Промени тема
Контакт

Зеленски донесе одлука: Украина испраќа експерти за ирански дронови на Блискиот исток

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library18i26ga29ta675rNxAu

Володимир Зеленски објави дека неговата земја ќе испрати дел од своите воени експерти на Блискиот исток за да помогнат во борбата против иранските дронови и проектили. Зеленски на платформата X соопшти дека ги задолжил клучните министри и шефовите на безбедносните служби да изработат план за помош кој нема да ги загрози одбранбените способности на Украина, јавува The Hill.

Според зборовите на Зеленски, Иран во само неколку дена лансирал повеќе од 800 проектили и над 1.400 јуришни дронови.

— реклама —

Токму иранските дронови и проектили претставуваат главна закана за слободната пловидба, дестабилизирајќи ги глобалните цени на нафтата, нафтените деривати и гасот“, напиша тој.

Зеленски посочи дека се советува со партнери во Европа и САД, како и дека веќе разговарал со лидерите на Обединети Арапски Емирати, Катар, Јордан и Бахреин. Во план се и разговори со Кувајт и други земји во регионот.

— реклама —

Сите тие се соочуваат со сериозна закана и отворено зборуваат: иранските јуришни дронови се исти 'Шахеди' кои напаѓаа по нашите градови, села и украинската инфраструктура за време на оваа војна“, додаде Зеленски.

— реклама —

Иранските дронови Шахед-136 се оружје кое го користат руските сили во војната против Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0n7gg5pde9lhaJMTimR

Иран до САД постави седум услови за преговори: „Подготвени сме за одлучувачка војна“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Иран егзекутира маж: Го обвинија дека на Мосад му давал информации за ракетни позиции

Свет | пред 2 дена

nafta-mazut

САД бараат заплена на 61 милион долари: Иран наводно „испрал“ 1,5 милијарди преку криптовалути

Свет | пред 6 дена

media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Иран заплени имот на 240 дисиденти и новинари, уапсени повеќе од 6.000 луѓе

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања