Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ТРИПУНОВСКИ

media-librarybhdl32kn3bvs4zYE8mu

Николовски: Трипуновски наместо да ја дефокусира јавноста да си поднесе оставка за скандалот со ИПАРД

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, во интервјуто за емисијата „Аргумент +“ на ТВ 24, посочи дека актуелниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски по скандалот со ИПАРД програмата, нема кредибилитет да ја врши функцијата и треба да си поднесе оставка.„Трипуновски, сака да ја дефокусира јавноста и да ја избегне одговорноста и оставката која, што  впрочем и  мора да ја поднесе, заради тоа што нема кредибелитет да ја врши функцијата, заради тоа што се обиде да го скрие целокопниот случај. Прво велеше дека нема опасност за ИПАРД фондовите, и   кога објавивме дека има одлука за суспендирање, мораше да ја потврди. Грам грижа не покажа за сите оние земјоделци кои што набавуваат механизација, оние кои што градат, кои што земале кредити, кои што ги користат овие средства. Тој со денови, молчеше или прикриваше одредени работи, велеше дека нема врска со Платежната агенција, па излезе дека негов близок соработник меѓу опфатените опфатените“, рече Николовски.Николовски во интервјуто посочи дека и Европската комисија во извешрајот укажува на слабостите во Платежната агенција.„Европската комисија точно потенцира во поглавјето 11 кластер 5, во делот на земјоделство, конкретно во делот за ИПАРД дека се потребни антикорупциски мерки, нешто што за прв пат е нотирано. Тоа беше доволен аларм, но за жал се случи тоа за што алармирав повеќе пати и од собраниската говорница - сега штетите се големи“, рече Николовски.Тој додаде дека во моментов поради скандалот со ИПАРД под суспензија се 130 милиони евра кои не може да користат, односно тоа се  453 договори, од кои што 180 договори се во тек на реализација.„Луѓето ги очекуваат парите, влегле во инвестиции, тоа се многу хотели, фарми, објекти, преработувачки капацитети, мали бизниси во руралните средини, за кои што видовме дека воопшто нема загриженост, како што видовме министерот Трипуновски рече дека  воопшто не биле битни бројките.  Ако земеме во предвид дека сите овие проекти се реализираат од многу компании, подинвеститори, добавувачи - штетите и последиците од овој корупциски скандал во кој што се наоѓа државата, Платежната агенција, се огромни“, рече Николовски.Во интервјуто Николовски посочи дека втор пат кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт се случува суспензија на средствата од ИПАРД и додаде дека како претседател собраниската комисија, стои на располагање на помогне со  конкретни акциски планови, да не се повтори ИПАРД 1 кога беа тотално изгубени парите и имаше најниска реализација на ИПАРД.

Македонија | пред 4 месеци

media-library9uqc52o0ngto6FRgp9h

Трипуновски: Брисел ја поздрави одлуката на Владата за расчистување на случајот со Платежната агенција

Опозицијата да не шпекулира, само 50-тина договори кои што се во фаза на реализација, се стопирани„Стопирањето на процедурите е од наша страна, по проверката на целиот процес во Агенцијата со ИПАРД средствата ќе продолжи да се реализира“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во „Тема на денот“ на Сител телевизија.Трипуновски ги отфрли обвинувањата од страна на опозициската СДСМ дека ЕУ ги суспендирала срдствата за ИПАРД.„Она што го шири опозицијата дека ИПАРД средствата ќе се стопираат, ќе се изгубат средствата, итн., тоа не е точно“, нагласи министерот.Министерот Трипуновски посочи дека само македонските институции проверуваат што се случувало во Платежната агенција.„Инаку за информација на гледачите, ИПАРД 3 програмата е за периодот од 2021 -2027 година, на располагање ни се ставени 128 милиони евра кои што се поделени тековно по секоја година за реализација. Она што од ИПАРД 3 програмата е изреализирано, се склучени 453 договори кои што веќе се во некоја завршна фаза, само 50-тина договори се во фаза на реализација и само тие договори во моментов се на проверката стопирани“, појасни тој.„По проверката ќе го известиме Брисел и Агенцијата ќе продолжи со тековни активности, деновиве ќе назначиме и нов директор на Агенцијата“, најави министерот.Министерот Трипуновски при своеото гостување додаде – „Јас како министер во моментов единствен приоритет ми е работата согласно закон, решавање на проблемите кои што ги наследивме од претходната власт, да го подобриме аграрниот сектор како еден од столбовите во нашата економија и секоја една комуникација со било кој еден директор кој што бил од областа на земјоделството е во таа насока. Но, секој кој што ќе се огреши пред законот, треба да одговара“.

Македонија | пред 4 месеци

Cvetan-Tripunovski

Трипуновски: Засилени контроли од инспекторите и нулта толеранција за нерегуларности при откупот на грозје

„Државниот инспекторат за земјоделство прави засилени контроли и тоа пред да започне откупот, во делот на калибрација на вагите, во делот на другите услови дали се исполнети, се со цел да се спречат нерегуларности при откупот на грозје”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во Дневникот на КТВ Телевизија, Кавадарци.„Можам да ви кажам дека годишните одмори на инспекторите во периодот на откупот на грозје се стопирани за да бидат присутни на терен и да го набљудуваат откупниот процес”, појасни министерот.Тој посочи дека нема да има отстапки. Се работи за да се почитуваат сите правила при откуп на грозјето. Во своето гостување министерот додаде дека во изработка е и Законот за жестоки пијалоци.„Формирана е работна група која ќе треба да се произнесе со Закон за жестоки пијалоци, кој ќе ги затвори прашањата кои се актуелни низ годините наназад”, истакна министерот Трипуновски.Министерот, говорејќи за Законот за жестоки пијалоци, посочи дека ќе има и измени во Законот за вино. Измените кои се прават во Законот за вино ќе бидат прифатливи и за лозарите и за винарските визби.„Не сакаме да донесеме закон на брза лента кој ќе донесе само комплицирање на процесите. Она што ќе го донесеме ќе биде решавање на проблемите кои од минатото се наследени, т.е. ставање на крај на сите отворени прашања”, посочи тој.

Македонија | пред 7 месеци

Cvetan-Tripunovski-25.12

Трипуновски: За два дена се изврши исплата од над 1,7 милијарди денари на околу 78.000 земјоделци за тековната 2024

Министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски на денешната прес-конференција потсети дека во изминатиот период Владата на Република Македонија со ребалансот обезбедила над 1.250.000.000 денари со цел да се исплатат заостанатите обврски кон македонските земјоделци.„Работевме напорно, изминатите 6 месеци и ги исплативме сите заостанати обврски од претходните години во висина од над 2,5 милијарди денари.А, претходните два дена исплаќавме субвенции за тековната 2024 година- Над 294 милиони денари кон 4.533 производители за кравјо, овчо и козјо млеко се исплатени субвенциите за првите 6 месеци од тековната 2024 година.- Околу 83 милиони денари кон 10.727 македонски земјоделци е исплатена мерката 1.4 Директни плаќања за обработлива земјоделска површина.- Над 392 милиони денари кон 23.626 земјоделци за мерката 1.1. Директни плаќања за обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури.- Над 233 милиони денари денари кон 9.172 македонски земјоделци за мерката 1.2 Дополнителни директни плаќања за подмерка 1.1 за употреба на сертифициран семенски материјал.- Околу 118 милиони денари кон 8.729 земјоделци за мерката 1.8 односно Директни плаќања за обработливa земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади.- 146 милиони денари кон 13.412 земјоделци, корисници на мерката 1.11 Директни плаќања за обработливa земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади.- Околу 417 милиони денари кон 8.680 македонски земјоделци за сточарско производство од Програмата за 2024 година.- И за останати мерки“, кажа Трипуновски.„За изминатите два дена се исплатени над 1,7 милијарда денари кон 78.000 македонски земјоделци за тековната 2024 година.Во минатото сервисирањето на тековните субвенции кон нашите земјоделци беше мисловна именка, денеска тоа е реалност.За изминативе 6 месеци од кога е формирана Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ исплатени се над 4,3 милијарди денари кон македонските земјоделци.Бројките и делата говорат дека не пишуваме политички флоскули, ниту пак кажуваме лажни ветувања, напротив нашиот збор и нашето ветување кон земјоделците денеска е реалност.Секој еден граѓанин кој што решил да се занимава со земјоделство заслужува навремена и тековна исплата на финансиската поддршка.Земјоделците овојпат имаат вистински партнер во Владата и во Министерството каде што заедно ќе креираме нови мерки за наредната 2025 година, нови политики со цел да го вратиме македонското земјоделство на пиедесталот во нашата држава“, додаде министерот.

Македонија | пред 1 година

tripunovski-crnagora

Министерот Трипуновски во Црна Гора потпиша Протокол за соработка со министерот Јоковиќ

Денеска во Црна Гора министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со Владимир Јоковиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство потпишаа Протокол за научна, техничка и економска соработка во областа на земјоделство помеѓу министерствата.Согласно потпишаниот Протокол двете земји во областа на земјоделството (градинарството, сточарството, овоштарство, лозарство и заштита на растенија), руралниот развој, ветеринарство, безбедноста на храна, прехрамбената индустрија, водостопанството и шумарството ќе овозможат:- Размена на научни и технички информации и документација;- Размена на резултати од истражувањата публикувани и верификувани од страна на овластените институции, како и воспоставување дирекни заеднички активности на споменатите институции;- Размена на генетски и биолошки материјал од областа на растителното производство и сточарство;- Размена на искуства во земјоделската политика, надворешно - трговската размена, специфични мерки на поттикнување и заштита на производството, земјоделството и извозот на земјоделски производи;- Поддршка и заеднички ангажман во креирањето, пронаоѓањето на средства за финансирање и реализација на регионални проекти;- Развој на организации на производители и здруженија на земјоделците;- Развој на советодавните служби и итн.За период од еден месец по потпишувањето на Протоколот, ќе се формира заедничка Работна група, со задача континуирано да ја следи и поттикнува реализацијата на соработката.На првата седница членовите од Работната група ќе одлучат за планот на активности во врска со договорените области на соработка.Работната група ќе одржува редовни седници најмалку два пати годишно наизменично во двете земји.Соработката помеѓу двете земји во областа на земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се продлабочува во наредниот период.

Македонија | пред 1 година

Cvetan-Tripunovski-13.11

Трипуновски: Наменски огласи, редовни субвенции за сточарите, се мал дел на мерки со кои што сточарството во Македонија ќе се врати

„Македонија денеска има преку 100.000 крави помалку од тоа што некогаш имала. И тоа е поради тоа што велам дека имаме погрешно менаџирање изминатиот период“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во вчерашното гостување во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24.„За литар млеко предадено во откупен и преработувачки капацитет, задоцнувањето беше 18 месеци неисплатени субвенции. А, ние досега исплативме скоро за една година. Веќе наредниот период се подготвуваме и нови заостанати субвенции да исплатиме. И се со една цел да дојдеме до нула и да покажеме дека државата навистина се грижи за земјоделците“, појасни тој.Министерот Трипуновски посочи дека треба да се размислува и на зголемување на сточарскиот фонд.„Зголемувањето на сточарскиот фонд како ќе го постигнеме? Тоа не е едноставно мора да се нагласи. Потребни се наменски огласи за земјоделско земјиште за сточарите, секој кој што ќе сака да се занимава со сточарство или да го зголеми стадото мора да има земјиште. Инаку рентабилноста е на нула, или во тешка загуба, и тогаш немаме предвидливост на производството“, заклучи министерот.„Наменски огласи, навремени субвенции, враќање во делот на категориите за субвенции како што е за женско теле кое што досега беа исклучени. Затоа што ако не го стимулирате некој да го остави подмладокот од кравата за да биде возрасна единка, немаме проширување на стадото“, појасни тој.Министерот додаде дека потребно е и подржување на мерката за набавка на квалитетен генетски потенцијал во делот на сточарството за да се има зголемена продукција по адаптација.„Тоа се сет на работи со кои што сакаме да дојдеме до ситуација кога во македонските маркети полиците ќе бидат исполнети со македонско млеко“, истакна тој.

Македонија | пред 1 година

tripunovski-vlada

Трипуновски: Младите земјоделци се во фокусот на Министерството

Утринава министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски гостуваше во утринската емисија на радио „Лидер“ каде што посочи дека младите земјоделци се во фокусот на Министерството. Според него секој кој што во семејството како нов член, како нов помладок сака да продолжи со земјоделство потребно е да ги следи светските трендови, да го модернизира сопственото производство или производството кој што го имал неговиот родител.„Значи тоа треба да биде со примена на нови технологии. Но тоа да биде во рамките на она што значи земјоделско производство“, појасни министерот Трипуновски.Тој додаде дека се прекинува ланецот затоа што нема рентабилност.„Да сега ќе ги убедиме младите да опстојат во секторот, ќе дадеме дополнителен стимул, ќе дадеме надеж, ќе вратиме доверба во системот, меѓутоа треба и тие млади што ќе продолжат, треба да ги следат светските трендови“, заклучи министерот.Министерот Трипуновски посочи дека во делот на образованието во земјоделскиот сектор, оваа е прва студиска година каде што на Земјоделскиот факултет се отвори нова студиска насока за Дигитално земјоделство. Тоа е комбинација помеѓу земјоделско производство и модерна технологија се со цел олеснување на процесите.„Во делот на земјоделското производство апелирам да се пристапи сериозно, образованието да биде основа за производство. Мора да го вратиме земјоделството како гранка, како професија, како дејност што има иднина“, заклучи тој.

Македонија | пред 1 година

tripunovski1-1

Трипуновски: Оваа година се склучени договори за 26.000 тони тутун, опфатени се околу 16.800 земјоделски стопанства

„Денеска заедно со претседателот на Владата, проф. д-р. Христијан Мицкоски сме во посета на Тутунскиот комбинат – Прилеп. Благодарам за топлиот пречек на менаџерскиот тим и посакувам успешна работа во наредниот период“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.„Согласно податоците кои што ги има Министерството преку електронскиот систем за евиденција на тутун ИСЕТ, оваа година се склучени договори за 26.000 тони тутун. Опфатени се околу 16.800 земјоделски стопанства“, појасни министерот.Тој посочи дека согласно проекциите од теренот и комуникацијата со земјоделските здруженија оваа година се очекува над 10% поголема берба од минатогодишната.„Очекуваме дека ќе има одличен квалитет оваа година тутунот, пријавени се 298 пунктови ширум Македонија, односно 305 пријавени ваги кои што ќе функционираат наредниот период. Законскиот рок за почеток на откуп е 15-ти ноември, со оглед на тоа дека паѓа петок, најраниот рок за почеток е 18-ти ноември. А, најдоцна согласно Законот за тутун и тутунски производи е 15-ти декември“, заклучи министерот.

Македонија | пред 1 година

tripunovski-rosoman-2

Трипуновски од Росоман: Подготовките за идната сезона започнаа, нашиот фокус е обновување на системите за наводнување

„Денеска сме во општина Росоман каде што се чисти левиот магистрален канал, според информациите кои што ми ги даде директорот досега се исчистени повеќе од три километри. Со ваквата динамика на работа до почетокот на идната сезона целиот канал во должина од 40 километри ќе биде исчистен“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.Министерот Трипуновски додаде дека на ниво на подружница заклучно со денес се исчистени повеќе од 13 километри каналска мрежа.„Денеска сме овде заедно со директорот на подружницата за да покажеме како навистина се работи. Се со цел да ја дочекаме идната сезона со навремена и доволна количина на вода за да не трпи земјоделството“, појасни министерот.Тој посочи дека Владата и Министерството за наредната година согласно Буџетот ќе даде еден сериозен приоритет во делот на водостопанството на ниво на држава.„Без вода не можеме да размислуваме на земјоделско производство. Поради тоа нашиот фокус ќе биде на работењето и обновување на системите за наводнување на ниво на држава“, нагласи министерот Трипуновски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Трипуновски од Белград: Една од основните цели во водењето на македонската земјоделска политика е искористување на природните ресурси со почитување на начелата за заштита на природата и животната сред...

„Природните богатства, вклучувајќи го земјоделското земјиште, растителниот и животинскиот свет, се уставно дефинирани како добра од општ интерес за државата и уживаат посебна заштита, за што истите се третираат и во поедини Закони, меѓу кои и повеќе Закони во надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на денешната конференција во Белград насловена „Трансформација прехранбених система“.„Се стремиме земјоделските стопанства да го спроведуваат концептот на „зелено“ земјоделство како логичен и природен начин за извршување на земјоделските активности. И истите активности постепено ги прошируваме и прилагодуваме согласно нашето постепено прилагодување кон Заедничката земјоделска политика на ЕУ и „Зелената агенда“ на ЕУ“, нагласи Трипуновски.Тој додаде дека во водењето на македонската земјоделска политика една од основните цели е оптимално искористување на природните ресурси со почитување на начелата за заштита на природата и животната средина. Во овој стратешки период оваа цел е дефинирана како една од основните стратегиски цели: Примена на еколошки практики во производството кои водат кон намалување на влијанието на климатските промени и прилагодување кон истите.„Вака поставената цел треба да обезбеди зајакнување на отпорноста на земјоделскиот сектор кон климатските промени преку примена на нови иновативни практики и секако нови земјоделски системи - регенеративното земјоделство, за што е потребна буџетска поддршка и креирање на повеќе мерки и инструменти, како од националните програми но и од ИПАРД програмата на ЕУ“, истакна министерот Трипуновски.„Да се постигнат овие цели се стимулираат практики кои треба да придонесат кон прилагодување на земјоделството на климатските промени преку мерки со зголемен интензитет на кофинансирање на потребни инвестиции. Инвестициите се насочени кон ублажување и прилагодување кон климатските промени, како што се поддршките за набавка на заштитна опрема (мрежи за засенчување и друга опрема), ефикасни системи за наводнување и рационално користење на водата, поддршка за промена на сортите соодветни на идниот климатски режим, особено за најчувствителните подсектори. Внимание се обраќа и на стимулирање на инвестиции за производство на енергија од одржливи извори на самите земјоделски стопанства и подобрување на нивната енергетската ефикасност“, појасни тој.Министерот посочи дека особено се значајни активностите за поддршка на земјоделците за примена на еколошки и климатско подобни земјоделски практики, како и обуки за примена на нови земјоделски системи (вклучувајќи го и регенеративното земјоделство), со цел намалување на влијанието од климатските промени.

Македонија | пред 1 година

tripunovski-vlada

(Видео) Трипуновски: 100% посветено работиме земјоделските производи да бидат препознатливи надвор од границите и да го намалиме увозот на храна

„Првиот предизвик со кој што се соочивме беше во делот на земјоделството, исплатата на субвенциите кои што во минатото често кажувавме дека имаме нередовна исплата. И практично тоа се потврди со самото влегување во Министерството. Субвенциите се онаа поддршка која што на земјоделците им е неминовна за да го одржат своето производство и за да го планираат наредното производство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на панел дискусијата 100% посветени за тебе на тема „Мерки и политики за земјоделието, животната средина и локалната самоуправа“.„Со самото доцнење на субвенциите имавме пад на земјоделското производство. Во овие 20 милиони евра кои што се исплатени се опфатени сите категории на земјоделци. Вкупната бројка на која е испорачана оваа сума е на над 20.000 земјоделци. Тука сакам да нотирам дека наредниот период продолжуваме со исплатата бидејќи со ребалансот на Буџетот обезбедивме дополнителни средства кои што се исто така за намена за исплата на субвенции спрема земјоделците“, појасни министерот Трипуновски.Трипуновски истакна дека ќе се исплатат сите заостанати субвенции заклучно со 2023-та година и да останат само тековните од 2024-та кои што до крајот на годината и веќе од наредната ќе се сервисираат се со цел субвенциите редовно да бидат исплаќани спрема земјоделците.„Веќе во тек се работат програмите за 2025-та година. Трите клучни програми на Министерството се Програмата за директни плаќања, Програмата за рурален развој и Програмата за водостопанство. Во Програмата за директни плаќања ќе се предвиди намалување на бирократијата која што досега ја имаа земјоделците како обврска, и нормално ќе има фузирање на мерките односно зголемување на сумата на субвенциите кај оние стратешки производи кои што се за нас како држава многу важни. Во делот на Програмата за рурален развој, тука се инвестициите и модернизацијата во земјоделското производство, и оваа програма ќе биде наменета кон оние помали земјоделци кои што ќе треба да ги доведеме во ситуација да ги искористуваат и европските средства кои што ни се на располагање преку ИПАРД програмата. И нормално во оваа Програма ќе има повеќе сегменти на инвестиции од модернизација во делот на механизација, во делот на модерни системи за наводнување, во делот на преработувачки капацитети итн. И со последната Програма за водостопанство планираме да ги вратиме во функција сите системи кои што досега беа запуштени и нефункционални“, нагласи министерот.Тој во текот на панел дискусијата додаде дека со програмите на Министерството Македонија повторно ќе се врати во вистинска смисла на земјоделска држава. Сите статистички податоци говорат дека во минатото повеќе Македонија увезуваше храна.„Нашиот план е пред се да ја вратиме довербата на земјоделците према институциите, према Владата, према Министерството. Затоа што во една таква симбиоза ќе можат да сметаат земјоделците дека имаат партнер со кој што ќе можат да разговараат за креирање на закони, програми, уредби кои што ќе значат искористување на повеќе средства или креирање на мерки кои што се од добробит на земјоделското производство“, рече министерот Трипуновски.Трипуновски истакна дека во изработка на програмите за 2025-та година вклучени се и науката, земјоделските здруженија, Министерството, и чинителите кои што се во секторот.„Работиме да обезбедиме сигурен пласман на земјоделското производство и нормално цени кои што се рентабилни во делот на производството за да можеме да ја зголемиме бројката на земјоделците“, додаде тој.„Во таа насока се изработува и Програмата за саемски настани за 2025-та година, тоа значи промоција на примарни и преработки на земјоделски производи надвор од границите. Нормално како Министерство ќе продолжиме да субвенционираме настани кои што се одржуваат во рамките на нашата држава со цел промоција на квалитетни земјоделски производи. Еве ја користам и приликата да најавам дека на 2-ри ноември ќе организираме една манифестација која што е под мотото „Вкуси ја традицијата“ на која што ќе бидат изложени повеќе од 300 изложувачи на македонски производи, преработки и примарни производи“, нагласи министерот.Тој додаде дека преку манифестациите може да се долови дека Македонија има навистина вкусна и здрава храна која што треба да биде препознатлива и надвор од границите.

Македонија | пред 1 година

slika-1

Трипуновски потпиша договор со ФЗНХ за користење на финансиска поддршка во износ од 12.000.000 денари

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со деканот на Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје, проф. д-р Миле Маркоски потпиша Договор за користење на финансиска поддршка за инвестициони вложувања за воспоставување на научно демонстративни примери – набавка на опрема за лабораториски анализи за квалитет и безбедност на храна во износ од 12.000.000 денари.Финансиската поддршка се доделува во висина од 100% од вредноста на предлогот за воспоставување на научно демонстративни примери – за модернизација на лабораториска инфраструктура за современа научно-истражувачка работа во областа на земјоделските науки – за дел IV – ПРОЕКТНИ ЕЛЕМЕНТИ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ЛАБОРАТОРИСКА ИНФРАСТРУКТУРА точки 1.1, 1.2, 1.3 и 1.4, ВОВЕДУВАЊЕ НА НОВИ МЕТОДИ НА РАБОТА И ПРОШИРУВАЊЕ НА ОПСЕГ НА АКРЕДИТАЦИЈА точки 1.2 и 1.3 и ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА НАУЧНО ИСТРАЖУВАЧКИ АКТИВНОСТИ точка 1.1, 1.2 и 1.3, но не повеќе од 12.000.000 денари со вклучен ДДВ.„Преку модернизација на лабораториска инфраструктура за современа научно-истражувачка работа во областа на земјоделските науки ќе допринесеме за развивање на земјоделието во Македонија. Со вложување во науката Македонија повторно ќе стане земјоделска држава“, истакна министерот Трипуновски.Министерот Трипуновски додаде дека преку модернизација на земјоделието и со добрите предуслови кои Македонија ги поседува, државата може да има квалитетни и безбедни земјоделски производи кои што ќе станат бренд во светот.

Македонија | пред 1 година

tripunovski

Министерот Трипуновски потпиша договор со Управата за хидрометеоролошки работи за користење на финансиска поддршка од 1.000.000 денари

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со директорот на Управа за хидрометеоролошки работи, Игор Лазаровски потпиша Договор за користење на финансиска поддршка за санација на радарски центри и метеоролошки станици за заштита на опремата и подобрување на условите за работа на вработените во износ од 1.000.000 денари. Со се овој износ од еден милион денари, целокупната поддршка на УХМР од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во текот на годината изнесува 13 милиони денари.Финансиската поддршка се доделува во висина од 100% од вредноста за санација на радарски центри и метеоролошки станици за заштита на опремата и подобрување на условите за работа на вработените во висина не повеќе од 1.000.000 денари со вклучен ДДВ.„Целта на овој Договор е санација и модернизација на радарски центри и метеоролошки станици. Само преку редовно информирање може да се предупреди за евентуалните непогоди кои што можат штетно да влијаат врз земјоделието“, појасни министерот Трипуновски.Министерот Трипуновски додаде дека преку активната соработка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со Управата за хидрометеоролошки работи може да допринесе подобрување на метеоролошкиот систем во државата.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Трипуновски: Работиме на враќање на довербата на земјоделците кон институциите бидејќи тоа е клучниот момент зошто се намалува производството во Македонија

„За жал Македонија минатата година има потрошено над една милијарда евра за храна. Она што ние го правиме како стратегија е првин да ја вратиме довербата на земјоделците кон институциите затоа што тоа е клучниот момент зошто се намалува нашето производство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство, и водостопанство, Цветан Трипуновски во интервју за Дневникот на МРТ1.„Работиме на проектирање и враќање во функција на системите за наводнување бидејќи тие се важен сегмент во делот на земјоделското производство. Исто така работиме на креирање на вистински мерки, програми кои што ќе имаат ефект врз земјоделското производство“, појасни министерот Трипуновски.Тој додаде дека субвенциите ќе бидат редовно исплаќани.„Потребно е да почувствуваат земјоделците дека од другата страна имаат партнер со кој што можат да разговараат и да ги надминуваат проблемите“, нагласи министерот.Трипуновски додаде дека ефектите од мерките кои што тој ги планира со својот тим, земјоделците ќе ги почувствуваат во 2025-та година.„Сега на прагот е есенската сеидба на пченицата и на житните култури. И веќе од наредната жетва ќе почувствуваме дека навистина сме помогнале и дека сме креирале мерки кои што ќе дадат ефект врз нашето земјоделско производство. Јас сум убеден дека тоа ќе го постигнеме зашто ги имаме сите квалитетни предуслови почва, вода и сончеви денови, го имаме и вредниот земјоделец кој што чека од другата страна односно од Владата да му помогне да го стимулира она што го произведува“, заклучи тој.Министерот истакна дека има засилени контроли за тоа што влегува во Македонија како храна. Граѓаните треба да јадат безбедна храна.„Јас како министер постојано сум на терен со земјоделците, се со цел да постигнеме што е можно повеќе и да ја вратиме довербата која што беше изгубена изминативе години“, додаде министерот Трипуновски.

Македонија | пред 1 година

Cvetan-Tripunovski-02.10

Трипуновски: Земјоделското земјиште од прва до четврта категорија ќе го заштитиме, нема да има градби кои што ќе значат девастација

„Некако изминативе години повеќе се делеше земјиштето на луѓе кои што се блиски до министер, премиер итн. А, вистинските земјоделци кои што ги среќавав ширум државата молеа за парче земја за да работат и егзиситираат“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при вчерашното гостување во емисијата „Што мисли народот“ на ТВ Стар.Трипуновски додаде дека со формирање на новата Влада се распределија договорите за околу 2.700 ха земјоделска површина.„Паралелно на процесот за да нема злоупотреби, за да нема манипулации во секторот, предложив брза законска измена во Собранието на Република Македонија, тоа е Законот за земјоделско земјиште“, појасни тој.„Со Законот кој што е во процедура, веќе на комисиската расправа помина и се очекува наредниве денови да помине и на Пленарната седница, што ќе значи влегување во сила, со него го заштитуваме земјоделското земјиште. Тоа е нешто што во минатото не беше случај. Знаете дека имаше многу пренамени, се злоупотребуваше, се градеа сериозни површини со фотоволтаици, се градеа хотели итн. Ние со оваа измена земјоделското земјиште од прва до четврта категорија го заштитуваме и нема да дозволиме градби на вакви објекти кои што ќе значат девастација на земјоделското земјиште“, нагласи министерот Трипуновски.Трипуновски посочи дека проектите кои што се од јавен интерес никогаш нема да бидат стопирани, но во најголем дел ќе се стопира злоупотребата на ресурсот почва.„Вториот сегмент кој што е на барање на земјоделците е дека со оваа измена го продолжуваме рокот на владеењето на земјиштето. Знаете дека досега согласно Законот договорите за едногодишни култури беше на 15 години со можност за Анекс. Сега новите договори кои што ќе ги склучуваме ќе бидат со времетраење од 30 години. И ова го бараа земјоделците затоа што едноставно сакаа да имаат превидливост во производството“, истакна тој.Министерот додаде дека во делот на измената која што се подготвува е и Анексите да можат да се прават во пократок рок.Тој истакна дека со тие неколку измени во Законот за земјоделско земјиште се дефинираат неколку пропусти кои што во минатото се случувале, а тоа е злоупотребата на овој ресурс.Министерот најави и дека за 10-тина дена ќе има и нови огласи за земјоделско земјиште и ги повика земјоделците да следат.„Во минатото дадов ветување дека ќе има и посебни огласи за сточарите, тоа е многу важно. Нашето сточарско производство е многу паднато во изминатиот период, производството на месо и на млеко е многу намалено. Затоа ваквите наменски огласи ќе бидат наменети исклучиво за сточарското производство затоа што не можеме да замислиме сточарско производство без сопствена земја“, укажа тој.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања