Промени тема
Контакт

Трипуновски: Владата донесе одлука да се интервенира и да ја покрие загубата кај производителите на јачмен и пченица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Tripunovski-24.09.2022

„Денес сум на работна средба со земјоделците од Пелагонискиот регион, поточно во општина Новаци. Денеска ќе ги информирам лично дека на вчерашната седница на Влада поминаа двете програми, т.е. програмата за директни плаќања каде што дополнителната субвенција од 6.000 денари по хектар ја зголемуваме на 12.000 денари, се со цел да излеземе во пресрет на сите оние земјоделците кои што произведуваат јачмен од оваа реколта“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

— реклама —

„И дополнително со програмата за интервентниот фонд предвидовме дополнителни 3 денари за предадена килограм пченица во откупни регистрирани центри. Мерката ќе важи од 15-ти јули до 5-ти септември, сите оние кои што имаат предадено, ќе добијат дополнителни 3 денари. Тоа практично беше и на разговорот кој што го имавме токму во оваа општина со полјоделците од овој регион“, изјави министерот.

— реклама —
— реклама —

Трипуновски додаде дека целиот процес се следеше, и согласно анализата која што се направи Владата одлучи да им помогне на полјоделците се со цел да биде дополнителен стимул веќе во наредната сеидбена сезона која што доаѓа да се зголемат површините под производство на пченица, да се обезбеди поголема количина за државата. И така Македонија ќе биде помалку увозно зависна од соседството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4kd7cu19n25f8YCDIo7

Трипуновски: Обезбедени се дополнителни над 1,5 милијарди денари за поддршка на земјоделците и капитални инвестиции во водостопанство

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
media-library6b5ot8g4v7tfdcw99WB

Ангелова: СДС не може да ги поднесе резултатите на министерот Трипуновски во земјоделството, затоа поднесува интерпелација

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycjjlrj5sor2oaAtnY6b

Трипуновски: Досега откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани

Македонија | пред 3 месеци

media-librarysmmog7m3ar3jfM4u6Ob

Трипуновски од валандовско: Развиено земјоделство значи сигурна иднина за државата

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања