Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Орбан до Зеленски: Не ѝ се заканувајте на Унгарија со војници, прекинете со уцените

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
viktor-orban

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска на социјалната мрежа Икс објави порака упатена до украинскиот претседател Володимир Зеленски, во која го обвини за закани и уцени и побара да престане со притисоците и да овозможи непречен премин на унгарските пратки на нафта.

— реклама —
— реклама —

„Претседателе, ја примив вашата порака. Ми се заканивте со војници и преку мене на цела Унгарија. Претседателе, тоа не поминува. Престанете со тоа. Ова е Унгарија. Унгарците не може да се уценуваат, а мене не можете да ме заплашите. Синоќа Унгарците порачаа дека не сакаат влада наклонета кон Украина и не сакаат проукраински премиер во Унгарија. Подобар е мирот. Престанете со уцените и заканите. Прекинете ја нафтената блокада и пуштете ги унгарските пратки на нафта. Наместо закани и уцени, дајте им на Унгарците почитта што ни припаѓа“, напиша Орбан.

— реклама —

Нивниот спор во последните денови ескалираше откако Зеленски на средба со новинарите изјави дека би можел „да даде адреса на една личност во Европската Унија“ која ја блокира европската помош за Украина, за украинските војници „да ја повикаат и да разговараат со неа на свој јазик“.

— реклама —

Во Будимпешта, но и во дел од Европската Унија, ова беше протолкувано како алузија на Орбан, кој повеќепати се судри со европските партнери околу пакетите помош за Киев. Паралелно трае и спорот околу енергетиката, при што унгарската страна зборува за „нафтена блокада“ и тврди дека се загрозува снабдувањето со енергенси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

viktor-orban

Орбан го обвини Туск за обид за државен удар против сопствениот народ

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
orban-tramp1

Зошто Трамп сака Орбан да биде генерален секретар на ОН? Се појави нова теорија

Свет | пред 1 седмица

media-libraryhvtbbknj6p5hb7wDdtY

Орбан, Вучиќ, можеби наскоро и Трамп: Дали следува голем политички пресврт?

Свет | пред 1 седмица

1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Орбан: „Унгарија секогаш може да смета на Фидес“

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања