Американската амбасада во Киев предупредува на можен воздушен напад врз Украина
Американската амбасада во Киев издаде предупредување за можност од значаен воздушен напад врз Украина во наредните денови, објави на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер) Јулија Мендел, поранешна портпаролка на украинскиот претседател Володимир Зеленски.Во соопштението што денеска го објави Амбасадата на САД во Киев се наведува дека заканата се однесува на целата територија на Украина, односно на сите региони во земјата. Според американските власти, добиени се информации за можен силен воздушен удар кој би можел да се случи во било кој момент во следните неколку дена.Американската амбасада повторно ги повика своите државјани да бидат подготвени веднаш да побараат засолниште во случај на прогласување воздушна тревога. Вакви предупредувања Вашингтон редовно објавува во периоди на зголемени безбедносни ризици, особено кога постојат разузнавачки информации за можни напади од руската војска.Предупредувањето доаѓа во време кога Украина со недели се соочува со интензивни ракетни и дронски напади врз енергетската инфраструктура и градовите низ целата земја. Властите во Киев предупредуваат дека Русија би можела да продолжи со нови бранови масовни удари.Зеленски: Можно е голем руски напад во текот на ноќтаУкраинскиот претседател Володимир Зеленски исто така предупреди на можен голем руски напад врз Украина во текот на ноќта. Во своето редовно видеообраќање, тој ги повика граѓаните на максимална претпазливост и строго почитување на воздушните тревоги.„Постојат информации дека вечерва може да следи нов голем руски удар. Многу е важно да се обрне внимание на предупредувањата за воздушни напади и навремено да се оди во засолништа“, порача Зеленски.Предупредувањето доаѓа во период кога Украина се соочува и со тешки временски услови, за кои, според Зеленски, Русија се обидува да ги искористи. „Русите се доследни – се обидуваат да ги искористат временските услови. Ѝ наложив на владата да им помогне на локалните власти и да обезбеди максимална поддршка за сите вклучени“, изјави тој.Зеленски додаде дека временските услови значително се влошиле низ целата земја, предизвикувајќи бројни проблеми на патиштата и со комуналните мрежи. Поради тоа, најави и посебни мерки. „Ова практично е вонредна состојба за сите служби. Со премиерот се договоривме владата да подготви одлука со која, за време на овие временски услови во наредните денови, некритичните институции и обичните канцеларии ќе можат да им овозможат на вработените да останат дома“, објасни тој.Тешка состојба со снабдувањето со електрична енергијаПретседателот информираше и за исклучително тешката состојба со снабдувањето со електрична енергија во Дњепропетровската и Запорошката област, по руските напади врз енергетската инфраструктура.„Во Запорошката област, планираното снабдување со електрична енергија беше обновено во текот на денот. Днипро, Криви Рих, Никопол, Павлоград и други градови и општини во Дњепропетровската област сè уште се во процес на санација“, изјави Зеленски, но и потврди дека имало нови напади.„За жал, денеска имаше нови удари, особено врз енергетскиот и цивилниот сектор, како и врз станбени згради во Криви Рих“, заклучи украинскиот претседател.
Свет | пред 1 ден