Промени тема
Контакт

Трипуновски: Откупот на црвената пиперка е со нормален тек, македонските земјоделци се во сигурни раце

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска го посети с. Муртино и изврши увид на откупот на црвената пиперка.

Пред неколку дена беше постигнат договор за откупната цена на црвената пиперка, прва класа - 40 денари за килограм, прва/втора класа - 30 денари за килограм, втора класа - 20 денари за килограм, трета класа - 12 денари за килограм.

— реклама —

Од страна на министерот беше ветено дека Државниот инспекторат за земјоделство ќе биде постојано на терен и ќе се грижи за да се запази динамиката и откупните цени на црвената пиперка. Затоа денеска министерот дојде во с. Муртино за да изврши увид дали се почитува договорот за откупот на црвената пиперка.

— реклама —

Градинарите се задоволни од одлуката на министерот за однапред договорената откупна цена на црвената пиперка.

— реклама —

„Земјоделците се во сигурни раце, Министерството се грижи и го вреднува нивниот труд“, истакна Трипуновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4kd7cu19n25f8YCDIo7

Трипуновски: Обезбедени се дополнителни над 1,5 милијарди денари за поддршка на земјоделците и капитални инвестиции во водостопанство

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
media-library6b5ot8g4v7tfdcw99WB

Ангелова: СДС не може да ги поднесе резултатите на министерот Трипуновски во земјоделството, затоа поднесува интерпелација

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycjjlrj5sor2oaAtnY6b

Трипуновски: Досега откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани

Македонија | пред 3 месеци

media-librarysmmog7m3ar3jfM4u6Ob

Трипуновски од валандовско: Развиено земјоделство значи сигурна иднина за државата

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања