Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

УКИМ

media-library4t5o9g6fc1gu18g73vS

Почна реконструкцијата на спортската сала на УКИМ

Mинистерот за спорт, Борко Ристовски заедно со ректорот на УКИМ, Биљана Ангелова го означија официјалниот почеток на реконструкцијата на демолираната и уништена спортска сала чие сопствеништво и изградба со години беше предмет на судења, извршители и ветувања.„Оваа спортска сала повеќе од десетина години стоеше руинирана и стои вака без да има сопственик. Оваа сала е скоро и уништена, неупотреблива, така да она што како министерство го започнавме во соработка со ректорката пред можеби една година, најпрво да оваа сала добие свој сопственик, а потоа да го направиме проектот за реконструкција на оваа спортска сала во соработка со ректорката и со УКИМ.Така да денеска конечно почнува реконструкцијата којашто е многу важна, важна за министерството за спорт, важна за УКИМ, меѓутоа што е најважно за сите студенти коишто немаат свој дом и спортските сали ги користат или часовите ги користат во други сали, распрскани на територија на град Скопје. Така да уште еднаш јас би изразил благодарност до ректорката за соработката, затоа што навистина во измината година работевме, имаше потешкотии, имаше проблеми, меѓутоа кога желбата ќе ги надвладее проблемите, мислам дека ова е резултатот на тоа и конечно покажавме како министерство дека сакаме да поставуваме нови стандарди. Така да ова е уште еден доказ дека министерството станува фактор којшто ќе промовира позитивни работи, ќе промовира вистински вредности на коишто сакаме да дадеме акцент, а тоа е спортската инфраструктура, затоа што без спортска инфраструктура почнувајќи од училишниот спорт, па универзитетскиот спорт и на крај професионалниот спорт, да дадеме акцент и да поставиме цели и ќе можеме да бараме резултати во иднина и од студентите и од учениците во основните училишта, меѓутоа и од професионалните спортисти“, вели Борко Ристовски.

Македонија | пред 4 дена

media-library85bc0dsdhvtfcgEVaiK

Ректорката на УКИМ очекува поголема автономија со новиот закон за високото образование

Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова изјави дека минатата недела, нормативната комисија интензивно работела на сите коментари и забелешки коишто пристигнале од единиците УКИМ, а во петокот, на 20 февруари, била одржана седница на ректорската управа, каде што биле усвоени заклучоците по основа на предложениот закон.„Генерално, од законот очекуваме по голема автономија за универзитетот и тоа е една од нашите основни приоритети, како функционалната, така и финансиската и кадровската автономија. Очекуваме дека некои делови коишто во моментот сметаме дека се пререгулирани, ќе бидат релативизирани, ќе бидат отстранети, за да може да се остави исто така поголемо автономно право на универзитетите, за да донесуваат посебни критериуми коишто ни се битни за избори и реизбори во звања кај различни професии, бидејќи ние ги покриваме сите научни подрачја, значи, општествени, хуманистички, технички, науки, уметности и така натака и секој еден е со свои специфичности.Имаме неколку одредби во законот каде сметаме дека може да се направат корекции за да подобриме автономијата, тоа е пред сè во делот на органите на управување на универзитетот, дел од ингеренциите на сенатот како највисок орган од универзитетот. Сега се префрлени во универзитетскиот совет коишто се трансформира од тело во орган на управување на универзитетот. Понатака сметаме дека една академска заедница во Македонија нема да направи диференцијација во квалитетот во високото образование. Критериумите по коишто се избираат наставниците на УКИМ се во моментот највисоките критериуми во земјава“, изјави Проф. д-р Биљана Ангелова

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања