По речиси 30 години, стигна пресудата за убиството на Тупак: „Кефе Ди“ прогласен за виновен
По речиси три децении мистерии, теории и неизвесност, случајот со убиството на Тупак Шакур доби судска разрешница. Поранешниот водач на бандата „Саут Сајд Комптон Крипс“, Дуан „Кефе Ди“ Дејвис, е прогласен за виновен за организирање на убиството на легендарниот рапер.Поротата во Лас Вегас го прогласи 63-годишниот Дејвис за виновен за убиство со употреба на смртоносно оружје. Шакур беше застрелан во престрелка од автомобил на 7 септември 1996 година, а шест дена подоцна им подлегна на повредите.
Свет | пред 3 часа