходно упатената покана до Канада.

Претседателот на Европски совет изјави дека европските лидери имаат сериозни сомнежи околу повеќе елементи од повелбата на одборот, вклучително и неговиот опсег, начинот на управување и усогласеноста со Повелбата на Обединетите нации. Иако иницијативата првично била замислена како тело за надзор на прекинот на огнот и обновата на Газа, повелбата го проширува мандатот и на градење мир во сите подрачја погодени од конфликти или изложени на ризик од нив.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2025-08-15-at-22.11.22

Кремљ откри детали од разговорот меѓу Путин и Трамп: „Никој не сакаше прв да ја спушти слушалката“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
Dmitry-Medvedev-2016

Медведев: Изјавите на Трамп нема да ѝ донесат победа на Русија

Свет | пред 1 ден

media-library113jvr83mdmb3nKnAch

(Видео) По ураганот кој ги погоди Флорида и Алабама, властите предупредуваат на нова опасност

Свет | пред 2 дена

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

„Смртната казна е неприфатлива“: Папата Лав со порака по најавата на Пентагон

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања