ВЕЛЕС

pozar-Veles

Изгореа магацин и канцеларии во фабриката „Мирана“ во Велес – пожарот го гаснеле шест часа

Голем пожар избувна синоќа околу 22 часот во велешката фабрика за прехранбени производи „Мирана“, при што беа зафатени магацинскиот дел и канцелариски простории. Пожарникарите интервенираа веднаш по дојавата, а целосното локализирање на огнената стихија беше постигнато дури шест часа подоцна – околу 4 часот утрово.Според податоците од Центарот за управување со кризи, магацинот во кој имало пластична амбалажа, фрижидери и друга опрема, како и административниот дел со документација и други материјали, биле целосно зафатени од пламените јазици.Иако пожарот е ставен под контрола, на одредени локации во објектот сѐ уште има појава на чад, поради што екипите остануваат на терен за да се спречи евентуално повторно разгорување.Во гаснењето учествуваа:три противпожарни возила од Територијалната противпожарна единица Велес,едно возило на ЈКП „Дервен“,две специјализирани возила на Дирекцијата за заштита и спасување,како и шест полициски службеници од СВР Велес.Надлежните служби ќе вршат дополнителна истрага за причините за избувнувањето на пожарот.

Македонија | пред 6 месеци

SLIKA-4-VELES

Фудбалот е повеќе од игра – Mozzart го отвори вториот мини пич терен во Велес

Во живописниот Велес, град со душа што пулсира со историја, култура и љубов кон спортот, светна нова надеж: мини пич терен кој не само што ги зближува луѓето, туку ја отвора вратата кон соништата на многу млади фудбалери.Теренот е донација од компанијата Mozzart, чија мисија е да покаже дека фудбалот не е само трка за топка – туку празник на заедништво, поддршка и човечност.Акцијата Фудбалот е повеќе од игра започна во Србија, а од оваа година истата се реализира и на македонско тло.Овој терен го носи името на велешката легенда Панче Ќумбев – симбол на посветеност, храброст и инспирација.„За мене ова значи голема чест и почитување,и секако обврска да продолжам со мојот ангажман во фудбалот и воопшто во спортот.Тоа што теренот го носи моето име за мене е голема работа,доказ дека сум оставил белег со својата кариера.Велес и Македонија секогаш давале големи имиња во спортот и мило ми е што Mozzart како општествено одговорна компанија со вложувањето во спортски терени тоа го препознава и поддржува. Вложувањето во спортски терени е вложување во здравјето на младите. Преку спортот можеме да градиме здрава иднина и здрави поколениjа, а основа за тоа се условите и терените. Mozzart очигледно ја знае вистинската формула за тоа и вложува во спортска инфраструктура. Продолжете со оваа благородна мисија и едно големо благодарам за се што правите”, изјави Панче Ќумбев.На отворањето присуствуваа бројни љубители на фудбалот – родители, деца и млади таленти. Сите обединети во една емоција: благодарност.Првите кои имаа чест да го тестираат теренот беа младите фудбалери од Велес. Тие одиграа хуманитарен натпревар со цел да помогнат на лицата со церебрална парализа од својот град — гест кој потврдува дека фудбалот има моќ да обединува и инспирира.„Задоволството е огромно кога гледаме колку значи еден ваков проект за младите. Можеби токму тука ќе се роди новата фудбалска ѕвезда на Македонија. Нашата улога е да поддржиме, а младите да сонуваат, тренираат и го чуваат овој терен како свое светилиште,“ рече Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.Акцијата „Фудбалот е повеќе од игра“ своето патување низ Македонија го започна од бисерот Охрид, продолжи во Велес, и наскоро ќе го заокружи во Свети Николе. Секој град добива нешто повеќе од терен – добива приказна, заедница и потсетник дека спортот има моќ да менува животи.*пр објава

Македонија | пред 6 месеци

NAJAVA-VELES

Mozzart ја продолжува мисијата „Фудбалот е повеќе од игра“ – Велес добива нов мини пич терен!

По одличниот успех во Охрид, иницијативата на Mozzart „Фудбалот е повеќе од игра“ триумфално пристигнува во срцето на Велес.Градот добива современ фудбалски терен, кој гордо ќе го носи името на легендарниот Панче Ќумбев – велешанец кој го симболизира спортскиот жар, неуморна посветеност и љубовта кон играта.Свеченото отворање ќе се одржи на вторник, 22 јули 2025 година, во 18:00 часот. Локација: Улица Петре Прличко бб„Ги покануваме сите љубители на спортот, младите, семејствата и заедницата да ни се придружат во овој радосен момент и заедно да славиме нов почеток” порачуваат од компанијата Mozzart, која повторно го докажува своето силно залагање за развојот на спортот, поддршка на младите таленти и збогатување на локалната заедница.Фудбалот има моќ да нè зближи, да нè мотивира, и да нè научи дека заедно можеме да постигнеме нешта поголеми од било каков резултат – и на теренот, и надвор од него.Ајде да аплаудираме за иднината, за тимскиот дух и за секој гол што инспирира нова генерација. Фудбалот навистина е повеќе од игра – тоа е животна лекција во движење!Акцијата „Фудбалот е повеќе од игра“ започна минатата година во Србија, каде што досега беа отворени пет мини-пич терени посветени на легендарни фудбалери.Почетниот удар го изведе селекторот на репрезентацијата на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, а потоа свои терени добија и славниот ас на Црвена звезда Александар Катаи, репрезентативците Александар Митровиќ и Страхиња Павловиќ, како и капитенот на Нови Пазар, Адем Љајиќ.Проектот потоа се прошири и во Македонија, а првиот терен во Охрид го доби името на локалниот херој Гоце Толески.

Македонија | пред 6 месеци

Vardar

Пронајдено тело на непознат маж во Вардар кај Велес – наредена обдукција

Во реката Вардар, на влез во Велес вчера напладне е пронајдено починато машко лице, чиј идентитет сè уште не е познат.„Известен е јавен обвинител и извршен е увид од увидна екипа на СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатото НН лице ќе биде дадено на обдукција“, соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес.

Македонија | пред 7 месеци

07022025_MICKOSKI-1

(Видео) Се изгради зграда за социјално ранливите семејства во општина Велес

„Нема како, а да не е човек задоволен, кога може да направи некој друг да биде среќен и задоволен, како што јас успеав да видам двајца корисници на овие станови, кои што се позади мене овдека изградени од страна на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор“, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.„Мислам дека што повеќе вакви згради и што повеќе среќни лица, тоа е и поголема нашата мисија и поголемо е задоволството наше.Еве, директорот кажа дека тука не застануваат, го спомена Битола, акцијата што ќе ја прават во Битола, со цел намалување на цената на квадрат станбена површина таму. И ценам дека така треба да се продолжи во периодот кој што следи.Ние како Влада продолжуваме да работиме, да испорачуваме тоа што сме го ветиле на граѓаните, така што уште еднаш еве и јас се приклучам на желбите за спокоен дом, за многу среќа, многу радости во овие домови на идните корисници и да ни се множат уште вакви објекти и уште многу среќни луѓе, кај нас дома во Македонија.“, изјави Мицкоски

Македонија | пред 1 година

kokain

(Фото) Претрес во Велес, пронајден еден килограм чист кокаин

На 29.11.2024 во 18.45 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода Д.С.(43) и Р.С(33), двајцата од Велес.При претрес во домот на С.Т.(49) од Велес, извршен од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и Отсекот за општ криминалитет при СВР Велес, по претходно издадена наредба од Основен суд Велес, во присуство и на адвокат, каде биле затекнати и Д.С. и Р.С., биле пронајдени и одземени еден килограм кокаин, бела тврда материја, течност со остатоци од бела прашкаста материја, гасен пиштол “зораки”, вага и прибор за приготвување на наркотични дроги и други предмети. Д.С. и Р.С. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по насоки на јавен обвинител на лице место се обезбедува С.Т., поради здравствени причини. Извршено е вештачење во Одделот за форензички испитувања и против С.Т., Д.С. и Р.С. поднесена е кривична пријава по брза постапка за ,,Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”," предвидено по член 215 од КЗ.

Македонија | пред 1 година

293927-0.basic-veles

Утре, ден на жалост во Велес, за загинатите сограѓани во трагичната несреќа кај Катланово

Советот на Општина Велес донесе едногласна одлука, утрешниот ден, 18 октомври 2024 година, да го прогласи за Ден на жалост поради трагичната смрт на тројцата наши сограѓани во сообраќајната несреќа што се случи вчера, на 16 октомври 2024 година, на автопатот Скопје-Велес.На Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски манифестации закажани за утре, 18 октомври 2024 година, се одложуваат. Угостителските објекти кои се на територијата на Општина Велес ќе емитуваат сериозна музика, извести Дума.мк.

Македонија | пред 1 година

nikoloski-veles-3

Николоски: Инвестираме во подобрување на инфраструктрурата во сите општини, Велес има огромна подршка од Владата

Инвестираме значајни средства директно во општините за развој и за подобрување на условите за живот на граѓаните. Оваа година ќе се инвестираат 100 милиони евра преку програмата на Владата, следната уште 250 милиони евра за бројни проекти во инфаструктурата. Поднесените проекти преку Министерството за транспорт веќе се одобрени и очекувам многу скоро почеток на нивна реализација, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешнта работна посета на општина Велес.Министерот Николоски заедно со градоначалникот Марко Колев и пратениците од Велес како и директорот на АД за стопаснување со станбен и деловен простор, извршија увид во реконструкција на улицата Луј Пастер, како и во изградената социјална зграда која во моментов е во постапка на распределување.При посетата на социјалната зграда истакна дена ова е мерка со која ќе се обезбеди пристоен дом за 29 ранливи семејства од Велес.„Инвестицијата во оваа зграда е 54,2 милиони денари и во овој момент тече постапка за распределување на становите. Очекувам 29 ранливи семејства од Велес да добијат свој дом и ги мотивирам сите кои ги исполнуваат условите да аплицираат и да видиме среќни семејства кои живеат тука. Уверувам дека процесот ќе биде транспарентен и јас лично ќе го надгледувам и нема да дозволам да има било какви манипулации. Паралелно со овој процес во тек е и распределба на зградата и во Кочани, а веќе во завршна фаза со изградба се зградите и во Бутел и Дебар”- изјави министерот Николоски.Тој истакна дека за општина Велес распеделени се 1,1 милион евра за поодбрување на локалната патна мрежа кои во најголем дел се потрошени за реконструкција на улици низ градот.“Улицата “8 март” се заврши, улицата “Љубљанска” ја завршиваме со реконструкција, следи поставување на сообраќајна сигнализација, a активно работиме и на улицата “Луј Патсер” во должина од околу 1 км која деновиве се асфалтира. Сакам тука да го пофалам и градоначалникот кој прв ги искористи измените на Законот за урбанистичко планирање и аплицираше за изградба на катна гаража токму преку проектот на Владата и уврувам дека за брзо време ќе се изгради катна гаража”- истакна министерот Николоски.Во однос на брзата пруга на Коридор 10, министерот најави дека со изградбата на брзата пруга граѓаните за двесетина минути ќе патуваат од Велес до Скопје со 200 кm на час.Градоналаникот Марко Колев ја потенцираше силната подршка на Владата и министерството во реализација на капиталните проектит за општина Велес.„Ги повикувам сите што ги исполнуваат условите да се јават на повикот за распределба на становите. За да ја ставиме во функција оваа згрaда општина Велес вложи сериозни финансиски средства за снабдување со вода на зградата. Во изминатиот период се реконструираа многу улици низ Велес со подршка на министерството и сакам да додадам дека токму на оваа улица Луј Пастер, општината преку свои средства изврши проширување”- изјави Марко Колев градоначалник на општина Велес.

Македонија | пред 1 година

20240929080257

(Видео) Во околината на Велес: Патници кршеле прозори за да излезат од автобус во кој се појавил чад

Патници кои се враќале од Грција со автобус на туристичка агенција, кршеле стакла за да излезат од автобусот откако возилото почнало да чади. Ова го пренесуваат повеќе македонски медиуми, кои јавуваат дека несреќата се случила во околината на Велес.Според информациите на ТВ21, кои пренесуваат сведоштво, возачот на автобусот прв алармирал да се кршат прозори и да се излезе, а вратите бил затворени.„Скопје1“ побара информации од МВР, од каде очекуваме одговор.

Македонија | пред 1 година

293927-0.basic-veles

Бебе оставено на улица во Велес: сега е во тешка состојба, го нашол случаен минувач

Бебе во тешка здравствена состојба било оставено во центарот на Велес, случаен минувач го однел во болница, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.– Синоќа во 17.40 часот во СВР – Велес, од болница во градот било пријавено дека од страна на случаен минувач, кај нив било донесено бебе, кое било оставено во велешкото централно градско подрачје. Извршен бил разговор со докторка од болницата, која рекла дека бебето било во тешка здравствена состојба и дополнително се чекаат резултати од здравствено испитување. Според докторката, по кратко време во болницата дошла С.К., на околу 20-годишна возраст и се претставила дека била мајка на бебето, но, потоа ја напуштила болницата, појаснија од СВР – Велес.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

motor

Малолетник и малолетничка завршија во болница откако имаа несреќа во Велес при управување на мопед

На 10.07.2024 околу 21.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Вардарска“ во Велес, мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник, паднал на коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а возачот на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во болница во Велес.Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 1 година

nevreme-istra

Велес ќе биде зафатен од невреме со град, дожд, ветер

Од УХМР известуваат дека подрачјето на Велес ќе биде зафатено од невреме.Според ЦУК, тоа ќе биде проследено со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и можна појава на град.Се алармира на внимателност.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-08-16-113019

Левица: Градскиот стадион во Велес претворен во змијарник

Политичката партија Левица објави видео до градскиот стадион во Велес за кој велат дека е претворен во змијарник.„Колкава е грижата за спортот и спортските терени на актуелната локална власт покажуваат спортските игралишта и терени.Наместо спортски терени полни со деца и младинци кои ќе ги користат за спортување и рекреација, тие пропаѓаат поради негрижа и неодговорно постапување од страна на надлежните претпријатија.Градскиот стадион е претворен во ЗМИЈАРНИК обраснат со трева, дрвја и грмушки, поради што е опасно место за секој посетител.Во денешната посета на стадионот, за да се увериме во лошата состојба пред нас се појави змија!!Лажната предизборна пропаганда на Градоначалникот Марко Колев секој ден се повеќе се обелоденува со поставување на неадекватни директори кои не можат да ги решат проблемите со кои се соочуваат претпријатијата и објектите во нивна надлежност.Ги прашуваме директорите на ЈП Парк-Спорт и паркинзи, Зоран Јаневски и директорот на ЈКП Дервен, Горанчо Наунчев, чија одговорност е одржувањето на овие терени⁉️Дали сте запознати со опасностите на кои се изложени граѓаните⁉️Кога мислите да почнете да работите во полза на градот во обезбедување на минимални услови за функционирање на објектите кои треба да бидат во служба на граѓаните⁉️“, велат од Левица.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

„Тој ќе излезе за пет години, може и за помалку, Магдалена дали ќе излезе од онаму каде што е“, реагираат граѓаните по намалувањето на казната

Апелациониот суд од Скопје му ја намалил затворската казна од 18 на 8 години на возачот Ангелче Николов (28) од Велес, кој лани на пешачки премин во Велес усмрти 11-годишно девојче и избега.Граѓаните реагираа на социјалните мрежи во врска со намалувањето на казната.„Ова се последиците на назначување судии и обвинители по слободен избор од гостите по чајџилниците во западна Македонија“, вели поранешниот обвинител Војо Димоски.„Пијан со мерцедес, со 120 км на саат, удира во Магдалена 11 годишна и бега од местото на несреќата. Ја убил.Значи не бил доволно пијан да не знае шо направил. Избегал без да се обиде да и помогне, што му е должност. Ко двапати да ја убил.Само 8 години затвор?Па тој ќе излезе за пет. Може и за помалку.Магдалена дали ќе излезе од онаму каде што е?Дали било кој од нејзините блиски ќе излезе од таму? Пошо и они ко да се умрени сега.Тоа е убиство од небрежност.Во Скопје се тркаат дење и ноќе по партизанска, по 8 септември.Пешачки, црвено?Нема тоа за нив.Сега и овие со електричните тротинети станаа опасни по живот. И по својот и по туѓите.Има патека тој вози ноќе без светла по пешачката. А по неа деца, мајки со колички, таа будалата на тротинет шиба, бесшумно. Додека не убијат некого. Тогаш ќе ви текне да ги регулирате. Не знаеш веќе што ќе те удри надвор. Кола, точак или будала на електричен тротинетЕбаве башибозукот од држава“, вели Тасевски.„1. Усмрти дете.2. Удри во мајката на детето која имаше повреди.3. Возеше пијан.4. Возеше со над дозволена брзина.5. Не застана на пешачки.6. Не укажа помош.7. Беше во бегство три дена.—-1. Неосудуван.2. Признал вина и ја забрзал постапката.3. Изразил каење и ветил дека нема да се повтори.4. Неженет и без оформено потесно семејство.Намалена казна од 18 на осум години затвор.Народ гледа“, пишува Ландов.„Олеснителна околност било то шо не бил женет и ветил дека нема да му се повтори?!Што нема да му се повтори? Бегството или убиството? Или само еден ден ќе се крие следниот пат?Од друга страна, среќа девојчево се изнаживеа, се мажи, деца имаше...кај живејме еееј“, пишува Иљче Затаркоски

Коментари | пред 2 години

akademik-10

Тале од Велес му се јавил на Јанаки по изјавата дека сака да го гони за измама

Адвокатот Јанаки Митровски најави тужба за измама за велешанецот Тале Витанов кој е во фокусот на јавноста поради тоа што лажно се претстави во емисијата „Срце на дланка“, па се собираа донации за да му се помогне.-Преварантов од Велес би да го гонам за измама. Ако има заинтересирани кои донирале пишете ми, објави Митровски на Фејсбук.За краток период во коментари доби поддршка, но и луѓе кои бараат одговорност и од новинарите на самата емисија.По неколку часа, на Фејсбук повторно се огласи адвокатот Митровски.„И со цел памет Трајче коцкарот ми се јави. Не ме личело, адвокат сум бил.“– Може ли да ме сослушаш?, го прашал тој, по што добил одговор:– Не – пишува познатиот адвокат

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања