Промени тема
Контакт

(Фото) Почнува нова ера во извршувањето на казните: поставена првата алка за домашен затвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-libraryqge12am6crak45LorDX

Во Велес започна примената на електронски надзор како форма на извршување на казна куќен затвор, откако 79-годишен велешанец денеска прв во земјава доби електронска алка на глуждот. Тој е осуден на три месеци куќен затвор, а надзорот ќе го вршат службеници од Секторот за пробација при Управата за извршување на санкции.

„Денеска, во општина Чашка, овластени службеници ја поставија првата опрема за електронски надзор со што започна извршувањето на првата изречена пресуда куќен затвор“, соопштија од Управата.

— реклама —

Осудениот не смее да го напушта своето живеалиште во период од три месеци, освен за најмногу два часа дневно, колку што му е дозволено движење на отворено.

— реклама —

Во случај на непочитување на упатствата или нарушување на ограничувањата, пробациските службеници ќе го известат судот, кој може да ја преиначи мерката во затворска казна.

Од Управата за извршување на санкции потенцираат дека електронскиот надзор е поекономичен и похуман облик на санкција, особено кога се работи за постари лица или случаи со полесна казна.

— реклама —

Со ова, Македонија и официјално ја воведе модерната европска практика на „куќен затвор со електронска алка“, која овозможува поефикасно спроведување на казните, без неопходност сторителите да бидат физички сместени во затвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library15c06k3njtt5bcHcS4c

(Фото) Велес постави нов рекорд на „Питијада“ со пита долга 4,4 метри

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarysbs0jk7t5jfl39hdKQr

Во Велес почна изградбата на подземна катна гаража и нов плоштад

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryiopn75ll2h7127tYOwl

(Видео) Бесплатни јајца предизвикаа турканици во Велес, интервенираше полицијата

Настани | пред 6 месеци

stef-dimovski-velesani-1

Осудениот Стефан Димовски за сексуална експлоатација на малолетничка избегал од куќен притвор, откако му бил изречен со гаранција од 70.000 евра

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања