Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Нападот со дрон го нарушил нуклеарниот штит на Чернобил, повеќе не штити од радиоактивно истекување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-library5tb45vp9dq6b1pbS8xy

Заштитната конструкција на напуштената нуклеарна електрана во Чернобил веќе не може целосно да ја извршува својата безбедносна функција поради штетите нанесени во напад со дрон во февруари годинава, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Инспекцијата што агенцијата ја спроведе минатата недела утврдила дека ударот предизвикал сериозно пропаѓање на делови од конструкцијата, со што е нарушена нејзината способност да го задржува радиоактивниот материјал. Иако носивите елементи и контролниот систем не се трајно оштетени, МААЕ предупредува дека проблемот бара итна и целосна реконструкција.

— реклама —
— реклама —

Од агенцијата информираа дека веќе се направени привремени поправки на покривот, но тие не се доволни за долгорочна нуклеарна безбедност. Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, истакна дека мора да се спречи понатамошно пропаѓање на обвивката и да се модернизираат системите за следење, особено оние за влага и корозија. Нападот на 14 февруари го пробил надворешниот слој на конструкцијата и предизвикал пожар. Украина тогаш ја обвини Русија за нападот, додека Москва го демантираше тоа.

— реклама —

Заштитната структура беше изградена во 2019 година над реакторот број четири – местото на најголемата нуклеарна катастрофа во 1986 година – со цел да се спречи дополнително истекување радијација. По нападот, нивото на радијација останало стабилно и во нормални граници, без пријавени инциденти. МААЕ има постојан тим во Чернобил и најави дека ќе продолжи да ги поддржува украинските институции во обновата на безбедносните системи. Паралелно со ова, агенцијата спроведе увид и во штетите врз електричните трафостаници низ Украина, оценувајќи дека инфраструктурата останува под сериозен ризик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysnmaa1rl2hgg7Xijxf1

(Видео) Три лица загинаа, а 17 се повредени во украински напад со дронови врз Русија

Свет | пред 2 дена

— реклама —
Screenshot-2025-02-10-at-08.55.43

Маск обвини дека Украина го користела „Старлинк“ за напади со дронови: „Го блокиравме тоа минатата недела“

Свет | пред 3 дена

media-library67u1l8gcbbcvdhCdzPx

Што ќе се случи ако Трамп ја прекине воената поддршка за Украина?

Свет | пред 4 дена

media-library0k59l1bbd0kf0Z0SkRg

(Видео) Украински дронови нападнаа хемиска фабрика во Русија, избувна голем пожар

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања