УКРАИНА

media-libraryjki9bask084dcggplpb

Трамп Јуниор со жестоки критики кон Украина и контроверзни толкувања на воениот конфликт

На Форумот во Доха, најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп Јуниор, остро ја критикуваше корупцијата во Украина и посочи дека неговиот татко би можел да го намали или повлече ангажманот на САД доколку Киев не постигне мировен договор со Русија, пренесува Политико. Настапот на Трамп Јуниор привлече значително внимание поради комбинацијата од политички пораки, обвинувања без докази и контроверзни толкувања на воениот конфликт.Говорејќи пред светски политички претставници, Трамп Јуниор оцени дека корупцијата долго ја парализирала Украина и дека, според него, таквата состојба го одржува конфликтот и во Киев и во Москва. Тој особено го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се соочува со политички притисоци поради истраги што зафатија некои од неговите највисоки соработници. Еден од нив, Андриј Јермак, кој често бил дел од меѓународните преговори, неодамна поднесе оставка. Зеленски самиот не е обвинет за корупција.„Поради војната и поради тоа што стана своевиден медиумски феномен, Зеленски беше речиси недопирлив, особено кај левичарската јавност“, изјави Трамп Јуниор. Тој додаде дека статусот на украинскиот претседател довел до недостиг од критичност во меѓународната јавност.На прашање дали неговиот татко би можел да се повлече од поддршката за Украина, Трамп Јуниор одговори: „Мислам дека би можел.“Притоа додаде дека една од „предностите“ на претседателот Трамп е неговата непредвидливост, за која смета дека ги принудува другите држави да се однесуваат „интелектуално чесно“.Администрацијата на Трамп долго имала сложен однос со Украина, а особено со Зеленски, при што претседателот често покажувал наклонетост кон Русија и рускиот претседател Владимир Путин. Иако САД вршат притисок за мировен договор, значаен напредок сè уште нема.Трамп Јуниор ја бранеше и кампањата против наркокартелите, наведувајќи дека дејствувањето на картелите претставува „далеку поголема непосредна закана“ за САД отколку конфликтот во Украина. Тој изнесе и контроверзни тврдња дека во Монако „половина од луксузните автомобили имаат украински таблички“, без да понуди какви било докази. Според него, тоа било показател дека „богатите ја напуштиле земјата, а сиромашните ги оставиле да се борат“.На форумот, Трамп Јуниор се осврна и на можноста неговиот татко да се кандидира за трет мандат, што Уставот не го дозволува. Тој одговори со насмевка дека „ќе видиме што ќе се случи“, оценувајќи дека само споменувањето на таква можност претставува „провокација“ кон политичките противници.Критиките кон Украина доаѓаат во момент кога семејството Трамп ги проширува своите деловни активности во Катар, вклучително и плановите за изградба на луксузен голф-комплекс. Врските со Катар повторно се најдоа под лупа кога оваа држава годинава практично ѝ донираше на американската администрација авион „Боинг 747“, кој треба да се пренамени за „Ер форс уан“.На крајот, Трамп Јуниор повтори дека „САД повеќе нема да бидат наивен донатор“, а не ја исклучи ниту можноста еден ден и самиот да се кандидира за претседател.

Свет | пред 1 месец

volodimir-zelenski1-830x0

Мировниот план за Украина во застој: тешки разговори и европски консултации

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека разговорите со американските претставници за можниот мировен план за Украина биле конструктивни, но далеку од лесни. Изјавата ја даде во пресрет на серијата консултации со европските лидери, кои треба да се одржат во наредните денови.Зеленски во саботата одржа средби со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со Џеред Кашнер, зетот на Трамп. Денес се очекува украинскиот претседател во Лондон да разговара со лидерите на Франција, Велика Британија и Германија, по што ќе следуваат дополнителни средби во Брисел.„Американските претставници добро ги знаат основните украински позиции“, изјави Зеленски во своето вечерно обраќање. „Разговорот беше конструктивен, иако не и лесен“, нагласи тој.Окончувањето на руската агресија, која влегува во четвртата година и претставува најсмртоносен конфликт во Европа по Втората светска војна, Трамп го оцени како своја најсложена надворешнополитичка задача. И покрај американското посредување и повремените контакти на високо ниво, напредокот во мировните напори останува ограничен. Несогласувањата околу безбедносните гаранции за Киев и статусот на териториите под руска окупација сè уште не се надминати.Москва тврди дека е подготвена за преговори и ја обвинува Украина и Западот за кочење на процесот, додека Киев и неговите сојузници сметаат дека Русија ја одолговлекува дипломатијата со цел да ги зацврсти своите теренски придобивки.Европските лидери поддржуваат постепен дипломатски пристап за Украина, кој би се поврзал со долгорочни безбедносни гаранции и трајна воена помош. Трамп, пак, се залага за брз договор и поделба на товарот меѓу сојузниците. Дипломатските извори предупредуваат дека разговорите остануваат чувствителни и силно зависни од насоката на американската политика, пренесува Ројтерс.

Свет | пред 1 месец

c8c0395d-fc13-4585-9165-dfae2cd4763a

Украина нема да се откаже од територии – на коцка е иднината на Европа, вели украинскиот командат на армијата

Откажувањето од украинска територија во било каков мировен договор со Русија е целосно неприфатливо – ова јасно го порача генерал Александар Сирски, командантот на украинските вооружени сили, во ексклузивно интервју за Sky News. Тој предупреди дека Москва ги користи мировните иницијативи, поддржани и од САД, само како „параван“ зад кој продолжува да се обидува со сила да освои нови позиции на фронтот.„Нашата основна мисија е да ја браниме нашата земја, нашиот народ и нашата територијална целина,“ изјави Сирски од импровизираниот команден центар на источниот фронт. „За нас е апсолутно невозможно само да се откажеме од делови од нашата држава. Што значи тоа? Да ја предадеме земјата за која се бориме?“Генералот нагласи дека секоја војна завршува, но дека единствен прифатлив исход е праведен мир – мир без услови и без територијални компромиси.„Праведен мир значи запирање на линијата на фронтот таму каде што се наоѓа денес. Нема откажување од територии,“ истакна тој.На прашањето што би се случило доколку новата администрација во Вашингтон, предводена од Доналд Трамп, ја прекине воената поддршка, Сирски одговори дека Украина длабоко ја цени американската помош, но дека се подготвува и за алтернативи.„Се надеваме дека САД ќе продолжат со поддршка. Но ако не, очекуваме европските партнери да ја преземат улогата на главни носители на помошта,“ рече тој. „Ние не ја браниме само Украина, туку цела Европа. Ако нè нема нас, некој друг ќе мора да се брани на европско тло.“Сирски даде и преглед на состојбата на боиштата.Украинските сили контролираат дел од Покровск, а борбите продолжуваат околу Купјанск, Лиман и Хуљајполе. Русија секојдневно истрелува 4.000 до 5.000 дронови-камикази и уште до 2.000 дронови со фрлање бомби.Украина, пак, одговорила со приближно ист интензитет, па генерал Сирски оцени дека во сегментот на дронови постои „приближен паритет“.Тој додаде дека повеќе од 710.000 руски војници се распоредени по должината на фронтот, долг околу 1.255 километри, и дека руските загуби достигнуваат од 1.000 до 1.100 војници дневно – најголемиот дел загинати.„Нашата стратегија е јасна: да ја исцрпиме руската армија, да спречиме пробиви, да го задржиме територијалниот интегритет и да нанесуваме удари во нивната позадина и на руска територија, каде што е можно,“ рече Сирски.Тој подвлече дека руската војска се обидува да напредува по целата линија на фронтот, но дека украинската страна се прилагодува со комбинација од дефанзивни и ограничени офанзивни операции.Сирски со силна порака заврши:„Судбината на Европа е на коцка. Ако Украина падне, Европа ќе биде следната што ќе мора да се брани.“

Свет | пред 1 месец

media-librarysvs1b5dv6vl6fjKgeGw

Масовен руски напад: Погодени железнички објекти, илјадници без струја и вода

Русија изминатата ноќ изведе еден од најмасовните напади врз Украина досега, лансирајќи 653 дрона и 51 ракета, соопшти украинската армија. Според истите извори, украинската противвоздушна одбрана успеала да собори 585 дрона и 30 ракети.Во нападот бил погоден железничкиот комплекс во близина на Киев, соопшти државната железничка компанија „Укрзализниција“, која потврди дека се оштетени складишта и неколку товарни вагони во градот Фастив. Засега нема информации за загинати или повредени.Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, остро реагираше дека Русија „ги игнорира сите мировни напори“ и продолжува да ја уништува клучната цивилна инфраструктура. „Не смее да има одлагање во донесувањето одлуки за зајакнување на Украина и зголемување на притисокот врз Русија“, напиша тој на Икс.Нападите биле насочени кон енергетски постројки и железнички јазли во повеќе региони, меѓу кои Чернихивска, Запорижја, Лавовска и Дњепропетровска област. Министерството за енергетика соопшти дека инфраструктурата во осум региони е оштетена, што доведе до прекин на електричната енергија на голем број домаќинства.Во Одеската област, 9.500 граѓани останале без греење, а околу 34.000 без вода. Нападнати биле и делови од пристаништето, каде инфраструктурата преминала на работа со генератори.Поради воздушната закана, Полска во текот на ноќта подигна воени авиони во состојба на готовност. Иако не било забележано нарушување на полскиот воздушен простор, сирените за тревога се огласиле во градот Лубартов, во регионот Лублин.Украинските служби продолжуваат со итни поправки каде што условите го дозволуваат, а властите предупредуваат дека Русија го интензивира притисокот врз критичната инфраструктура во пресрет на зимата.

Свет | пред 1 месец

nuklearka-vo-ukraina

Кризa во Запорожје: нуклеарната електрана остана без струја, активирани дизел-генератори

Запорожската нуклеарна електрана повторно е приклучена на надворешно напојување по повеќечасовниот прекин кој се случи во текот на ноќта, соопшти утрово операторот на електраната. И двата надворешни далеководи биле исклучени поради активирање на автоматските заштитни системи, што привремено ја оставило електраната без директно напојување од мрежата.Во периодот без струја, за одржување на основните системи работеле резервните дизел-генератори – последната заштитна линија што спречува потенцијален нуклеарен ризик. Според операторот, електраната е повторно поврзана преку далеководот „Феросплавна-1“ со напон од 330 киловолти.Причините за прекинот на надворешните водови сè уште се испитуваат, а засега нема информации дали станува збор за технички дефект или за последица од воени дејствија во регионот. Запорожската електрана, најголемата нуклеарка во Европа, веќе повеќепати функционираше на резервно напојување од почетокот на руската инвазија, што експертите го оценуваат како сериозен безбедносен ризик.

Свет | пред 1 месец

media-librarycfbh1mm2afi6cz5lx5o

Тројца повредени во масовен руски воздушен напад врз Киевската област

Три лица се повредени во масовен воздушен напад што руските сили ноќеска и утрово го изведоа врз Киевската област, соопшти началникот на киевската воена администрација Никола Калашник.„Непријателот масовно ја напаѓа Киевската област со дронови и ракети. Мирните населени места се под удар. За жал, три лица се повредени како последица на нападот на терористичката држава“, напиша Калашник на „Телеграм“.Според украинската агенција Укринформ, руските сили во текот на ноќта и раното утро извршиле комбиниран напад, користејќи ракети и беспилотни летала врз повеќе локации низ Украина. Украинските противвоздушни системи биле активирани на неколку подрачја, а властите предупредија на можни нови бранови напади.

Свет | пред 1 месец

c8c0395d-fc13-4585-9165-dfae2cd4763a

Нов дипломатски циклус: САД посредуваат меѓу Украина и Русија во потрага по мировен договор

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, во изминатите два дена во Мајами оствари низа разговори со украинскиот секретар на Советот за национална безбедност, Рустем Умеров – разговори што двете страни ги оценија како „конструктивни“ и насочени кон изнаоѓање пат до „траен и праведен мир“ во Украина. На средбите присуствуваа и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, како и началникот на украинскиот Генералштаб, генерал Андриј Хнатов. Продолжението на разговорите беше најавено за денес.Според заедничката изјава на Умеров и американскиот Стејт департмент, Украина останува при својот приоритет – мировен договор што ќе ја гарантира независноста, суверенитетот и безбедноста на украинските граѓани, како и темел за стабилна демократска иднина. На средбата се дискутирало и за исходите од петчасовниот состанок што Виткоф и Кушнер неодамна го имаа со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, но без приближување кон конкретен компромис.Американските и украинските претставници, меѓу другото, постигнале рамковен договор за безбедносни мерки и размениле ставови за капацитетите што би обезбедиле траен мир. Конкретни детали не се откриваат, но во заедничката порака се истакнува дека секое вистинско придвижување кон договор зависи од подготвеноста на Русија да покаже сериозна волја за деескалација и запирање на воените дејства.Разговорите опфатија и теми поврзани со обновата на Украина, можните заеднички економски иницијативи и долгорочните проекти за опоравување по војната. Американски претставник за Ројтерс изјави дека досегашните средби во Мајами биле „продуктивни“ и дека има „напредок“.Од руска страна, советникот на Путин за надворешна политика, Јуриј Ушаков, посочи дека разговорите меѓу претседателот и американската делегација биле „навистина пријателски“ и дека е воспоставено ниво на разбирање. Путин самиот ги опиша како „многу корисни“.

Свет | пред 1 месец

media-library5tb45vp9dq6b1pbS8xy

Нападот со дрон го нарушил нуклеарниот штит на Чернобил, повеќе не штити од радиоактивно истекување

Заштитната конструкција на напуштената нуклеарна електрана во Чернобил веќе не може целосно да ја извршува својата безбедносна функција поради штетите нанесени во напад со дрон во февруари годинава, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Инспекцијата што агенцијата ја спроведе минатата недела утврдила дека ударот предизвикал сериозно пропаѓање на делови од конструкцијата, со што е нарушена нејзината способност да го задржува радиоактивниот материјал. Иако носивите елементи и контролниот систем не се трајно оштетени, МААЕ предупредува дека проблемот бара итна и целосна реконструкција.Од агенцијата информираа дека веќе се направени привремени поправки на покривот, но тие не се доволни за долгорочна нуклеарна безбедност. Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, истакна дека мора да се спречи понатамошно пропаѓање на обвивката и да се модернизираат системите за следење, особено оние за влага и корозија. Нападот на 14 февруари го пробил надворешниот слој на конструкцијата и предизвикал пожар. Украина тогаш ја обвини Русија за нападот, додека Москва го демантираше тоа.Заштитната структура беше изградена во 2019 година над реакторот број четири – местото на најголемата нуклеарна катастрофа во 1986 година – со цел да се спречи дополнително истекување радијација. По нападот, нивото на радијација останало стабилно и во нормални граници, без пријавени инциденти. МААЕ има постојан тим во Чернобил и најави дека ќе продолжи да ги поддржува украинските институции во обновата на безбедносните системи. Паралелно со ова, агенцијата спроведе увид и во штетите врз електричните трафостаници низ Украина, оценувајќи дека инфраструктурата останува под сериозен ризик.

Свет | пред 1 месец

media-libraryvb0d0ahug1sq4Nfpofr

(Видео) Евакуации и експлозии: Украински дронови удрија по руска лука и рафинерија

Украинските беспилотни летала синоќа изведоа координирани удари врз клучни руски енергетски објекти, таргетирајќи ја морската лука Темрјук во Краснодарскиот крај и рафинеријата за нафта во Сизран, Самарска област, пренесуваат регионалните власти и руските медиуми, повикувајќи се на „The Kyiv Independent“.Според Оперативниот штаб на Краснодар, во нападот врз Темрјук дошло до пожар и оштетување на делови од пристанишната инфраструктура. Иако официјално не е соопштено кои објекти биле погодени, локални снимки што ги анализираше опозицискиот руски медиум „Астра“ укажуваат дека горел гасен терминал. Сето присутно персонал било евакуирано, а засега нема пријавени жртви.Луката Темрјук е едно од клучните руски енергетски упоришта на Азовското Море, со терминали за извоз на нафта и течен нафтен гас.Во истата ноќ, жители на градот Сизран, околу 700 километри од украинската граница, пријавиле експлозии во локалната рафинерија. На социјалните мрежи се појавија снимки за кои се тврди дека го прикажуваат нападот. Градоначалникот Сергеј Володченков потврди дека бил изведен удар со дрон, но не откри детали за целите.Рафинеријата во Сизран, која работи од 1942 година и е во сопственост на државната „Роснефт“, годишно обработува околу 8,5 милиони тони сурова нафта и претставува важен дел од рускиот енергетски капацитет.Нападите се дел од пошироката украинска стратегија насочена кон руската нафтена индустрија – сектор што е клучен за финансирање на воените операции на Москва. Украинските власти ги нарекуваат ваквите удари „далекуметни санкции“, бидејќи имаат за цел да ја намалат способноста на Русија да обезбеди гориво и средства за војната.

Свет | пред 1 месец

media-librarybp4sa6eia58q4mXittx

Унгарски министер: Украина воено ја загуби војната

Унгарскиот министер за одбрана Кристоф Салаи-Бобровницки изјави дека, според ставот на неговата влада, Украина „воено го загубила“ војната со Русија. Изјавата ја пренесе Ukrainska Pravda, повикувајќи се на унгарската агенција Telex.hu.Министерот оцени дека додека трае „отворена вооружена конфронтација во соседството“, опасноста од намерна или случајна ескалација е „многу висока“ и претставува ризик и за Унгарија. Тој повтори дека решението мора да биде дипломатско, а не воено.Салаи-Бобровницки тврдеше дека американските напори за постигнување мир ги „поткопуваат европските лидери“, обвинувајќи ги дека сакаат да го продолжат конфликтот. „Унгарија и понатаму стои на страната на мирот“, рече тој.Повторувајќи ги тезите што Будапешта ги изнесува со месеци, министерот наведе дека секој ден „околу илјада украински борци се отстрануваат од бојното поле“, од кои една четвртина загинуваат. Тој спомена и дека украинската инфраструктура и земјоделство се во тешка состојба и, како што рече, тоа има „директни негативни последици и врз Унгарија“.Според него, украинската армија наводно функционира со околу 40% од капацитетот, додека руските сили со 70%, па затоа „Украина од воен аспект го има загубено овој конфликт“.На 28 ноември во Москва, унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретна со Владимир Путин, повикувајќи на брз прекин на војната, но истовремено изрази надеж за стабилни енергетски договори со Русија. Орбан и повтори на Москва својата теза дека Украина би требало да добие статус на „тампон-зона“ по завршувањето на конфликтот.

Свет | пред 1 месец

media-library54ga6e29pir3diXi9yC

Зеленски отворено: Се плашам

Украинскиот претседател Володимир Зеленски јавно призна дека стравува оти САД би можеле да го изгубат интересот за организирање мировен договор меѓу Киев и Москва, пренесува „Скај њуз“. На заедничка прес-конференција со ирскиот премиер Михаел Мартин во Даблин, Зеленски изрази умерен оптимизам за текот на преговорите, но и сериозна загриженост дали Вашингтон ќе остане целосно ангажиран.Тој посочи дека е охрабрен од засилената дипломатска активност на американската администрација и напорите да се најде пат кон прекин на конфликтот. „Имаше мал оптимизам во моите зборови поради брзината на разговорите и интересот од американска страна. Тоа покажа дека Америка не се повлекува од дијалогот, и тоа е добро“, рече Зеленски.Но, на директно прашање дали се плаши дека САД би можеле да се изморaт од процесот, тој одговори искрено: „Да, се плашам. Ако некој од нашите сојузници се измори...“ Притоа додаде дека целта на Русија е „да го извлече американскиот интерес од оваа ситуација“.Зеленски најави дека очекува повратни информации од американските претставници по средбата на специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џеред Кушнер со рускиот претседател Владимир Путин во Москва. Тој истакна дека е подготвен повторно да се сретне со претседателот Доналд Трамп, но дека средбата зависи од резултатите на разговорите во руската престолнина.Од американска страна се очекува да биде презентирана изменета верзија на планот од 28 точки за прекин на војната – документ што претходно предизвика жестоки критики поради наводната наклонетост кон руските позиции. Украина останува цврста во ставот дека нема да прифати никакви територијални отстапки и дека секој мировен договор мора да гарантира целосен суверенитет и безбедност на државата. Дел од украинските функционери стравуваат дека предложените безбедносни гаранции нема да бидат доволно силни, особено ако не наликуваат на заштитата што ја нуди членот 5 од НАТО.Русија, пак, инсистира дека дополнителни гаранции не се потребни, а Путин изјави дека нема намера да продолжи со непријателствата – но истовремено испрати заканувачка порака до Европа.„Ако Европа сака да започне војна со нас, ние сме подготвени веднаш“, изјави тој, додавајќи дека Москва ја смета ЕУ за оддалечена од преговорите поради прекинатите односи и санкциите.Путин обвини дека европските лидери намерно поставуваат „неприфатливи услови“ за да го прикажат Кремљ како пречка за американските дипломатски напори. Украинската страна, пак, предупредува дека Русија токму преку воени притисоци и пропагандни изјави се обидува да ја засили својата преговарачка позиција во пресрет на новите дипломатски рунди.Ситуацијата останува исклучително неизвесна, а изјавата на Зеленски дека „се плаши“ од можен американски замор дополнително ја нагласува ранливоста на процесот кој би требало да ја одреди иднината на украинско-рускиот конфликт.

Свет | пред 1 месец

kremlj-moskva

Москва и Вашингтон без напредок, мировната формула за Украина засега нема успех

Мисијата на американските пратеници во Москва заврши без договор. Посетата на Стив Виткоф, главниот преговарач на Доналд Трамп, и Џаред Кушнер, што требаше да внесе брзина во мировните разговори за Украина, само ја истакна длабоката дистанца меѓу двете страни. Пет часа разговори со Владимир Путин не беа доволни за да се затвори ниту едно од спорните прашања.Според Кремљ, средбата била „работна и отворена“, но американскиот предлог – веќе преработуван неколку пати на барање на Киев и европските држави – сè уште содржи точки што Русија ги смета за недозволиви. Американската делегација не даде ниту една изјава по напуштањето на Москва.Неколку часа пред средбата, Путин испрати најостра порака до европските лидери во последните месеци. Тој ги обвини дека живеат „под илузија“ дека Русија може да биде стратешки поразена и повтори дека Москва „не планира војна со Европа“, но дека ќе реагира ако европските држави „ја отворат таа врата“.Овие пораки го засилија впечатокот дека Кремљ сака поголема дистанца од европските модификации на американскиот план, кои Киев ги турка како услов за прифатлив договор.Русија и Украина остануваат најдалеку токму таму каде што е тешко да се најде компромис: контрола на териториите и идните безбедносни гаранции. Москва инсистира Киев да се откаже од дел од својата територија, а Украина бара гаранции што би ја спречиле нова руска офанзива – вклучително и гаранции што Кремљ ги смета за провокација.Европските партнери, пак, имаат свои, често различни позиции за тоа што е прифатлив мир, па мировниот документ се менуваше неколку пати во само неколку недели. Кремљ призна дека има делови што можат да бидат основа за договор, но високите руски претставници велат дека компромис „сè уште не е видлив“.

Свет | пред 1 месец

Liberali_Ukraina-PosetaIMG_4058

Тежок удар за Брисел: ЕЦБ смета дека планот за финансирање на Украина го крши европскиот правен поредок

Планот на Европската унија да и́ обезбеди на Украина огромен „репарациски заем“ од 140 милијарди евра, заснован врз заврзнатиот руски државен имот, се соочи со сериозна блокада: Европската централна банка (ЕЦБ) категорично одбила да ја поддржи иницијативата, оценувајќи дека таа го крши европското право.Како што пишува Financial Times, ЕЦБ заклучила дека предлогот би претставувал форма на забрането монетарно финансирање, бидејќи би ја ставил централната банка во позиција да го покрива ризикот од државните обврски – нешто што европските договори експлицитно го забрануваат.Оваа одлука доаѓа во момент кога ЕУ е под засилен притисок да пронајде начин да го финансира украинскиот буџет за 2026 и 2027 година, додека Киев се соочува со недостиг на средства и со обновена руска офанзива.Во планот на Европската комисија, земјите членки требало да ги поделат ризиците за отплата преку државни гаранции. Но Комисијата стравувала дека државите нема да можат доволно брзо да обезбедат ликвидност во итен случај.Затоа побарала од ЕЦБ да интервенира како кредитор во последна инстанца за Euroclear Bank – институцијата што ја чува најголемата количина од замрзнатата руска имотнина (над 200 милијарди евра).ЕЦБ одговорила негативно, наведувајќи дека таквата улога би значела финансирање на државите преку задната врата – спротивно на мандатот на банката.„Таков предлог не може да се разгледува, бидејќи веројатно би го прекршил европското право кое забранува монетарно финансирање,“ соопштија од ЕЦБ.По одбивањето, Европската комисија започнала да работи на алтернативни модели за да обезбеди привремена ликвидност и да го одржи планот во живот.Портпарол на Комисијата истакна дека ЕЦБ „активно учествувала во сите разговори од крајот на октомври“, но не изнел детали за новите опции што се разгледуваат.Белгија, земјата што ја надгледува Euroclear, силно се противи заемот. Премиерот Барт де Вевер го оцени планот како „фундаментално погрешен“ и побара 26-те други земји членки да дадат:правно обврзувачки,неопозиви,безусловни,солидарни гаранции на барање,доколку рускиот имот биде одмрзнат во иднина.Европските санкции што го држат рускиот имот замрзната мораат да се обновуваат на секои шест месеци едногласно, што значи дека една земја – како Унгарија, која веќе блокираше слични одлуки – може да предизвика правен пресврт.Додатен притисок врз ЕУ создава и тековниот американски мировен план за Украина. Во Брисел се стравува дека потенцијален договор меѓу Вашингтон и Москва би можел да доведе до:укинување на европските санкции,барање Euroclear веднаш да ѝ ги врати средствата на Русија,голем финансиски удар за ЕУ.Според предлогот на Комисијата, Украина би морала да го врати заемот само ако Русија прифати да плати репарации – услов кој засега изгледа недостижен.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2025-08-24-at-11.16.09

Европа на нозе: страв дека „мировниот план“ на Трамп ја остава Украина ранлива, а Русија посилна

Европа со растечка загриженост го следи најновиот обид на Доналд Трамп да го заврши војниот конфликт во Украина, стравувајќи дека евентуален мировен договор – без разлика кога би бил постигнат – нема да ја санкционира или ослаби Русија, како што се надеваа европските лидери. Според анализата на агенцијата „Ројтерс“, европските влади стравуваат дека таков развој би ја загрозил безбедноста на целиот континент.Дополнително, постои и стравување дека Европа ќе мора да прифати ново економско приближување меѓу Вашингтон и Москва, иако Русија продолжува да се третира како главната закана за европската безбедност.Иако Украина и повеќе европски престолнини успеаја да се спротивстават на делови од американскиот предлог од 28 точки – кој се сметаше за премногу наклонет кон Русија – евентуален договор и понатаму би носел сериозни ризици.Европските земји практично немаат улога во преговорите. Тие не беа поканети на средбите меѓу американските и украинските преговарачи на Флорида, а денес ќе го следат оддалеку и патувањето на специјалниот пратеник Стив Виткоф во Москва, каде ќе се сретне со Владимир Путин.„Почнува да преовладува свеста дека во некој момент ќе дојде до ‘грда нагодба’“, изјави Лук ван Миделар од Бриселскиот институт за геополитика.„Трамп сака договор, но го гледа низ призма на големите сили: ‘Ние сме САД, тие се Русија – ние решаваме’. Тоа е многу непријатно за Европа.“Иако американскиот државен секретар Марко Рубио тврди дека европските партнери ќе бидат вклучени, европските дипломати велат дека тоа им нуди малку утеха. Секој сегмент од договорот директно ја засега Европа – од прашањето на територијалниот интегритет на Украина, до можната економска соработка меѓу Русија и САД.Неделава, дополнителна доза нервоза предизвика одлуката на Рубио да го прескокне состанокот на шефовите на дипломатиите на НАТО во Брисел.Во исто време, европските безбедносни служби веќе предупредуваат дека Русија ја остава „отворена опцијата“ за напад врз НАТО до 2029 година.„Русија ја задржува можноста за воен судир со НАТО. Тоа може да се случи најдоцна до 2029“, предупреди германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадепфул.Европските влади се плашат дека евентуални територијални отстапки на Украина би го охрабриле Кремљ на нова агресија. Во сегашната фаза, извесно е дека секој мировен договор би ѝ дозволил на Москва да задржи дел од окупираната украинска територија, додека администрацијата на Трамп не ги отфрли руските барања за остатокот од Донбас.Дополнително, луѓе од Трамповата администрација отворено зборуваат за големи економски можности во деловната соработка со Русија по завршувањето на војната – нешто што ги вознемирува европските влади.Иако Европската Унија од почетокот на руската инвазија обезбеди околу 180 милијарди евра помош за Украина, таа и натаму нема значајно влијание во процесот.На располагање го има моќниот инструмент – замрзнатиот руски државен и приватен имот во ЕУ – но земјите членки сè уште не можат да постигнат договор дали да го искористат за финансирање нов пакет помош за Украина.Во обид да покажат сила, Франција и Велика Британија најавија дека се подготвени да распоредат „убедливи единици“ како дел од поствоени гаранции за Украина. Но Русија такви сили веднаш ги отфрли, а и европските држави знаат дека без американска логистика и технологија тие трупи нема да можат да дејствуваат самостојно.Експертите предупредуваат дека европските држави сега ја гледаат последицата од децениското потценување на воените капацитети.„Европјаните не се на масата затоа што, како што би рекол Трамп, немаат карти во раката“, вели Клаудија Мајор од German Marshall Fund. „Тие ја плаќаат цената за тоа што со години не инвестираа во сопствени одбранбени способности.“

Свет | пред 1 месец

c8c0395d-fc13-4585-9165-dfae2cd4763a

Белата куќа оптимистична за договор за Украина: специјалниот пратеник Виткоф патува во Москва

Белата куќа е „многу оптимистична“ за можноста да се постигне договор за прекин на војната во Украина, изјави портпаролката Каролин Левит, најавувајќи дека американскиот специјален пратеник Стив Виткоф е на пат кон Москва.Според Левит, претседателот Доналд Трамп и неговиот тим „интензивно работат“ на прашањето и искрено сакаат војната да заврши. Таа прецизираше дека разговорите со украинската делегација, одржани вчера на Флорида, биле „многу продуктивни“, а дека следниот чекор е патувањето на Виткоф во Русија.Кремљ потврди дека Виткоф, кој годинава веќе неколкупати престојувал во Москва, ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во среда. Состанокот доаѓа во момент на силен притисок врз Киев да го прифати американскиот план за ставање крај на конфликтот, пренесува Франс Прес.Украинскиот претседател Володимир Зеленски и францускиот претседател Емануел Макрон во Париз разговарале со Виткоф и украинскиот главен преговарач Рустем Умеров, само еден ден по американско-украинските разговори во Флорида. И двете страни ги оценија средбите како „продуктивни“, но американскиот државен секретар Марко Рубио предупреди дека „работата сè уште не е завршена“.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања