„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ватикан

media-librarym2b3h3d0upkj4pa7x7w

Папата остро против медицински потпомогнатото самоубиство, го критикува потегот на Илиноис

Папата Лав XIV изјави дека е „многу разочаран“ од одлуката на американската сојузна држава Илиноис да усвои закон со кој се дозволува медицински потпомогнато самоубиство, нагласувајќи дека таквиот потег е спротивен на основните принципи за почитување на човечкиот живот.Папата потврди дека лично и директно разговарал со гувернерот на Илиноис, Џеј-Би Прицкер, обидувајќи се да го убеди да не го потпише законот. Истото, како што посочи, го направил и чикашкиот кардинал Блејс Купич. Лав XIV за ова прашање зборуваше пред новинарите додека ја напушташе својата летна резиденција во Кастел Гандолфо, јужно од Рим.Тој истакна дека Католичката црква била јасна и недвосмислена во однос на неопходноста од заштита на светоста на животот од самиот почеток до неговиот природен крај. Сепак, како што рече, гувернерот одлучил да го потпише законот од различни причини, што кај него предизвикало длабоко разочарување.Законот беше потпишан на 12 декември и во јавноста е познат како „Законот на Деби“, по име на Деби Робертсон, жителка на Илиноис која боледува од ретка терминална болест. Таа беше една од најгласните поддржувачи на ова законско решение и јавно сведочеше за страдањата на тешко болните и нивните семејства, залагајќи се за правото самите да одлучат како и кога ќе заврши нивниот живот. Гувернерот Прицкер, кој доаѓа од Демократската партија, претходно изјави дека бил длабоко погоден од сведоштвата на пациентите со терминални болести.Папата Лав XIV, кој пораснал во Чикаго, во своето обраќање се повика на католичкото учење според кое животот мора да се штити и брани од зачнувањето до природната смрт, при што се отфрлаат абортусот и еутаназијата. Тој упати апел, особено во божиќниот период, луѓето да размислат за суштината и вредноста на човечкиот живот.„Бог стана човек за да ни покаже што навистина значи да се живее човечки живот. Се надевам и се молам почитувањето кон животот повторно да расте во сите фази на човечкото постоење, од зачнувањето до природната смрт“, порача папата.Шест католички бискупии во Илиноис јавно го осудија потпишувањето на законот, оценувајќи дека со тоа државата тргнува по „опасен и болен пат“. Според податоците на организацијата „Death With Dignity“, медицински потпомогнатото самоубиство е дозволено во уште 11 американски сојузни држави, како и во федералниот округ Колумбија. Последна што го усвои ваквиот закон е сојузната држава Делавер, каде што тој ќе стапи во сила на 1 јануари 2026 година, додека уште неколку држави разгледуваат можност за воведување на слична практика.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryoiesqa3ci5lraSiL21b

Папата го критикуваше Трамп по изјавата за Европа

Папата Лав пред новинарите, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека Европа мора да ја има централната улога во напорите за запирање на војната во Украина. Тој предупреди дека ниту еден мировен план што ја занемарува европската улога не може да биде реалистичен.„Војната е во Европа“, нагласи Папата, додавајќи дека европските земји мора да бидат составен дел од безбедносните гаранции. Тој истакна дека не сите ја разбираат важноста на тоа, но дека Европа мора да биде дел од секој процес на договарање мир по речиси четиригодишниот конфликт.Неговите коментари беа протолкувани како критика кон американскиот претседател Доналд Трамп, чија администрација во почетокот го исклучуваше европското учество во поставувањето на основните рамки за мировни преговори со Москва.На прашање за планот на Трамп, Папата рече дека не сака да го коментира, наведувајќи дека не го прочитал целиот документ. Сепак, нагласи дека она што го видел претставува значително отстапување од долгорочното вистинско сојузништво помеѓу Европа и САД.Папата Лав предупреди и дека некои од неодамнешните американски изјави можат да ги ослабат врските со Европа.„Мислам дека се обидуваат да го разделат она што, според мене, треба да остане многу важно сојузништво – денес и во иднина“, изјави тој.На прашање дали планира да ја посети Украина, Папата одговори дека се надева на тоа, но дека не знае кога би можело да се реализира. „Можеби ќе се оствари“, рече тој.Во меѓувреме, изјави на американски функционери дополнително ги разнишале уверувањата за стабилноста на поствоеното сојузништво меѓу Европа и Вашингтон. Новиот документ за Национална безбедносна стратегија на САД наведува дека Европа мора да го промени својот курс или ризикува да биде „избришана“.„Слаби се“, рече Трамп за европските лидери во изјава за Politico.„Сакаат да бидат политички коректни. Не знаат што да прават“, додаде тој.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Кејт Бланшет, Виго Мортенсен, Спајк Ли – Холивуд во Ватикан на покана од папата Лав XIV, вљубеник во филмот

Папата Лав XIV, познат по својата страст кон филмската уметност, ќе ја отвори вратата на Ватикан за некои од најпознатите имиња на современото кино. На 15 ноември, американскиот папа ќе биде домаќин на посебен настан на кој ќе присуствуваат ѕвезди како Кејт Бланшет, Адам Скот, Виго Мортенсен, Крис Пајн и славните режисери Спајк Ли и Џорџ Милер, авторот на сагата „Лудиот Макс“.Меѓу гостите ќе бидат и актерите Алисон Бри и Дејв Франко, како и режисерите Гас Ван Сент и Тони Кеј. Настанот, што го организира Ватиканската канцеларија за култура, е дел од Светата година на Католичката црква и има за цел да ја продлабочи врската меѓу духовноста и уметноста.Од Ватикан соопштуваат дека папата сака „да го продлабочи дијалогот со филмскиот свет и да ги истражи можностите што уметничката креативност ги нуди за мисијата на Црквата и промовирањето на човечките вредности“.Ова не е првпат поглаварот на Римокатоличката црква да се приближи до холивудските имиња. Во јуни, легендарниот Ал Пачино имаше приватна аудиенција со папата Лав XIV, а само неколку дена пред најавениот настан, тој го пречека и Роберт Де Ниро со неговите деца. Де Ниро изјави дека средбата била „многу лична и емотивна“, особено откако папата примил слика од неговиот покоен внук Лео.Папата, кој потекнува од Чикаго, во неколку наврати ја сподели својата љубов кон филмот, откривајќи дека негови омилени наслови се класиците „Прекрасен живот“, „Моите песни, моите соништа“, „Обични луѓе“ и „Животот е прекрасен“.Настанот наречен Холивуд во Ватикан претставува редок културен дијалог меѓу духовноста и светот на филмот – нешто што, како што наведуваат од Ватикан, папата Лав XIV го смета за „мост меѓу верата и уметноста“.

Магазин | пред 1 месец

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата Лав XIV денес ќе прогласи седум нови светци – меѓу нив и три жени

На свечена миса на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, папата Лав XIV денес ќе прогласи светци три жени и четворица мажи, меѓу кои се и првиот светец од Папуа Нова Гвинеја – лаикот Петар То Рот, надбискупот Игнатиус Чукрлах Малојан, убиен во време на ерменскиот геноцид, и венецуелскиот лекар на сиромашните, Хозе Грегорио Ернандес Сиснерос.На миса која започнува во 10:30 часот, светиците ќе бидат и три монахињи кои ги посветиле своите животи на грижа за болни и сиромашни, како и италијанскиот адвокат Бартоло Лонго, кој во младоста бил сатанистички свештеник, но подоцна се обратил во верата и го основал папското светилиште на Богородица од Розарот во Помпеја.Петар То Рот (1912–1945) бил погубен од јапонските окупаторски сили при крајот на Втората светска војна, поради тоа што ја проповедал христијанската вера и одбил да се откаже од неа. Надбискупот Малојан, пак, бил убиен во 1915 година откако ги одбил повиците на османлиските власти да премине во ислам.Меѓу новите светци е и венецуелскиот лекар Хозе Грегорио Ернандес Сиснерос (1864–1919), познат по својата филантропија и посветеност на најсиромашните. Тој студирал медицина во Каракас и Париз, и со своето знаење ја поставил основата на современата медицина во Венецуела.Папата ќе ја прогласи за света и монахињата Марија Кармен Елена Рендилес Мартинес, првата венецуелска светителка. Родена без лева рака, таа го надминала својот инвалидитет и во 1965 година ја основала конгрегацијата „Слуги на Исус“.Меѓу италијанските монахињи кои ќе бидат канонизирани се Винченца Марија Полони, основачка на Здружението на сестрите милосрдници во Верона, и Марија Тронкати (1883–1969), која повеќе од 40 години работела како медицинска мисионерка во Амазонија, посветувајќи го животот на помагање на домородните народи.Ова е втората канонизација што ја предводи папата Лав XIV откако беше избран за поглавар на Католичката црква во мај. На првата, во септември, тој ги прогласи за светци италијанските верници Карло Акутис, познат како „Божјиот компјутерски гик“, и Пјеро Џорџо Фрасати, симбол на милосрдие и вера.Канонизацијата претставува последен чекор на патот кон светоста во Католичката црква. Таа следи по беатификацијата и може да ја одобри само папата, по детална постапка во три фази – испитување на животот, потврда на чудо, и конечно прогласување за светец.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.09

Папата Лав XIV: „Нема иднина заснована на насилство, прогон или одмазда“

Папата Лав XIV денеска ја изрази солидарноста на Католичката црква со палестинскиот народ во „моченичката земја“ Газа, истакнувајќи дека иднината не може да се гради врз насилство, присилно протерување или одмазда.По завршувањето на неделната молитва „Ангел Господов“ на плоштадот Свети Петар во Ватикан, Папата се обрати пред верниците и претставниците на католички здруженија кои на транспаренти носеа пораки „Мир за Газа“. Тој ги пофали, како што рече, „иницијативите низ целата Црква кои ја изразуваат солидарноста со браќата и сестрите што страдаат во оваа маченичка земја“.„Повикувам повторно: нема иднина заснована на насилство, присилно прогонство или одмазда. Народите имаат потреба од мир,“ нагласи Папата, добивајќи силен аплауз од собраните верници.Израел во меѓувреме ја засили воената кампања во главниот град на палестинската енклава. Во вторник започна голема офанзива врз градот Газа со цел уништување на исламскиот радикален движење Хамас, чиј напад на Израел на 7 октомври 2023 година го предизвика сегашниот конфликт во Појасот Газа.Офанзивата, која беше осудена од меѓународната заедница, доведе до масовно бегство на стотици илјади жители кон југот на територијата, кој речиси целосно е разрушен по речиси две години војна.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Лав XIV се налути на „АИ папата“ и ги нападна милијардерите кои вложуваат во технологија наместо во луѓе

Папата Лав XIV јасно стави до знаење дека не прифаќа идеја за создавање негов дигитален двојник со помош на вештачка интелигенција.„Некој побара дозвола да направи вештачка верзија од мене, преку која луѓето би можеле да се пријават на една веб-страница и да имаат ‘лична аудиенција’ со Папата, кој со помош на АИ би им одговарал на нивните прашања. Јас реков: ‘Не, нема да го одобрам тоа’“, изјави Светиот Отец.„Ако постои личност која не треба да биде претставена преку аватар, тогаш тоа е токму Папата,“ додаде тој, предупредувајќи дека вештачката интелигенција може да создава лажни информации, т.н. „халуцинации“. „Лесно е да се замисли сценарио каде што ‘АИ папа’ би ги советувал верниците да украдат милостиња – што е, секако, грев.“Папата Лав XIV исто така ја осуди и длабоко лажната снимка (deepfake) на која тој паѓа по скали, како и други лажни вести создадени со помош на новите технологии.Светиот Отец упати и критика до најбогатите луѓе во светот, кои вложуваат милијарди во развој на вештачката интелигенција, додека основните човечки потреби остануваат занемарени. „Ако Црквата не проговори, или ако никој не проговори за ова, а Црквата мора да биде еден од тие гласови, постои опасност дигиталниот свет да тргне по свој пат, а ние да станеме пиони или оставени настрана“, рече тој, нагласувајќи дека не е целосно против АИ технологијата.Ова не е првпат Папата да влезе во судир со технолошките милијардери. Минатиот месец остро го критикуваше огромното богатство што го акумулирал Илон Маск, кој возврати со библиски цитат од Евангелието според Матеј:„Зошто го гледаш трунот во окото на братот свој, а гредата во своето око не ја забележуваш?“ (Матеј 7:3–5).„Ќе биде многу тешко да се открие присуството на Бог во вештачката интелигенција,“ заклучи Папата Лав XIV, упатувајќи критика кон оние што работат на развој на општа вештачка интелигенција (AGI).

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата му постави ултиматум на Опус Деи: Имате шест месеци да спроведете реформи

Ватикан ѝ издаде ултиматум на моќната ултраконзервативна католичка организација Опус Деи, принудувајќи ја да ги преиспита своите темели, објавува Ел Крониста. Само два месеци по неговиот избор, наследникот на папата Франциск испрати доверливо писмо до прелатот Фернандо Окарис со барање да ги усогласи статутот на Опус Деи со реформата од 2022 година. Зад ова барање стојат сомнежи за транспарентноста на организацијата и нејзината усогласеност со новата структура на Римската курија.Писмото, до кое дојдоа бројни ватикански новинари, дава рок од шест месеци. Доколку текстот не стигне до Рим до декември, Светата столица ќе „преземе потребни мерки“. Во Мадрид, Барселона и Севиља, каде што Опус Деи управува со училишта и студентски домови, веќе се слуша истата порака: време е за промени или ќе следи губење на влијанието.Опус Деи е тајна ултраконзервативна католичка организација основана во Шпанија во 1928 година од свештеникот Хоземарија Ескрива. Името на латински значи „Божјо дело“, а основната идеја на организацијата е верниците да се стремат кон светост живеејќи ја својата вера преку секојдневните активности: работа, семејство и општествен живот. Декларираната цел на нивната работа е „апостолска работа и доближување на Божјата наука до верниците“, иако од самиот почеток активно учествувале во политичките и општествените процеси на земјите во кои има ограноци на организацијата.Поголемиот дел од членовите се лаици, додека помал дел се свештеници. Членовите се разликуваат по својот животен стил и ниво на вклученост. Некои живеат во семејства, додека други практикуваат целибат и престојуваат во центрите на Опус Деи.Во структурата на Католичката црква, Опус Деи има посебен статус. Тоа е лична прелатура, што значи дека не припаѓа на ниедна епархија, туку директно му одговара на Папата. Работи во 68 земји, вклучувајќи ја и Хрватска. Иако официјално призната од Црквата, Опус Деи со години се соочува со критики поради својата затворена природа, строги внатрешни правила, злоупотреба, принудна работа и влијание во црковните и општествените структури. Организацијата ги отфрла ваквите тврдења и нагласува дека нејзината цел е да им помогне на луѓето да ја продлабочат својата вера и да бидат одговорни членови на општеството.

Свет | пред 7 месеци

500149416_1257246975776933_3755764212407591834_n

Македонска порака до Ватикан преку претседателката: Време е за реформи во ОН

„Имав чест и привилегија во Ватикан да остварам четириесетминутен срдечен разговор со Неговата Светост, Папата Лав XIV“, објави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.Таа додава:„Споделивме мислења за неопходноста од реформи во Обединетите Нации, потребата сите да бидат вклучени во решавањето на глобалните предизвици, како и за други актуелни прашања со коишто се соочува светот.Разговор со човек со ум на математичар, срце на филозоф и душа на духовен водач е искуство што се памети засекогаш. Во него се огледа мудроста на вековите, посветеноста на најранливите и несебичната заложба за мир, правда и реформи во светот.Со Папата разменивме подароци полни со длабока симболика и порака. Стилизираниот симбол на Јустиција, што ми го подари, е симбол на правдата и говори за вербата дека жените можат да направат многу во светот.Оваа средба ќе остане врежана во моите мисли како потсетник на вредностите што треба да нè водат: мир, правда и хуманост!“.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Руски извори: Кремљ не го гледа Ватикан како сериозна сила способна за решавање на конфликти

Русија не го гледа Ватикан како веројатно место за мировни преговори со Украина, бидејќи Светата столица е седиште на католицизмот и е опкружена со Италија, изјавија три руски извори за Ројтерс, членка на НАТО и Европската унија. Изворите, исто така, укажуваат на фактот дека многу руски претставници не можат да патуваат таму поради западните ограничувања.Ватикан досега молчеше јавно за идејата, која ја изнесе американскиот претседател Доналд Трамп по телефонскиот разговор со неговиот руски колега Владимир Путин, дека папата Лав XIV би можел да биде домаќин на разговори со цел да се стави крај на најсмртоносниот конфликт во Европа од Втората светска војна.Италијанската премиерка Џорџија Мелони минатата недела изјави дека Лав XIV, првиот папа роден во САД, ја потврдил својата подготвеност да биде домаќин на разговорите во телефонскиот разговор со неа.„Русија дефинитивно не го гледа Ватикан како сериозна сила способна да реши толку сложен конфликт“, рече висок руски извор запознаен со размислувањето на Кремљ, зборувајќи под услов на анонимност поради чувствителноста на прашањето за „Ројтерс“.Една од причините што ги наведуваат трите извори е дека и Русија и Украина се претежно православни земји и дека Ватикан е опкружен со Италија, членка на НАТО која ја поддржува Украина и постојано воведува санкции врз Русија. Ватикан и Кремљ не одговорија на барањата за коментар.Кога беа прашани за идејата за одржување на разговорите во Ватикан минатата недела, Кремљ рече дека не е донесена никаква одлука. Руските извори, исто така, нагласија дека ќе биде многу тешко за повеќето високи руски функционери да стигнат до Ватикан од Москва бидејќи директните летови беа откажани на почетокот на војната на 24 февруари 2022 година, а има и голем број санкции од Европската Унија воведени врз руски функционери.Тие додадоа дека ги гледаат Турција, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Катар и Оман како потенцијални места за разговорите. Путин постојано ги пофалуваше земјите од Заливот и Турција за нивните напори да посредуваат во прекинувањето на конфликтот.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-05-09-at-08.42.36

(Видео) Преседан во Ватикан: Прво објавено видео од папата веднаш по изборот

Само неколку часа откако кардиналот Роберт Превост вчера беше именуван за нов поглавар на Католичката црква, Ватикан објави видео на кое се гледа како тој ги поздравува 133-те кардинали кои го избраа, пишува Њујорк пост. Папата роден во Чикаго изрази благодарност во Систинската капела неколку часа откако кардиналите го избраа на вториот ден од конклавата. Видеото го прикажува папата Лав XIV како рецитира молитва пред членовите на кардиналниот хор од олтарот на историската римска катедрала, по што се повлекува на колена, каде што се моли приватно. На крајот, може да се види како се ракува со кардиналите со насмевка.Лав XIV. Тој е првиот Американец што станал папа. Откако напредувал во рамките на Редот на Свети Августин, Превост прво бил назначен за администратор во Чикашката епархија, а следната година папата Франциск го назначил за епископ.Превостот бил близок соработник на папата Франциск и надгледувал многу од неговите најголеми реформи во Католичката црква. Тој е 14-тиот папа кој го избрал името Лав, а неговиот презименик бил познат по неговата вклученост во општествените учења на Црквата.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.09

(Видео) Папата Лав XIV излезе на балконот: „Мир со вас!“

Американецот Роберт Франсис Превост е новиот папа.Тој го избра името Папа Лав XIV.Кардиналот Доминик Мамберти го објави тоa пред целата светска јавност.Роберт Превост, кој беше избран за нов папа под името Лав XIV, излезе на балконот на базиликата Света Петра.Првиот папа кој е Американец, беше пречекан со громогласни овации од илјадниците собрани граѓани.Тој го спомена и папата Франциск и рече дека Црквата мора да гради мостови и единство.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-08-at-18.24.01

(Видео) Пуштен бел чад, избран е нов папа

Во Ватикан беше пуштен бел чад.Папата е избран.Вечерва ќе знаеме кој е новиот папа.Откако беше пуштен белиот чад, на плоштадот „Свети Петар“ имаше аплаузи. Се слушаа и ѕвона.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-08-at-12.18.26

Новиот папа сè уште не е избран

Неколку минути пред пладне, од оџакот на Систинската капела излезе црн чад. Ова се случи откако кардиналите не гласаа за нов папа по денешните два круга гласање.Иако кардиналите денес ќе гласаат четири пати, чадот ќе биде пуштен само двапати, освен ако не се избере нов папа.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-07-at-23.39.17

(Видео) Не е избран нов папа, црн чад над Ватикан

Вечерва на првото гласање, кардиналите не успеаја да изберат нов папа.Илјадници верници денеска упорно чекаа на плоштадот Свети Петар во Рим, да се појави бел или црн чад од оџакот на покривот на капелата.Чекањето беше подолго од очекуваното, црниот чад се појави повеќе од три часа по почетокот на конклавата.133 кардинали од 70 земји и од пет континенти во Сикстинската капела ја почнаа конклавата за избор на нов поглавар на Римокатоличката црква.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-07-at-18.36.35

Кардиналите повеќе не смеат да комуницираат со надворешниот свет

Од сега па натаму, кардиналите повеќе не смеат да имаат каква било комуникација со надворешниот свет сè додека не изберат нов папа.Само еден круг гласање ќе се одржи денес попладне, но доколку не се донесе одлука, кардиналите ќе гласаат до четири пати на ден во наредните денови.За избор на нов папа е потребно двотретинско мнозинство, што значи дека процесот може да потрае, иако последните два конклави завршија до крајот на вториот ден.Секој кардинал го дава својот глас со пополнување на ливче на кое е напишано на латински Eligo in Summum Pontificem (јас го избирам за врховен поглавар), до името на избраниот кандидат.Потоа, по редослед на стаж, тие пристапуваат и ги ставаат ливчињата во голема сребрена и позлатена урна.

Свет | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања