Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ТРИПУНОВСКИ

Cvetan-Tripunovski-02.10

Трипуновски: За овие 100 дена нема сегмент каде што не се посветивме, работиме напорно во корист на земјоделците

„Она што го наследивме со самото влегување во Владата, во Министерството за земјоделство, е еден тотален хаос, наидовме на едно девастирано министерство, закочени проекти, неисплатени субвенции, уништено водостопанство, неподелени плати за вработените во ЈП Македонски шуми и во АД Водостопанство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при гостување во емисијата „Што мисли народот“ на ТВ Стар.„Во една реченица можам да кажам дека наидовме на едно тотално блокирано министерство поради неработењето на претходната власт“, заклучи тој.Министерот Трипуновски посочи дека во првите 100 дена во Министерството се даде силен фокус да се откочат сите процеси. Затоа приоритет беше исплатата на субвенциите, и на втората седница на Влада се донесе измена на Програмата за директни плаќања и Уредбата, со што се обезбедија околу 600 милиони денари за исплата на заостанати субвенции. Со оваа исплата беа опфатени полјоделците, сточарите, производителите на млеко, лозарите итн.„Со оваа брза интервентна исплата исплативме субвенции спрема 15.000 земјоделци. Оваа помош на земјоделците во делот на неисплатените субвенции продолжи и со ребалансот на Буџетот каде што обезбедивме повеќе од една милијарда денари и тие се за заостанати обврски кон земјоделците“, појасни министерот.„Околу 3.000 вработени беа оставени без здравствено и пензиско осигурување, без месечни примања. На предлог на премиерот обезбедивме 350 милиони денари. И платите за овие вработени беа експресно исплатени, затворивме неколку Јавни повици, склучивме над 967 договори со земјоделци ширум Македонија. За површина е некаде над 2.700 ха, што значи дека веќе го работиме процесот на распределба на земјоделското земјиште“, истакна тој.Тој додаде дека се исплатени над 493 милиони денари во делот на поддршката за мерката за зелена нафта. И исто така министерот најави дека се работи на модификација на оваа мерка бидејќи смета дека не е во полн ефект спрема земјоделците. И од наредната година ќе биде со корегирана сума и ќе биде поддршка која ќе е на задоволство на земјоделците.„Поделивме и над 6 милиони денари за 50-тина манифестации и саеми кои што се одржуваат за промоција на земјоделското производство ширум државата. Дел од нив веќе се спроведуваат, а дел од нив ќе завршат до крајот на годината“, нагласи тој.„Бевме во многу сектори вклучени, и дури се фокусиравме за заштита на нашето најголемо национално богатство, а тоа се македонските шуми. Со впрегнување на сите сили на Шумската полиција се направија десетици акции ширум територија на Република Македонија, во различни делови. Имавме преку 16 успешни акции каде што се заплени голема количина на дрвна маса, на превозни средства, алат за сечење итн.“, појасни министерот Трипуновски.Трипуновски истакна дека се склучија и два договори со два субјекти за порибување на Охридското езеро. Изминативе години немаше порибување на Охридското езеро што се стави под знак прашалник и опстанокот на нашата охридска пастрмка.„Немаше сегмент каде што не се фокусиравме и каде што не дадовме акцент, ги раздвиживме работите каде што беа закочени“, нагласи тој.Министерот посочи дека со одлука на Влада се донесе одлука да се зголеми поддршката на површина за производство на јачмен од 6.000 денари на 12.000 денари. А, за пченицата преку Програмата за интервентен фонд се обезбедија средства и ќе се поделат по 3 денари за килограм предадена пченица во регистрирани откупни центри.

Македонија | пред 1 година

tripunovski

(Видео) Трипуновски: Продолжуваме 100 проценти целосно посветени, одговорно и домаќински да работиме во интерес на сите земјоделци

„100 дена посветено работевме и покажавме дека може и мора да се работи исклучиво во интерес на македонските земјоделци. За жал, на почетокот морам да констатирам дека Министерството беше целосно девастирано, во долгови, неисплатени плати, заостанати субвенции, целосно закочени проекти, но и сериозни сомнежи за криминал од претходното раководство. Со еден збор наследив хаос и тотално безредие“, кажа на денешната прес-конференција, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски по повод 100 дена нова Влада.„Но, изговори не смее да има. Ниту земјоделците, ниту граѓаните не смеат и не се должни да ги слушаат оправдувањата. Нашата обврска е да работиме за подобрување на работите.Ние се обврзавме на целосна трансформација на државата и целосно ресетирање на системот и конечно ставање на институциите во функција на земјоделците.Ова е Влада на земјоделците, и наш приоритет е да покажеме и докажеме дека земјоделците се нашиот партнер и заедно ќе ги креираме сите земјоделски политики.Токму затоа на првите владини седници донесовме одлука за исплата на повеќе од 600 милиони денари за заостанати субвенции од минатото, а во годината која што ќе следи ќе се исплаќаат и заостанатите и ќе продолжиме со редовно сервисирање на тековните субвенции.Проблем со кој се соочивме на самиот почеток беа и заостанатите плати на ЈП Национални шуми, и вработените во АД Водостопанство, каде што имаше неисплатени за 4 месечни плати. И претходната власт ги остави повеќе од 3.000 вработени во овие две институции без животна егзистенција. И затоа со ребалансот на Буџетот се обезбедија 350 милиони денари и истите средства беа префрлени до институциите и платите беа експресно исплатени“, изјави министерот Трипуновски.„100 дена се мал период за да покажеме на земјоделците дека Владата е насочена кон решавање на нивните проблеми. Но за овие 100 дена решивме многу проблеми кои биле наталожени од претходното раководство.И тука нема да застанеме. Се обврзуваме на трансформација и враќање на достоинството на македонските земјоделци. Македонија е земјоделска држава, а земјоделците заслужуваат многу поголем почит и достоинство.Мојот фокус остануваат барањата на земјоделците, како и обезбедување на подобар и поквалитетен живот. Продолжуваме целосно посветени, одговорно и домаќински да работиме во интерес на сите земјоделци, 100 проценти сме посветени за работата кон македонските земјоделци“, додаде министерот Трипуновски.

Македонија | пред 1 година

Tripunovski-24.09.2022

Трипуновски: Македонија домаќин на 18-тиот Годишен работен состанок на министрите за земјоделство, заедно ја подобруваме регионалната соработка

Ми преставува особена чест и огромно задоволство што сум денес домаќин на еден ваков настан како што е 18-тиот Годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа.Овој министерски состанок дава една одлична можност ние како министри меѓусебно да се запознаеме и нормално да размениме мислења, идеи и прашања кои што се од областа на земјоделството, руралниот развој, па и пошироко.Започнуваме со една дискусија во текот на денешниот ден каде што очекувам да произлезе една успешна декларација, која што практично е решение на многу ситуации.Согласно Агендата денеска ќе опфатиме многу важни теми, анализи од повеќе аспекти, додека на крајот од настанот ќе се извлече еден генерален заклучок од дискусиите со што ќе се усвои една Заедничка декларација.Со оваа Декларација ќе ја потврдиме заедничката решеност да се надминат сите билатерални и мултилатерални конфликти поврзани со слободното движење на стоки, услуги, луѓе и капитал поврзани со храната и земјоделството. Сите поврзани прашања ќе се решаваат со добра волја и дух на солидарност, и нормално добрососедски односи.Ќе ја продолжиме регионалната соработка, меѓусебната размена на информации и взаемна помош како регион.Со Декларацијата ќе ја изразиме нашата силна решеност да креираме политики и национални акциски планови за да постигнеме национална и регионална безбедност на храна и стратешка автономија во отворената економија за обезбедување одржливо и конкурентно производство на храна достапна за населението од целиот овој регион.

Македонија | пред 1 година

Tripunovski-24.09.2022

Трипуновски: МЗШВ и ФАО проблемот на над 2.000 земјоделци во Пелагонија го надминуваат со отпочнување на активности за реализација на проектот

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска присуствуваше во рамките на работилницата на проектот поддржан од ФАО.Министерот се заблагодари на сите присутни што се дел од овој настан кој го означува почетокот на иницијатива што е од големо значење за земјоделскиот развој во Пелагонија, кој е еден од најважните земјоделски региони во Македонија.„Денеска заедно со претставниците од ФАО сме во општина Битола, на расправа каде што се поканети и земјоделците, настанот означува отпочнување на проектот за решавање на децениски проблем кој што го имаат преку 2.000 земјоделци од овој регион“, истакна министерот Трипуновски.Тој додаде дека досега земјоделците не беа во можност да го користат земјиштето за земјоделско производство заради сосопственост со државата. Но, со овој проект би се овозможило негово максимално користење.„Министерството и ФАО ќе ги спроведат потребните активности за забрзано решавање на овој проблем кој што за жал долги години стоел како отворена ситуација“, појасни министерот Трипуновски.

Македонија | пред 1 година

Tripunovski-18.02

Трипуновски: Ќе го следиме откупот на пиперката до последниот килограм додека не се откупи согласно договорените цени

„Денеска заедно со претставници од Земјоделскиот инспекторат сум на терен во општина Могила и општина Кривогаштани, сакав лично да се уверам со текот и откупот на пиперката од реколта 2024 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.„Согласно она што го видов во овој дел на државата, кај дел од откупувачите има мало отстапување во делот на цената. Согласно препораките на Инспекторатот и сите ќе се корегираат“, изјави министерот.Тој апелираше до земјоделците дека ќе се следи откупот до последниот килограм на пиперка за да се откупи по договорените цени.„Сакам да апелирам до земјоделците дека ние како институција ќе го следиме откупот до последниот килограм додека не се откупи согласно препорачаните односно договорените цени пред почетокот на откуп“, појасни Трипуновски.„Во наредните денови ќе одржиме и дополнителен состанок со преработувачите каде што ќе разговараме за преклопување на реколтата од струмичкиот и прилепскиот регион. И тоа се со цел да нема големи осцилации во делот на преработката“, изјави тој.Министерот вети дека земјоделците оваа година треба и ќе бидат задоволни од откупот и пласманот на пиперката.

Македонија | пред 1 година

Tripunovski-24.09.2022

Трипуновски: Владата донесе одлука да се интервенира и да ја покрие загубата кај производителите на јачмен и пченица

„Денес сум на работна средба со земјоделците од Пелагонискиот регион, поточно во општина Новаци. Денеска ќе ги информирам лично дека на вчерашната седница на Влада поминаа двете програми, т.е. програмата за директни плаќања каде што дополнителната субвенција од 6.000 денари по хектар ја зголемуваме на 12.000 денари, се со цел да излеземе во пресрет на сите оние земјоделците кои што произведуваат јачмен од оваа реколта“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.„И дополнително со програмата за интервентниот фонд предвидовме дополнителни 3 денари за предадена килограм пченица во откупни регистрирани центри. Мерката ќе важи од 15-ти јули до 5-ти септември, сите оние кои што имаат предадено, ќе добијат дополнителни 3 денари. Тоа практично беше и на разговорот кој што го имавме токму во оваа општина со полјоделците од овој регион“, изјави министерот.Трипуновски додаде дека целиот процес се следеше, и согласно анализата која што се направи Владата одлучи да им помогне на полјоделците се со цел да биде дополнителен стимул веќе во наредната сеидбена сезона која што доаѓа да се зголемат површините под производство на пченица, да се обезбеди поголема количина за државата. И така Македонија ќе биде помалку увозно зависна од соседството.

Македонија | пред 1 година

IMG_6249

Трипуновски: Пумпната станица Таор е во катастрофална состојба, наш приоритет е модернизација на земјоделството и водостопанството во Македонија

„Денеска заедно со Директорот на АД Водостопанство сме во посета на пумпната станица Таор. Оваа станица ги покрива општините Петровец, Илинден и Гази Баба, каде што се зафаќаат води од околу 6.600 хектари преку 150 километри отворена каналска мрежа“, истакна Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при посета на пумпната станица во Таор заедно со Директорот на АД Водостопанство, Филип Филиповски.Министерот посочи дека при посетата може да се увиде дека пумпната станица е во катастрофална состојба. Изминативе години не се инвестирало во модернизација и одржување на станицата. Поради неодржување на пумпната станица во Таор имало сериозен ризик од загрозување на тој дел од скопската котлина.„Ние веќе во наредната година во програма ќе предвидиме средства за модернизација на оваа станица, да се намали ризикот од евентуални штети кои што би значело излевање на водата од оваа каналска мрежа“, изјави Трипуновски.Тој додаде дека изминатиов период Владата одвои 100 милиони денари на АД Водостопанство за покривање на платите на вработените кои што веќе 4 месеци немаа зедено плата. Две плати се исплатени, а во наредните денови и другите две плати ќе бидат исплатени на вработените од АД Водостопанство.„Со тоа сакаме да кажеме дека навистина како Влада даваме сериозен приоритет во делот на Водостопанството бидејќи е важна гранка во земјоделството како за надводнување така и за одводнување на земјоделските површини“, појасни Трипуновски.„Со овој приоритет ќе продолжиме и во наредните години бидејќи нас земјоделството и водостопанството ни се важен сегмент во целиот земјоделски процес кој што го имаме како држава“, изјави Министерот.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Трипуновски: Состојбата со Водостопанство ќе се подобри, приоритет се задоволни вработени и земјоделци, вода мора да има за сите

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска одржа средба со Филип Филиповски, нов главен извршен директор на АД Водостопанство и со Ромео Тренов, директор на Управата за Водостопанство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Во текот на средбата се зборуваше за актуелната состојба во АД Водостопанство.Двајцата директори се сложија дека состојбата во која што се наоѓа Водостопанство е тешка и сложена, но со посветена работа и заеднички напори ќе ја вратиме функционалноста на претпријатието.„Приоритет ни е задоволни вработени и земјоделци. Поради неспособноста и незаинтересираноста на минатата власт страдаа земјоделците и нивните насади. Но, од денеска ќе се работи на подобрување на состојбата, вода за наводнување мора да има за сите“, рече Трипуновски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Трипуновски од Неготино: Мора да работиме визионерски, Македонија треба да го задржи епитетот винска држава

„Производната цена која што ја правеше Земјоделскиот институт ја правеше во соработка со Земјоделскиот факултет, иако носител на Договорот беше Земјоделскиот институт. Цените кои што ги истакнаа зголемени за 25%, Смедеревката 18,3 денари, а Вранецот 20,8 денари“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при изјавата дадена во Неготино.Трипуновски посочи дека изминативе денови имал серија на состаноци со земјоделски здруженија, со винарски визби, потсекторска група.„Постојано бевме на дневна основа во комуникација со сите засегнати страни. Еве денеска сме повторно во Неготино имав средба со земјоделските здруженија, Федерација на фармери итн. Разговараме за она што практично што во текот на вчерашниот ден беше обзнанено како производна односно откупна цена која што согласно шеќерните единици треба да биде платена“, рече министерот.„Сакам да појаснам дека овие цени кои што ги истакнаа како производни зголемени за 25% се цени за шеќерна единица 19 за Вранец, и 17 за Смедеревката. Се што ќе оди да речеме шеќерна единица плус ќе се доплаќа“, појасни Трипуновски.Министерот додаде дека мора да се работи на создавање на квалитет.„Она денеска што ќе го комуницираме со земјоделските здруженија, со земјоделците е да кажеме дека ова е сериозен прогрес, не можеме да останеме неми на ситуацијата. Ако во минатата година Вранецот беше 18 денари значи веќе имаме сериозно зголемување оваа година, исто и за Смедеревката“, укажа министерот.Тој истакна дека по завршување на оваа берба ќе се работи стратегиски за наредната година. Тоа значи дека државата ќе креира програми и мерки кои што ќе ги намалат производните трошоци се со цел откупната цена да биде прифатлива и за винарските визби кои што извезуваат, а земјоделците да имаат поголема добивка во делот на производството на грозје.„Мора да работиме визионерски, Македонија треба да го задржи епитетот винска држава“, нагласи министерот.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Трипуновски на средба со Марко Обрадовиќ, директор на Стопанската комора на Србија

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со Марко Обрадовиќ, директор на Стопанската комора на Србија.На средбата се говореше за подготовката околу винскиот саем насловен „Винска визија на отворен Балкан“ во Белград во период од 22-24 ноември.„Заедничката соработка е приоритет на двете земји околу „Винска визија“. Винскиот саем е одлично место каде што може да се дегустира и промовира македонското вино“, истакна Трипуновски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Трипуновски: Откупот на црвената пиперка е со нормален тек, македонските земјоделци се во сигурни раце

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска го посети с. Муртино и изврши увид на откупот на црвената пиперка.Пред неколку дена беше постигнат договор за откупната цена на црвената пиперка, прва класа - 40 денари за килограм, прва/втора класа - 30 денари за килограм, втора класа - 20 денари за килограм, трета класа - 12 денари за килограм.Од страна на министерот беше ветено дека Државниот инспекторат за земјоделство ќе биде постојано на терен и ќе се грижи за да се запази динамиката и откупните цени на црвената пиперка. Затоа денеска министерот дојде во с. Муртино за да изврши увид дали се почитува договорот за откупот на црвената пиперка.Градинарите се задоволни од одлуката на министерот за однапред договорената откупна цена на црвената пиперка.„Земјоделците се во сигурни раце, Министерството се грижи и го вреднува нивниот труд“, истакна Трипуновски.

Македонија | пред 1 година

IMG_5253

Трипуновски: Денес на 28 корисници на дивечот во ловиштата им се врачени 67 нови договори за одгледување и заштита на дивечот во ловиштата

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска на 31.07.2024 на 28 корисници на дивечот во ловиштата им врачи 67 нови договори за одгледување и заштита на дивечот во ловиштата. Овие договори се во важност до објавување на јавен повик за давање на користење на дивечот во ловиштата и со нив се уредува одгледување и заштита на дивечот во ловиштата.Во јули месец, на овие 28 корисници на дивечот во ловиштата востановени на територијата на Република Македонија, а кои со договор за користење/концесија стопанисуваа со 67 ловишта им беа истечени договорите за користење/концесија на дивечот во ловиштата.„Започнавме со решавање на сите оние отворени прашања и проблеми во ловството во Македонија, воспоставуваме ред и контрола над дивечот во ловиштата, го подигнуваме ловството како стопанска гранка на повисоко ниво. Jа подобруваме општата ситуација во ловиштата во Република Македонија, конечно ќе имаме нормално и функционално користење на дивечот во ловиштата“, истакна Трипуновски.Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во наредниот период ќе распише јавен повик за давање на користење на дивечот во ловиштата за 72 ловишта востановени на територијата на Република Македонија.Средени и одржувани ловишта тоа барање од страна на ловечките друштва ќе биде исполнето.

Македонија | пред 1 година

IMG_4901

Трипуновски: Доделени 56 договори за поддршка на локални настани и саеми

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска 05.07.2024 година додели 56 договори за поддршка на локални настани и саеми.- Од 2008 година, нашата посветеност за поддршка на локални настани и саеми неверојатно порасна. Она што започна со еден корисник сега се прошири на 56 одобрени договори, покажувајќи ја различноста и богатството на македонските земјоделски традиции. - изјави Трипуновски.Некои од локалните манифестации имаат голем континуитет на одржување како што се: Деновите на кочанскиот ориз и македонскиот мед до иновативните нови саеми како Саемот на автохтони сорти везенка и науката во функција на развојот, секој настан ја одразува нашата длабоко вкоренета страст за земјоделството и руралниот туризам.- Во новиот концепт се предвидени поголема финансиска поддршка, вклучување повеќе млади луѓе, зајакнување на положбата на жените во руралните области и поттикнување на културниот туризам. Заедно, имаме за цел да ги подигнеме земјоделството на завидно ниво во Македонија и да го подобриме руралниот живот. - заврши Трипуновски.

Македонија | пред 1 година

IMG_4887

Трипуновски на средба со Масимилиано Паолучи, директорот на Светска банка во Македонија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска одржа работна средба со Масимилиано Паолучи, директорот на Светска банка во Македонија и д-р д-р Теклу Тесфаје виш економист за земјоделие во канцеларијата на Светска банка во Македонија.Разговаравме за проектот „Модернизација на земјоделството“ кој е финансиран од Светска банка, ме известија за статусот на имплементацијата и текот на активностите како и за застојот со кој што се соочиле при реализацијата на проектот. - изјави Трипуновски.Двете страни изразија спремност за понатамошна успешна соработка со цел реализација на планираните, но и започнување на нови заеднички проектни активности.Јас ќе сторам се за да помогнам во имплементацијата на проектот „Модернизација на земјоделството“ и истиот да биде финализиран што поскоро бидејќи македонските земјоделци заслужуваат модерни и квалитетни услови за работа. - заврши Трипуновски.

Македонија | пред 1 година

IMG_4782

Трипуновски: Со мелничарите и откупувачите на јачмен и пченица разговаравме за изнаоѓање на решение за откупната цена

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска одржа работна средба со млинарите и откупувачите на јачмен и пченица.На средбата се разговараше за откупната цена на јачменот и пченицата, но и во која насока ќе се движи откупот на житните култури.- На самиот почеток на откупот на јачменот и пченицата остварив состанок со производителите и со откупувачите на јачмен и пченица се со цел изнаоѓање на прифатливо решение за откупната цена која што ќе биде во корист и на производителите, но и на откупувачите. - изјави Трипуновски.Министерот Трипуновски информираше дека веќе во понеделник е закажана уште една средба каде што дополнително ќе се разгледаат можностите за изнаоѓање на идеално решение за за годинешниот откуп на јачмен и пченица.- Потребно е овие средби да се одржат многу порано, но за жал тие не се оствариле, затоа од следната година сите проекции и решенија ќе се дискутираат многу порано и ќе имаме јасно утврдени откупни цени пред почетокот на откупот, а не работите да се решаваат во последен момент.Мојот фокус останува на македонските земјоделци и грижата за нив, за тие да го добијат тоа што го заслужуваат! - заврши Трипуновски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања