УКРАИНА

294721

Камила Кабело, Ед Ширан и „Сноу Патрол“ ќе настапат на „Концертот за Украина“

Камила Кабело, Ед Ширан и „Сноу Патрол“ ќе настапат на „Концертот за Украина“ следниот вторник, кој ќе се емитува на Ај-ти-ви и Ес-ти-ви.Емели Санде, Беки Хил, Грегори Портер и Шик исто така се на списокот, а во меѓувреме се очекува и други да го потврдат своето учество.Билетите за настанот ќе бидат пуштени во онлајн продажба денес, 22 март, а концертот ќе се одржи во Бирмингем во вторник на 29 март.„Моето срце е скршено за народот на Украина“, изјави Кабело. „Сите имаме одговорност да помогнеме“.Концертот ќе го води Ема Бантон (од „Спајс грлс“), заедно со Марвин Хјумс и Ронан Кемп, а ќе учествуваат и The Manic Street Preachers и Том Одел.Приходите од концертот ќе бидат наменети на хуманитарниот апел на украинскиот комитет за вонредни ситуации , кој обезбедува храна, вода, засолниште и медицинска помош за раселените лица во Украина и бегалците во соседните земји.

Магазин | пред 3 години

Нема фотографија

„Работиме 24/7, не сме излегле од болницата“, Бекам ѝ го отстапи инстаграм-профилот на лекарка од Харков

Познатиот фудбалер Дејвид Бекам ѝ го отстапи својот инстаграм-профил на Ирина, лекарка од Украина која работи во Харков, кој е во првата линија на фронтот и постојана цел на руските бомбардирања. Таа работи како шефица на регионалниот перинатален центар.„Работиме 24/7, не сме излегле од болницата. Веројатно ги ризикуваме нашите животи, но воопшто не мислиме на тоа. Си ја сакаме работата. Лекарите и медицинските сестри овдека плачат, се грижат, но никој нема да се откаже“, вели Ирина.Неговите 71,5 следбеници на Инстаграм имаа можност да го видат тесниот подрум каде што биле евакуирани сите трудници и нови мајки на првиот ден на руската инвазија. А покрај тоа да видат со што сè се соочуваат таа и детскиот анестезиолог среде воениот конфликт преку објавените видеа и фотографии.Таа исто така објави и фотографии од новороденчиња на одделението за интензивна нега, кои се приклучени на апарати и затоа не можеле да бидат префрлени во подрумот.

Магазин | пред 3 години

1647555711_204_Mila-Kunis-and-Ashton-Kutcher-hit-their-30million-fundraising-goal

Мила Кунис и Ештон Качер обезбедија 30 милиони долари помош за Украина

Мила Кунис и Ештон Качер ја остварија зацртаната цел да соберат 30 милиони долари помош за Украина само две недели по почнувањето на кампањата, односно програмата за помош на Украинците што бегаат од својата земја разурната од војната.Двојката ја сподели веста на „Инстаграм“ во четвртокот.Кога ја отворија страницата GoFundMe на 3 март, Мила и Ештон првично ветија дека ќе соберат околу 3 милиони долари во донации, со цел да се обезбеди непосредна хуманитарна помош за украинските бегалци.„Само сакаме да кажеме дека ја постигнавме нашата цел“, вели Мила во клипот пред Ештон да додаде: „Собрани над 30 милиони долари“.Мила, која е родена во Черновци, Украина, продолжи: „Над 65.000 од вас донирале. Ние сме преплавени со благодарност за поддршката и иако ова е далеку од решавање на проблемот, нашиот колективен напор ќе обезбеди помош за толку многу луѓе додека се движат во својата иднина на неизвесност“.

Магазин | пред 3 години

20220320092623

Во Струга пристигна првото семејство од Украина

Семејство од Украина е сместено во домот на познатиот струшки активист Алберт Хани во Струга.Локалните медиуми пишуваат дека тој им ги отворил вратите и ги угостил во својот дом.Руската инвазија на Украина предизвика милиони Украинци да ги напуштат своите домови, главно жени, постари лица и деца. Повеќето од нив заминале во соседните земји како Полска, Молдавија и Романија, но има значителен број што пребегнале во други европски земји, но и на Балканот, пишува VOX Струга.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања