Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ТРАМП

Нема фотографија

Трамп беше прогласен за виновен: 24 часа подоцна доби повеќе од 50 милиони долари во донации

Менаџерите на кампањата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп објавија дека се собрани повеќе од 50 милиони долари донации во првите 24 часа откако тој беше прогласен за виновен за фалсификување документи.„Тоа се повеќе од два милиони долари на час“, се вели во извештајот.„Во минутите по објавувањето на пресудата, нашиот систем за донации беше преплавен со поддршка, и покрај неколкуте прекини поради големиот сообраќај, претседателот Трамп успеа да собере 34,8 долари од мали донации“, изјавија утрово менаџерите на кампањата Крис Ла Сивита и Сузи Вајлс.До вчера вечерта таа сума порасна на 52,8 милиони долари, пренесува агенцијата Франс прес. Така, веќе утрово тоа беше двојно повеќе од вообичаениот дневен приход на WinRed, републиканската платформа за донации. Околу 30 отсто од нив се од нови донатори.Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, републикански кандидат за ноемвриските избори, во четвртокот беше прогласен за виновен за фалсификување документи за да се прикрие молчењето на порно ѕвездата Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година.Поротата во Њујорк го прогласи Трамп за виновен по сите 34 точки од обвинението, што го прави првиот американски претседател кој е осуден за кривично дело. Тој се соочува со максимална казна од четири години затвор, иако другите осудени за такви злосторства често добиваат помали парични казни или условни казни.

Свет | пред 1 година

Tramp-5-696x464

Историска пресуда: Трамп прогласен за виновен по сите точки од обвинението

Во првиот кривичен процес против републиканецот Доналд Трамп, поротата одлучи дека поранешниот американски претседател е виновен по 34 точки од обвинението за аферата со порно ѕвездата Сторми Даниелс.Трамп беше осуден за фалсификување деловни книги како дел од обидот да се сокрие исплата од 130.000 долари за Сторми Даниелс во замена за нејзиниот молк за наводната афера пред претседателските избори во 2016 година.Трамп цело време гледаше напред, освен моментот кога поротниците ја читаа пресудата. Потоа ги погледна поротниците кои ја читаа пресудата.Со оваа пресуда Трамп стана првиот поранешен претседател на САД кој е осуден за кривично дело.По пресудата Трамп одржа говор во кој рече дека се работи за монтиран процес, и дека Бајден на овој начин се обидува да го дискредитира.Тој вели дека судијата не бил непристрасен, и дека тоа е срамно судење. Тој најави дека ќе продолжи да се бори. „Оваа земја отиде во пеколот“, рече тој.„Ова не е ни приближно завршено“, рече Трамп додека ја напушташе судницата.Мајкл Коен, поранешниот адвокат на Трамп, кој наводно се исплатил на Даниелс, претходно пред судот изјави дека го информирал својот клиент за исплатата. Адвокатите на Трамп го претставија Коен како осуден криминалец и лажго, потсетувајќи се на неговото време во затвор за даночна измама и лажење на Конгресот.Приказната на Коен во голема мера се совпаѓа со сведочењето на Даниелс и Дејвид Пекер, уредник на таблоид кој рече дека соработувал со Трамп и Коен за да го спречи негативното покривање на Трамп за време на републиканската трка за Белата куќа.Судијата Хуан Мерчан од њујоршкиот суд подоцна ќе ја одреди казната, а пресудата е закажанa за 11 јули. На Трамп му се заканува максимална казна од четири години затвор, иако оние кои се осудени за такви злосторства често добиваат пократки казни, парични казни или условна казна.Со оваа пресуда, САД навлегуваат во непозната територија пред изборите на 5 ноември, кога Трамп, републиканскиот кандидат, ќе се соочи со актуелниот претседател, демократот Џо Бајден.Анкетите покажуваат дека Трамп и Бајден се во тесна трка, а истражувањето на Ројтерс/Ипсос покажа дека пресудата за Трамп може да го чини поддршка меѓу независните и републиканските гласачи.

Свет | пред 1 година

Tramp

Историска пресуда во САД: Доналд Трамп прогласен за виновен

Поротата на Окружниот суд во Менхетен донесе пресуда и го прогласи поранешниот американски претседател Доналд Трамп за виновен по дури 34 точки од кривичната постапка за прикривање пари.Поротата од 12 членови расправаше дали Трамп е виновен за 34 точки од обвинението за фалсификување деловни документи поврзани со наводното прикривање на тајните плаќања на ѕвездата од филмовите за возрасни Сторми Даниелс.Трамп се изјасни за невин по обвиненијата во овој случај и негира дека имал афера со Даниелс, пренесува CNN.Обвинителите поминаа неколку недели обидувајќи се да докажат дека Трамп свесно му плаќал на својот поранешен адвокат Мајкл Коен на месечни рати од 35.000 долари за да му врати 130.000 долари наменети да го спречат Даниелс да излезе во јавноста со наводите за афера со Трамп непосредно пред денот на изборите во 2016 година.Трамп рече дека не знае ништо за враќањето на Коен и ја негира наводната сексуална врска со Сторми Даниелс.Обвинителот Џошуа Стеинглас ги повика поротниците во завршните зборови да ги разгледаат пошироките импликации од задржувањето на информациите од страна на Трамп, како што е влијанието врз изборниот процес преку контролирање на информациите што стигнуваат до гласачите.Ако Трамп биде прогласен за виновен, тоа нема да го спречи да ја продолжи својата изборна кампања или да ја преземе функцијата претседател доколку победи на изборите, пренесува Voice of America.Според анкетите, постои тесна трка меѓу Трамп и актуелниот претседател Џозеф Бајден. Анкетата на Ројтерс/Ипсос, сепак, покажува дека Трамп би можел да ја изгуби поддршката доколку биде прогласен за виновен.Трамп може да се соочи со четири години затвор доколку биде прогласен за виновен, но оние кои се осудени за истите прекршоци обично се казнуваат со парична казна или условно.Против поранешниот претседател се поднесени уште три обвиненија, но тие судења не се очекува да се одржат пред ноемвриските избори. Трамп се изјасни за невин и во тие случаи.

Свет | пред 1 година

Tramp

Завршни зборови во судењето на Трамп, поротата наскоро ќе одлучува

На судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп беа изнесени завршни зборови во случајот со фалсификување деловни документи за да се прикрие исплатата на 130.000 долари на порно актерката Сторми Даниелс, за таа да не зборува јавно за нивната афера за време на изборната кампања во 2016 година.Како што пренесува Гласот на Америка, 12 поротници ќе треба едногласно да одлучуваат за овој случај, зад затворени врати, дали Трамп го прекршил законот или не. Во завршните зборови, обвинителот Џошуа Стеинглас ги повика поротниците да ги разгледаат пошироките импликации од задржувањето на информации од страна на Трамп, како што е влијанието врз изборниот процес преку контролирање на информациите што стигнуваат до гласачите.„Шемата што ја смислија овие луѓе можеше да биде причината зошто Трамп победи на изборите“, рече Стеинглас.Поротниците можат да размислуваат без ограничување по завршните зборови, имајќи ги предвид 34-те точки од обвинението против Трамп, но доколку не постигнат консензус по неколку дена, случајот може да се искомплицира. Во тој случај, бранителите можат да побараат ново судење, кое судијата може да го одобри, но тој веројатно претходно би ги повикал поротниците на консултација за да ги советува да продолжат да размислуваат додека не донесат одлука.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Ники Хејли ќе гласа за Трамп на изборите во САД

Поранешната републиканска кандидатка за претседателска номинација во САД, Ники Хејли, најави дека на претседателските избори во ноември ќе гласа за Доналд Трамп, кој и беше ривал на првичните партиски избори.Таа, исто така, посочи дека Трамп мора да работи за да ги придобие нејзините гласачи, пренесува Voice of America.„Ќе гласам за Трамп. Но, јас стојам на она што го кажав кога се повлеков од прелиминарната трка - Трамп треба да допре до луѓето кои гласаа за мене, а не само да претпоставува дека ќе гласаат за него сега. И јас искрено се надевам дека тие ќе го направат тоа“, рече Хејли во Институтот Хадсон во Вашингтон.Тоа беше и нејзино прво појавување во јавноста откако ја напушти трката за претседателска номинација во Републиканската партија и прва јавна поддршка што му ја даде на Трамп.Хејли, која беше амбасадор на САД во ОН во администрацијата на Трамп, се повлече од трката пред два месеци, но потоа не го поддржа Трамп, туку го обвини дека создава хаос, дека не соработува со меѓународните сојузници и се прашуваше дали на 77 години можеше да биде претседател.Трамп, од друга страна, често ја критикуваше или навредуваше Хејли, дури и ја нарече „пилешки мозок“, пишува Гласот на Америка.

Свет | пред 1 година

bajden-tramp

Поддршката за Бајден е најниска во последните две години, Трамп има предност во клучните држави

Поддршката за американскиот претседател Џо Бајден падна на најниско ниво во речиси две години овој месец, што одговара на најнискиот процент од неговиот мандат, покажа денеска објавената анкета на Ројтерс-Ипсос.Истражувањето покажа дека само 36 отсто од Американците го одобруваат настапот на Бајден, што е намалување од 38 отсто во април.Ова е враќање на најниското ниво на поддршка за демократски претседател во јули 2022 година, половина година пред Бајден да се соочи со републиканскиот кандидат Доналд Трамп на изборите на 5 ноември.Поранешниот претседател Трамп има мала предност пред актуелниот претседател во клучните држави за кои се верува дека ќе го одредат победникот.Друга анкета на Ројтерс и Ипсос, исто така, покажа дека многу демократи не се согласуваат со одговорот на Бајден на израелската офанзива на Појасот Газа, што дополнително ги загрозува неговите изгледи на ноемвриските избори.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Инцидент на аеродромот во Флорида: Авионот на Трамп удри во паркиран авион

Крилото на авионот во сопственост на поранешниот американски претседател Доналд Трамп удрил во паркиран авион на аеродромот во Флорида откако безбедно слетал и таксилизирал рано наутро во неделата, соопшти американската Федерална управа за авијација (ФАА).Не е познато дали Трамп, кој во саботата одржа предизборен митинг во Вилдвуд, Њу Џерси, бил во својот Боинг 757 кога се случил инцидентот.Крилото на авионот на Трамп удрило во задниот дел на паркиран авион Виста во Вест Палм Бич, Флорида.Во судирот нема повредени, јавува CNBC.

Магазин | пред 1 година

bajden-tramp

„Ракавиците се извадени, тој е будала“: Трамп жестоко го навреди Бајден на предизборен митинг

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во саботата одржа митинг во одморалиштето Вилдвуд на брегот на Њу Џерси, каде го обвини претседателот Џозеф Бајден за кривичните пријави со кои се соочува пред претседателските избори во ноември.На митинг пред десетици илјади луѓе, Трамп го окарактеризира Бајден како „тотален морон“, а правните постапки против него како политички мотивирани и темпирани да му наштетат на неговата способност да води кампања, пренесува АП.„Тој е будала. Тој не е паметен човек. Сега зборувам за него поинаку, бидејќи ракавиците се симнати“, рече Трамп за Бајден.На Трамп на сцената му се придружија, меѓу другите, гувернерот на Северна Дакота Даг Бургум и легендарниот НФЛ играч Лоренс Тејлор, регистриран сексуален престапник. Митингот на плажата Вајлдвуд, опишан од конгресменот Џеф Ван Дру, Р-Њу Џерси, како најголем политички собир во историјата на државата, беше дизајниран како демонстрација на сила во клучен момент за Трамп, кој се соочува со десетици обвиненија за сериозни злосторства во четири одделни судски постапки, наведува американската агенција.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Судењето на Трамп одложено поради тајни документи, не се знае кога ќе продолжи

Федералниот суд во Флорида го одложи, без да одреди датум за продолжување, почетокот на судскиот процес против поранешниот американски претседател Доналд Трамп, инициран поради несовесно постапување со доверливи документи. Тоа е едно од четирите процеси што се водат против Трамп, а требаше да започне на 20 мај, но федералниот суд оцени дека тој рок е неодржлив поради бројните претходни претставки поднесени до судот.Ајлин Кенон, судијката назначена од поранешниот претседател, не одреди нов датум. На републиканскиот претседателски кандидат во моментов му се суди во Њујорк за сомнителни исплати пред претседателските избори во 2016 година.Во судскиот процес против него во Флорида, Трамп е обвинет, заедно со двајца лични секретари, дека однеле доверливи документи во приватна резиденција во Мар-а-Лаго по напуштањето на Белата куќа во јануари 2021 година.Според обвинението, Трамп со чувањето на овие документи ја загрозил националната безбедност. Меѓу нив имало и воени планови како и информации за нуклеарно оружје, кое во согласност со законот требало да го врати во Националниот архив.Тој беше обвинет и за обид за уништување докази. Најсериозните обвиненија може да му донесат затворска казна од десет години. Неговите адвокати направија се за да се одложи судењето.Доколку биде реизбран и по неговата инаугурација во јануари 2025 година, на Трамп би можело да му се нареди да се откаже од два федерални случаи против него: овој во Флорида и еден во Вашингтон под обвинение дека се обидел незаконски да ги поништи резултатите од претседателските избори на кои Бајден победи.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-04-28-at-10.52.51

Бајден за Трамп: Јас сум возрасен маж и се кандидирам против шестгодишно дете

Американскиот претседател Џозеф Бајден (81) ја искористи традиционалната гала вечера со новинарите одржана во саботата за да го „провика“ својот републикански ривал Доналд Трамп (77) за незрелост и се пошегува на сметка на сопствената напредна возраст, пренесува Си-Ен-Ен.„Да, возраста е проблем. Јас сум возрасен човек и се натпреварувам против шестгодишно дете“, рече Бајден, кој Трамп го нарече „заспаниот Дон“.Говорејќи пред речиси 3.000 новинари, јавни личности и политичари, Бајден, зборувајќи за Трамп, додаде: „Возраста е единственото нешто што ни е заедничко“. Мојот потпретседател всушност ме поддржува“.Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс претходно изјави дека нема да го поддржи Трамп во трката за освојување на уште еден претседателски мандат.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Трамп повторно ги шокираше украинците

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повторно го испровоцира Киев.Имено, тој во разговорите со европските лидери Украина ја нарече „дел од Русија“, пишува „Волстрит журнал“ повикувајќи се на свои извори.Како претседател на САД, Трамп, исто така, постојано ја критикуваше Украина како „корумпирана“ земја „полна со ужасни луѓе“, според весникот.Светските медиуми пренесуваат и дека Трамп додека бил претседател верувал дека Украина, а особено Крим треба да биде дел од Русија, пренесуваат руските портали за Новости.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Судењето на Трамп продолжува со нова порота: Тие ќе одлучат дали Трамп е виновен

Денеска на Менхетен започнува кривичното судење на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, под обвинение дека фалсификувал документи за исплата на пари на ѕвездата од филм за возрасни.Ова е значаен ден во историјата на Соединетите Држави, бидејќи Трамп е првиот американски претседател, поранешен или сегашен, на кого му се суди кривично. Дополнително, процедурата се води и за време на претседателската трка во 2024 година, во која речиси е извесно дека Трамп ќе биде републиканскиот кандидат, пишува Недељник.Поротата составена од седум мажи и пет жени ќе одлучи дали наводните напори на Трамп да ја скрие врската со ѕвезда од филмови за возрасни за да ја заштити неговата кандидатура во 2016 година биле незаконски. Трамп беше обвинет по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни книги во пролетта 2023 година.Поранешниот адвокат и посредник на Трамп, Мајкл Коен, наводно и дал 130.000 долари на ѕвездата од филмовите за возрасни, Сторми Даниелс, за да ја задржи приказната во тајност. Судијата тврди дека Трамп ја сокрил вистинската природа на плаќањата, опишувајќи ги во деловните записи како легитимни правни трошоци.Случајот Њујорк е само еден од неколкуте кривични случаи со кои се соочува Трамп. Тој се соочува со федерални обвиненија поврзани со немирите на 6 јануари, како и за ракување со доверливи документи во неговиот дом во Мар-а-Лаго. Во Грузија, тој се соочува со обвиненија на државно ниво во врска со наводниот обид за поткопување на резултатите од изборите во 2020 година.Трамп е подготвен да биде републикански претседателски кандидат ова лето. Во анкетите против Бајден, Трамп води со мала разлика и во моментов добро му оди во повеќето клучни држави.Првата недела од судењето на Трамп беше и комична и трагична. За време на четири дена од изборот на поротата, Трамп мораше да ги слуша своите колеги Њујорчани кои ги кажуваат причините зошто тие не можат да бидат фер поротници во неговото судење.

Свет | пред 1 година

GLkwD6SXQAEm7SK

(Видео) Почина момчето кое се самозапали пред судницата каде се одвива судскиот процес против Трамп

Полицијата соопшти, а медиумите пренесоа дека почина човекот кој се самозапали пред судницата во Њујорк каде што се одржува судењето на Доналд Трамп.Максвел Азарело од Св. Аугустин, Флорида, почина во болница.Шефот на њујоршката полиција, изјзви дека маж влегол во паркот Колект Понд, спроти судницата, прво извадил летоци од ранецот и ги фрлил на подот, а потоа се полил со некаква течност и се запалил.Залудни биле обидите на официјалните лица и на минувачите да го спасат човекот.Во исто време, се било подготвено за судењето на Трамп, кое според проценките треба да трае околу шест недели.Трамп бил во судската палата, но си заминал во моментот на инцидентот.Според сознанијата на полицијата, Азарело пристигнал во Њујорк од Флорида минатата недела. Тој немал криминално досие, а неговото семејство во Флорида не знаело дека отпатувал во Њујорк.https://x.com/betzigsandm/status/1781507987758039421?s=54&t=shh_LdnWoPxjNSO2BRBBWg

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судот во Њујорк утврди 12 поротници кои ќе му дадат последен збор за тужбите против поранешниот американски претседател Доналд Трамп за наводно фалсификување на деловната документација во случај на тајни парични исплаќања, на суд во Менхетен.Меѓу 12 -те поротници се наоѓаат седум мажи и пет жени, вели CBS News.Изборот на поротници ќе продолжи денес, бидејќи е неопходно да се изберат уште шест резервни поротници пред да започне судењето.„Имаме порота“, рече судијата Хуан Мерчан откако новите поротнци дале заклетва за „фер и непристрасно“ носење одлуки.Мерчан рече дека судот е на вистинскиот пат да започне судење со воведни изјави од понеделник, 22 април.Обвинението поднесено од обвинителот Алвин Браг, во 34 точки го обвинува Трамп за фалсификување на деловни документи. Ова прво обвинение за против американски претседател.Обвинителството наведува дека Трамп фалсификувал документи, всушност, сакал да го прикрие влијанието врз изборната кампања во 2016 година, т.е. намалување на штетата што ќе резултира од откривање на наводни работи. Трамп ги негираше сите обвиненија и ги оцени како политички мотивирани.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Почнува судењето на Трамп

Во Окружниот суд на Менхетен во Њујорк денеска почнува судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и тоа ќе биде прво судење на американски претседател во историјата.Доналд Трамп е обвинет за фалсификување деловни документи кога и платил на порно актерката Сторми Даниелс, преку својата адвокатка, 130.000 долари за таа да не зборува јавно за нивната наводна афера.Трамп ги отфрли сите обвинувања и ги оцени како политички мотивирани, пишува Гласот на Америка.Обвинението поднесено од обвинителот Алвин Брег го обвинува Трамп за фалсификување деловни документи во 34 точки и е прво кривично обвинение против американски претседател.Обвинителството тврди дека Трамп со фалсификувањето на овие документи всушност сакал да го прикрие своето влијание врз изборната кампања во 2016 година, односно да ја намали штетата што би била предизвикана од обелоденувањето на наводните афери.Според обвинителството, Трамп преку тогашниот адвокат Мајкл Коен и платил 130.000 долари на порно актерката Сторми Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, за таа да не зборува јавно за нивната наводна афера.Трамп ги покажал тие пари во деловните книги како трошоци за адвокат.Адвокатите на Трамп рекле дека тој ги дал парите на Даниелс за да се поштеди себеси, неговата компанија и неговото семејство од јавниот срам, а не за да ја спаси својата кампања.Обвинението беше покренато во март 2023 година, а почетокот на судењето беше закажан за 25 март годинава, но неколкупати беше одложувано бидејќи тимот на Трамп побара повеќе време за собирање дополнителна документација.Процесот треба да започне денеска со избор на 12-члена порота, која ќе одлучи дали Трамп е виновен за обвиненијата, што, како што се оценува, ќе биде голем предизвик за судиите, адвокатите и поротниците, бидејќи се работи за висок профил. историски случај.Бидејќи ја навредил ќерката на судијата, Трамп добил судски налог со кој му забранува јавно да зборува за учесниците во овој процес и нивните семејства.Не е познато дали Трамп ќе присуствува на првото рочиште, но се очекува да се појави пред судот во Њујорк во процесот додека води кампања за претседателските избори во ноември.Неговиот поранешен адвокат и некогашна десна рака, Мајкл Коен, треба да сведочи на судењето, а тој претходно призна дека имал шема да се исплати на Даниелс.Сторми Даниелс, исто така, рече дека очекува да биде повикана да сведочи во ова судење.Поранешниот претседател може да добие казна затвор до четири години за кривично дело фалсификување деловни документи.За Трамп да биде прогласен за виновен, обвинителството мора да докаже дека не само што фалсификувал деловни документи, што би било прекршок, туку дека сакал да прикрие уште едно прекршување на законот, што е кривично дело.Дури и ако Трамп биде прогласен за виновен и оди во затвор, тоа нема формално да го дисквалификува да се кандидира за претседател на 5 ноември, според Гласот на Америка.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања