Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

(Видео) Бесплатни јајца предизвикаа турканици во Велес, интервенираше полицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Настани
media-libraryiopn75ll2h7127tYOwl

Околу две илјади табли со јајца беа поделени за помалку од еден час во Велес, откако хуманитарна акција предизвика огромен интерес кај граѓаните и резултираше со метеж и турканици.

— реклама —

Според информации објавени во медиумите, поради безредието и гужвата меѓу присутните кои чекале во редици, морала да интервенира и полицијата за да воспостави ред и да спречи евентуални повреди.

— реклама —

Хуманитарниот настан бил организиран како донација од велешани од дијаспората во Соединетите Американски Држави, преку транспортната компанија „Шилер“, која веќе трета година по ред организира бесплатно делење јајца во пресрет на велигденските празници.

— реклама —
— реклама —

Големиот интерес брзо ја нарушил организацијата на настанот. Според сведоци, дел од граѓаните земале и по две или три табли јајца, објаснувајќи дека ги носат за роднини или соседи кои не можеле да дојдат.

Во услови на поскапување, една табла јајца достигнува цена од околу 300 денари, што дополнително ја зголеми побарувачката. Заедно со јајцата, волонтерите делеа и ќесички со црвена боја за вапцување.

Организаторите посочија дека дел од донацијата претходно била дистрибуирана до социјално загрозени семејства.

„Целта ни е граѓаните да ги почувствуваат радостите на Велигден. Дел од јајцата веќе беа поделени на оние на кои им се најпотребни“, информираа од компанијата.

Покрај делењето на јајца, за најмладите посетители била организирана и забавна програма со кловн и активности поврзани со велигденските празници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

stef-dimovski-velesani-1

Осудениот Стефан Димовски за сексуална експлоатација на малолетничка избегал од куќен притвор, откако му бил изречен со гаранција од 70.000 евра

Македонија | пред 5 дена

media-libraryi74sgg7bee2a9a5IPKE

Пијан возач со 3,15 промили удрил во објект во Велес, па побегнал

Македонија | пред 2 месеци

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Граѓанин лажно пријавил „малтретирање“ од полицајци, камерите ја разоткрија измамата

Македонија | пред 2 месеци

media-library11eup84q6v8c2MivoIw

Затворен правецот Велес–Скопје кај Отовица, укината забраната за тешки моторни возила кај Ѓавато

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања