Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

велес

media-librarynok06pjf7umk7NKNnXl

(Видео) Цеца по скандалот со знамето: Нема да се занимаваме со реакциите на социјалните мрежи

По инцидентот што се случи на концертот во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, кога пејачката Цеца Ражнатовиќ подигна бугарско знаме, таа се огласи со изјава за „Бекстејџ“, објаснувајќи дека нејзиниот гест бил погрешно сфатен и дека немала намера да навреди никого.„Не е ништо необично што секогаш со радост го прифаќам секое знаме од мојата публика, затоа што тоа е мојата публика, мојот народ, моите луѓе. Нас нè поврзува љубовта кон песната, без разлика од каде кој доаѓа. Жал ми е ако тој гест некого повредил, тоа навистина не ми била намерата, а особено не да ги навредам или повредам домаќините. Верувам дека тоа го знаете“, изјави пејачката.Ражнатовиќ се заблагодари и на велешката публика за, како што рече, „прекрасната вечер, убавата енергија, љубовта и спомените што заедно ги создадовме“.Во однос на реакциите што се појавија на социјалните мрежи, таа додаде дека не сака дополнително да ги коментира: „Реакциите се случија во салата, меѓу мене и мојата публика. Ние знаеме како поминавме, што беше убаво, а што помалку убаво на концертот што траеше два часа. Тоа е она што е најважно.“„Нема да се занимаваме со реакциите на социјалните мрежи, затоа што сите ние што таа вечер бевме заедно во Велес знаеме што навистина се случи. Ништо и никој не може да застане помеѓу мене и мојата публика,“ порача Цеца.

Настани | пред 1 месец

media-libraryqge12am6crak45LorDX

(Фото) Почнува нова ера во извршувањето на казните: поставена првата алка за домашен затвор

Во Велес започна примената на електронски надзор како форма на извршување на казна куќен затвор, откако 79-годишен велешанец денеска прв во земјава доби електронска алка на глуждот. Тој е осуден на три месеци куќен затвор, а надзорот ќе го вршат службеници од Секторот за пробација при Управата за извршување на санкции.„Денеска, во општина Чашка, овластени службеници ја поставија првата опрема за електронски надзор со што започна извршувањето на првата изречена пресуда куќен затвор“, соопштија од Управата.Осудениот не смее да го напушта своето живеалиште во период од три месеци, освен за најмногу два часа дневно, колку што му е дозволено движење на отворено.Во случај на непочитување на упатствата или нарушување на ограничувањата, пробациските службеници ќе го известат судот, кој може да ја преиначи мерката во затворска казна.Од Управата за извршување на санкции потенцираат дека електронскиот надзор е поекономичен и похуман облик на санкција, особено кога се работи за постари лица или случаи со полесна казна.Со ова, Македонија и официјално ја воведе модерната европска практика на „куќен затвор со електронска алка“, која овозможува поефикасно спроведување на казните, без неопходност сторителите да бидат физички сместени во затвор.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykun0sn2mbqmrfEj0Kh1

Крмов: Забраната за рекламирање на Левица е политичка цензура

На народниот собир во Велес, освен претседателот на партијата Димитар Апасиев, присуствуваше и пратеникот Борислав Крмов, кој е и координатор на Изборна единица 3. Крмов се обрати пред граѓаните и зборуваше за цензурата со медиумско рекламирање што ѝ се прави на Левица.„Претседателот Апасиев и јас, како пратеник од оваа Изборна единица, сме тука за да дадеме поддршка на нашите членови од советничката листа. За локалните проблеми тие зборуваа и тие најдобро ги познаваат. Јас сакам да се осврнам на главната вест – забраната за рекламирање на Левица,“ рече Крмов.Тој нагласи дека ова не е обична мерка, туку чекор карактеристичен за авторитарни режими:„Граѓаните треба да знаат дека ова е политичка цензура. Авторитарните режими прво удираат на својот најголем непријател, а тоа очигледно е Левица. Ако СДСМ беше најголем противник на ВМРО-ДПМНЕ, ваква забрана ќе им се случеше ним. Како може триесет години тоа да не се случи никому, а денес се случува токму на Левица?“Крмов предупреди дека ваквите процеси не застануваат само на партиите:„Ова се, за жал, профашистички тенденции на власта. Прво ќе тргнат со политичките партии што им пречат, а потоа тоа ќе се префрли и кај граѓаните – со цензура, апсења и репресија. Затоа ова мора веднаш да се спречи.“И покрај забраната, Левица најавува дека овој срамен чекор на власта ќе го претвори во предност:„Нашиот наводен хендикеп, што нема да нè има во медиумите, ќе го претвориме во сила. Со тоа што Левица е единствената партија на која ѝ се забранува рекламирање, нè издвојуваат како единствена сила надвор од мноштвото. Ја акцентираат Левица како единствената партија што му прави проблем на ВМРО-ДПМНЕ и на целиот систем, како страно тело кое тие сакаат да го исфрлат.“Крмов порача дека токму тоа е надежта на граѓаните:„Луѓето триесет години чекаат нова, вистинска опција. Тоа е Левица – фактички, единствената опција на овие избори.“

Македонија | пред 2 месеци

media-librarys8b2fdmrfg108TXYQZ6

Апасиев од Велес: Левица се факторизира како втора партија во државата

,,Левица за првпат има шанси во некои општини да биде втора партија, веднаш зад ДПМНЕ, што значи дека се факторизира како втора партија во државата. Мислам дека тој налет, којшто сега, за среќа, се поклопува со овие избори, е незапирлив, без оглед на тоа какви опструкции прават", истакна претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, од средбата со граѓани во Велес.- Оттука, од мојот роден град, Титов Велес, традиционално, ја почнуваме кампањата. Овие избори класична кампања нема да имаме затоа што сме цензурирани. Од што сме цензурирани? Цензурирани сме од премиерот Мицкоски, директна порака, од медиуми, значи, од телевизии, радија, весници, интернет портали и друго. Сето тоа е забрането за една регистрирана и легитимна политичка партија, за првпат во плуралистичка Македонија. Судовите се паднати од Марс, секаде се обративме, сите се прават „на Тошо“. Оваа лакрдија ќе заврши во Стразбур, но ќе заврши по две - три години и затоа овие избори Левица нема да има рамноправен старт, но дијалектички ние ќе го постигнеме историскиот максимум. А тоа е - ќе одиме на над 70.000 гласа, коишто ги освоивме на Парламентарните избори - образложи лидерот на Левица, Апасиев.Тој ја истакна и штетата што е нанесена од ваквото цензурирање.- Штетата изразена во евра е околу 400.000 евра, коишто ни се ускратени за платено политичко рекламирање, а коишто ние не можеме да ги дистрибуираме до медиумите. Тоа е паричната штета, политичката штета е поголема, огромна. Нашите кандидати на трка од 100 метра тргнуваат од нула, а тие тргнуваат од 90 метра. Тоа е сликовито каков е теренот, меѓутоа она во што ние полагаме надеж се младите, коишто полека, но сигурно, се вртат кон нашите кандидати и тука е нашата компаративна предност. Очекуваме, како што кажав, историски скор и конкретно - во Велес очекуваме и да го зголемиме бројот на советници, досега беа тројца, ќе влезат, можеби, и повеќе. Мислам дека овој нефер третман народот интуитивно го чувствува и се враќаат кон послабиот, кон оној кому му се прави неправда. И оттука, очекувам да се сврти во наша полза - рече Апасиев.- Иако одбранбените механизми кои ни стојат на располагање веќе ги исцрпивме - Уставниот суд спие, Основниот граѓански суд се огласи како ненадлежен, Правниот суд - исто така, Комисијата за спречување на дискриминација дава само мислење, нема егзекутивно многу, така што овие избори ќе бидат низ вода, практично, за нас. Но ќе ги добиеме пред Стразбур, а потоа некој ќе треба да сноси не само политичка, туку и материјална одговорност, односно, ние ќе си ги бараме по судски пат овие пари коишто ни следуваат.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarymqmp6g0rf7nc3xPkWLk

Постапки против дилери на марихуана во Велес и Скопје

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Двајцата осомничени соизвршители, во периодот од март до септември годинава, во атарот на велешкото село Карабуниште неовластено произведувале марихуана. Засадиле 100 семки канабис на нива во месноста викана Пчиња, од кои изникнале 80 растенија кои ги одгледувале и ги наводнувале.На 27 септември осомничените биле затекнати од полициски службеници додека собирале цвет од канабис. На лице место биле пронајдени машини за одвојување на цветот од стеблото, 3 пластични кофи со вкупно над 4 килограми марихуана и повеќе вреќи со стебла од канабис.За истото кривично дело и Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против едно лице, кое неовластено произведувало и држело за продажба наркотична дрога – марихуана.Во дворот на осомничениот на улицата “Кадињача” во Скопје полицијата пронашла две растенија канабис кои ги одгледувал, а од домот биле одземени и 38 паковки со вкупно околу 30 грама марихуана и една дигитална вага со траги од канабис и кокаин.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarymqmp6g0rf7nc3xPkWLk

Претрес во Велешко: Приведени две лица, пронајдена марихуана и пиштол

Вчера во 18:00 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишија од слобода Г.Л. (46) и Г.Д. (39), двајцата од Скопје. По претходно добиени сознанија и врз основа на наредба од Основен суд Велес, извршен е претрес на викенд куќа и помошни простории во атарот на село Карабуниште, кои ги користи Г.Л.При претресот, во близина на куќата, лицата беа затекнати како од нива откопуваат стебла од растението канабис. Во текот на акцијата беа пронајдени повеќе кофи и вреќи со марихуана, машина за обработка на стебла канабис и пиштол.Лицата се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 2 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Ужас во Велес: Поранешен партнер ја демнел и тепал жртвата – судот му одреди притвор

Постапувајќи по поднесена кривична пријава од МВР, Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 59-годишен жител на Велес, осомничен за кривични дела – демнење и продолжено насилство.Од предистражните дејствија произлегува дека осомничениот, кој бил во интимна врска со жртвата, со месеци ја следел и се мешал во нејзиниот личен живот, проверувал со кого комуницира, каде излегува, ја навредувал и психички ја вознемирувал. Со своите постапки кај неа предизвикувал чувство на страв, несигурност и вознемиреност.На 18 септември, во текот на целиот ден, осомничениот вршел грубо насилство врз жртвата, при што и нанел телесни повреди. Првин ја нападнал на нејзиното работно место, а потоа трипати насилно влегол во нејзиниот стан и повторно физички ја нападнал.Јавниот обвинител оценил дека постои сериозен ризик осомничениот да ги повтори насилничките дејствија, имајќи предвид неговата упорност и фактот што работи заедно со жртвата. Дополнително, поради неговото занимање и важечката документација за премин на државната граница, постоела опасност и од бегство.Затоа, обвинителството до Основниот суд во Велес поднесе предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и определи притвор за осомничениот, информираат од Обвинителството.

Македонија | пред 2 месеци

rosica

(Видео) „Секој насилник да носи електронска нараквица, трагедијата со Росица да биде последна“, бараат либералите

Трагичниот случај во Велес, во кој беа убиени Росица и нејзиниот татко, повторно ја отвори темата за потребата од посилна заштита на жртвите на семејно насилство. На денешната прес-конференција во Скопје, Либерално-демократската партија (ЛДП) побара итно усвојување на законските измени за воведување на електронски нараквици за насилниците.Членката на Извршниот одбор на ЛДП, Цветанка Геговска, посочи дека доколку измените предложени од пратеничката Моника Зајкова биле изгласани во април, сторителот ќе носел електронска нараквица и трагедијата можела да биде спречена.„Овој уред ја предупредува жртвата кога насилникот е на оддалеченост помала од 100 метри. Со тоа би се зголемил степенот на заштита и би се намалила можноста за повторно изложување на насилство,“ изјави Геговска.Од ЛДП порачаа дека измените се системска мерка за подобрување на механизмите за заштита и апелираа пратениците, независно од партиска или етничка припадност, да дадат поддршка во Собранието.„Граѓаните ги избраа своите претставници за да носат одлуки кои ќе го подобрат секојдневието. Нека трагедијата на Росица биде последна,“ нагласи Геговска.

Македонија | пред 2 месеци

media-library08l519k4vj934g9OFt2

Трагедија што можеше да се спречи – јавноста бара одговорност од судиите и обвинителите

Трагедијата во Велес, кога 31-годишната Росица Коцева и нејзиниот татко беа убиени од нејзиниот поранешен партнер, ја разгневи јавноста и предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.Докторантката по невронаука, Ирена Чаушевска Даниловска, побара протестите да се насочат кон судовите и обвинителството, наместо пред МВР. Таа посочи дека полицијата имала наложени мерки и ги спроведувала, но судот и обвинителството му го укинале домашниот притвор на сторителот и изрекле условна казна за сериозни дела на насилство и киднапирање.„Пет дена подоцна – Росица и нејзиниот татко се мртви. Ако градежен инженер за една грешка оди во затвор, зошто судиите и обвинителите немаат никаква одговорност кога нивните одлуки директно доведуваат до убиства?“, напиша таа, барајќи кривична и дисциплинска постапка за надлежните судии и обвинители и законски измени со кои ќе се забранат условни казни за насилници.Инфлуенсерката Миа Костова исто така се огласи, нарекувајќи го случајот „вистински хорор“. Таа потсети на свои претходни искуства со закани и непостапување на институциите и порача дека „забраната за приближување“ е бескорисна мерка. „Пријава, насилство, закани – притвор. Па нервирај се од таму и објаснувај се дали е твоја или не“, напиша Костова.Реагираше и активистката Ина Многуфина, која праша кој ќе понесе одговорност за тоа што Росица не добила заштита и покрај бројните пријави против убиецот. „Некој сметал дека овој човечки отпадок треба да е на слобода и да може да ја малтретира. Некој не видел проблем во тоа. Прашањето е кој? Тоа сакаме да знаеме – кого плаќаме за помош, а не помага?“, напиша таа.По трагичниот случај, сè погласни се повиците за конкретна одговорност на судиите и обвинителите кои носат одлуки што, според критичарите, директно ги ставаат жртвите во животна опасност.

Македонија | пред 2 месеци

rosica-1

Дали полицијата потфрлила во случајот со Росица, ќе треба да каже Внатрешната контрола при МВР

Јавноста бара одговори кој потфрлил во заштитата на 31-годишната Росица Коцева од Велес, која беше убиена и покрај тоа што претходно имала низа пријави против убиецoт, Илија Стефановски, пред трагедијата. Кога новинарите прашуваа, зошто велешкото или скопското Обвинителство не барале построги мерки за Стефановски, кој не ја почитувал забраната за приближување на Росица, оттаму одговорија дека полицијата не ги известила. Истовремено, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција посочува дека тие не можат да лоцираат директна одговорност кај полициски службеници, бидејќи тоа прво треба да го испита Внатрешан контрола при МВР.„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР има надлежност за испитување дали полициските службеници постапувале спротивно на законските прописи во конкретниот случај. Доколку се утврди дека со дејствијата на полициските службеници се исполнети елементи на кривично дело, обвинителството ќе постапи согласно своите надлежности“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.Документите покажуваат дека Росица повеќепати пријавувала вознемирување и напади – од вознемирување додека таа шетала куче, преку физички напад во двор на училиште, па сè до испишување навредливи графити со нејзиното име, запалено возило на нејзиниот татко, па дури и експлицитни снимки оставени на влез од продавница.Иако постоеле судски мерки за забрана за приближување, доказен материјал бил доставен до Обвинителството уште во јули годинава дека Стефановски не ги почитувал. Сепак, институциите очигледно не реагирале навреме.Прашањето кое јавноста сега го поставува е – зошто никој не ја спречил трагедијата.

Македонија | пред 2 месеци

ubiec-rosica

(ФОТО) Ова е Илија Стефановски, убиецот на Росица од Велес

Против Илија Стефановски, осомничен за убиството на 31-годишната Росица Коцева и нејзиниот татко Киро Коцев (74) во Велес, претходно биле поведени повеќе постапки за закани и насилство, соопшти Основното јавно обвинителство.Убиената Росица неколку пати го пријавувала Стефановски за семејно насилство и за непочитување на забраната за приближување. На 10 септември годинава тој бил условно осуден.Во мај, пак, од нејзиниот дом го одзел и го запалил автомобилот на нејзиниот татко.Случаите биле пријавувани во ОЈО Велес, а дел и во ОЈО Скопје, каде осомничениот ја пријавил Росица дека му поднесува лажни пријави со цел да му изнуди пари.

Македонија | пред 2 месеци

IMG_5168

Крвав злостор во Велес: Убиени ќерка и татко, почина и напаѓачот

Денеска околу 15:30 часот на улицата „Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет. Станува збор за 31-годишната Р.К. од Велес, која итната медицинска помош ја пренела во болницата, но лекарите констатирале смрт.Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, бил пронајден мртов и нејзиниот татко К.К. (68), исто така со повреди од остар предмет.Во истиот дом со повреди од остар предмет бил затекнат и И.С. (39) од Скопје, поранешен партнер на Р.К. Според првичните информации, токму тој ги нападнал ќерката и таткото, по што сам си нанел повреди. И.С. бил пренесен во болницата во Велес, каде што лекарите исто така констатирале смрт.Увид на местото на трагедијата врши јавен обвинител во содејство со увидна екипа на СВР Велес. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 2 месеци

pozar-Veles

Изгореа магацин и канцеларии во фабриката „Мирана“ во Велес – пожарот го гаснеле шест часа

Голем пожар избувна синоќа околу 22 часот во велешката фабрика за прехранбени производи „Мирана“, при што беа зафатени магацинскиот дел и канцелариски простории. Пожарникарите интервенираа веднаш по дојавата, а целосното локализирање на огнената стихија беше постигнато дури шест часа подоцна – околу 4 часот утрово.Според податоците од Центарот за управување со кризи, магацинот во кој имало пластична амбалажа, фрижидери и друга опрема, како и административниот дел со документација и други материјали, биле целосно зафатени од пламените јазици.Иако пожарот е ставен под контрола, на одредени локации во објектот сѐ уште има појава на чад, поради што екипите остануваат на терен за да се спречи евентуално повторно разгорување.Во гаснењето учествуваа:три противпожарни возила од Територијалната противпожарна единица Велес,едно возило на ЈКП „Дервен“,две специјализирани возила на Дирекцијата за заштита и спасување,како и шест полициски службеници од СВР Велес.Надлежните служби ќе вршат дополнителна истрага за причините за избувнувањето на пожарот.

Македонија | пред 4 месеци

SLIKA-4-VELES

Фудбалот е повеќе од игра – Mozzart го отвори вториот мини пич терен во Велес

Во живописниот Велес, град со душа што пулсира со историја, култура и љубов кон спортот, светна нова надеж: мини пич терен кој не само што ги зближува луѓето, туку ја отвора вратата кон соништата на многу млади фудбалери.Теренот е донација од компанијата Mozzart, чија мисија е да покаже дека фудбалот не е само трка за топка – туку празник на заедништво, поддршка и човечност.Акцијата Фудбалот е повеќе од игра започна во Србија, а од оваа година истата се реализира и на македонско тло.Овој терен го носи името на велешката легенда Панче Ќумбев – симбол на посветеност, храброст и инспирација.„За мене ова значи голема чест и почитување,и секако обврска да продолжам со мојот ангажман во фудбалот и воопшто во спортот.Тоа што теренот го носи моето име за мене е голема работа,доказ дека сум оставил белег со својата кариера.Велес и Македонија секогаш давале големи имиња во спортот и мило ми е што Mozzart како општествено одговорна компанија со вложувањето во спортски терени тоа го препознава и поддржува. Вложувањето во спортски терени е вложување во здравјето на младите. Преку спортот можеме да градиме здрава иднина и здрави поколениjа, а основа за тоа се условите и терените. Mozzart очигледно ја знае вистинската формула за тоа и вложува во спортска инфраструктура. Продолжете со оваа благородна мисија и едно големо благодарам за се што правите”, изјави Панче Ќумбев.На отворањето присуствуваа бројни љубители на фудбалот – родители, деца и млади таленти. Сите обединети во една емоција: благодарност.Првите кои имаа чест да го тестираат теренот беа младите фудбалери од Велес. Тие одиграа хуманитарен натпревар со цел да помогнат на лицата со церебрална парализа од својот град — гест кој потврдува дека фудбалот има моќ да обединува и инспирира.„Задоволството е огромно кога гледаме колку значи еден ваков проект за младите. Можеби токму тука ќе се роди новата фудбалска ѕвезда на Македонија. Нашата улога е да поддржиме, а младите да сонуваат, тренираат и го чуваат овој терен како свое светилиште,“ рече Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.Акцијата „Фудбалот е повеќе од игра“ своето патување низ Македонија го започна од бисерот Охрид, продолжи во Велес, и наскоро ќе го заокружи во Свети Николе. Секој град добива нешто повеќе од терен – добива приказна, заедница и потсетник дека спортот има моќ да менува животи.*пр објава

Македонија | пред 4 месеци

NAJAVA-VELES

Mozzart ја продолжува мисијата „Фудбалот е повеќе од игра“ – Велес добива нов мини пич терен!

По одличниот успех во Охрид, иницијативата на Mozzart „Фудбалот е повеќе од игра“ триумфално пристигнува во срцето на Велес.Градот добива современ фудбалски терен, кој гордо ќе го носи името на легендарниот Панче Ќумбев – велешанец кој го симболизира спортскиот жар, неуморна посветеност и љубовта кон играта.Свеченото отворање ќе се одржи на вторник, 22 јули 2025 година, во 18:00 часот. Локација: Улица Петре Прличко бб„Ги покануваме сите љубители на спортот, младите, семејствата и заедницата да ни се придружат во овој радосен момент и заедно да славиме нов почеток” порачуваат од компанијата Mozzart, која повторно го докажува своето силно залагање за развојот на спортот, поддршка на младите таленти и збогатување на локалната заедница.Фудбалот има моќ да нè зближи, да нè мотивира, и да нè научи дека заедно можеме да постигнеме нешта поголеми од било каков резултат – и на теренот, и надвор од него.Ајде да аплаудираме за иднината, за тимскиот дух и за секој гол што инспирира нова генерација. Фудбалот навистина е повеќе од игра – тоа е животна лекција во движење!Акцијата „Фудбалот е повеќе од игра“ започна минатата година во Србија, каде што досега беа отворени пет мини-пич терени посветени на легендарни фудбалери.Почетниот удар го изведе селекторот на репрезентацијата на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, а потоа свои терени добија и славниот ас на Црвена звезда Александар Катаи, репрезентативците Александар Митровиќ и Страхиња Павловиќ, како и капитенот на Нови Пазар, Адем Љајиќ.Проектот потоа се прошири и во Македонија, а првиот терен во Охрид го доби името на локалниот херој Гоце Толески.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања