Промени тема
Контакт

Трамп се исмејува на климатските промени за време на студен бран во САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги исмеа климатските промени, овој пат поради силниот студен бран што ја зафати поголемиот дел од САД. На својот профил на Truth Social напиша дека се очекува „рекорден студ во 40 сојузни држави“ и иронично праша што се случило со глобалното затоплување.

— реклама —
media-libraryhlolenm0vncf3LyyKhz

Научниците појаснуваат дека климатските промени не значат постојано затоплување, туку појава на екстремни временски услови, вклучувајќи и интензивни топлотни бранови и силни студени продори. Загревањето на Арктикот ја слабее разликата во температурата помеѓу северот и југот, што го нарушува протокот на струјата на ветровите и овозможува студен арктички воздух да се спушти кон југот, вклучително и САД.

— реклама —

Институции како NASA и NOAA веќе предупредуваат дека глобалното затоплување може да го зголеми ризикот од екстремни зимски температури во умерените географски ширини. Според извештаите на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC), студените екстреми не се исклучени, туку можат да бидат и поинтензивни.

— реклама —

Студиите објавени во научни списанија како Nature и Science ја поврзуваат слабоста на поларната циркулација со почестите продори на студен воздух во Северна Америка и Европа. Тоа значи дека студените бранови како сегашниот не ги негираат климатските промени, туку се еден од сценаријата што научниците ги предвиделе.

— реклама —

Трамп, со својата иронична објава, го игнорира токму она што науката го предвидува – дека светот станува се повеќе нестабилен и подложен на екстреми.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk4nadu57qd766WQsJUI

Трамп: „Знам повеќе за сè од кој било човек во светот“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп формира нова работна група за вештачка интелигенција

Свет | пред 1 ден

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп назначи специјален пратеник за прашања поврзани со затвореници

Свет | пред 1 ден

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп: Кој ќе победи во вештачката интелигенција – победува, дата центрите не смеат да заминат во Кина

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања