Осудениот Стефан Димовски (29), во случај поврзан со сексуална експлоатација на малолетно лице во Велес, е во бегство откако избегал од куќен притвор, иако против него веќе била изречена правосилна пресуда.
Неговиот траг се губи од почетокот на март, во момент кога меѓу обвинетите се проширила информација дека Апелациониот суд им ги зголемил затворските казни.
Од Кривичниот суд Скопје потврдуваат дека Димовски не е достапен за органите на прогонот, по што му е одредена мерка притвор и е распишана централна потерница.
Иако претходно му била изречена мерка домашен притвор како поблага мерка за обезбедување присуство, тој успеал да ја напушти локацијата и да стане недостапен, и покрај тоа што имал положено гаранција од 70.000 евра и му била одземена патната исправа.
Надлежните институции преземаат мерки за негово пронаоѓање.
Зголемени се казните за осудените лица од Велес за силување малолетничка
Апелациониот суд донесе одлука за зголемување на затворските казни на сите 13 осудени лица од Велес за сексуално злоставување на девојче под 14 години. Првичната пресуда беше донесена од Кривичниот суд во ноември 2024 година.На првообвинетиот Стефан Димовски казната затвор од 5 и пол години му се зголемува на 8 и пол години. Второобвинетиот Дејан Спасиќ кој првично беше осуден на четири години затвор сега доби казна од шест и пол години. Повисоки казни има и кај трето и четврто обвинетите од че
Македонија | пред 2 месеци