ВЕЛЕС

image-180818

Тале од Велес лажел дека е самохран татко, па со пари од донации се коцкал

Тале Витанов од Велес ја измами цела Македонија, а хуманоста на бројни добри луѓе е злоупотребена. Ова утрово се споделува на сите социјални мрежи.Имено, револрирани граѓани велат дека ја откриле измамата овој велешанец за кој јавноста дозна до емисијата „Срце на дланка“.Инфлуенсерката Миа Костова се огласи на фејсбук по повод овој случај. Вели донирала, но и побара одговорност од „Срце на дланка“.-Апелов го објавивме мислам дека сите! Никогаш не сум кажала кога донирам, ама еве сега ќе кажам дека во истиот момент префрлив пари на сметка. Се испостави дека се работи за коцкар, кој дреме по кладилници, своевремено освоил џекпот на апарати од 26.000 евра, со сопругата не е разделен, го гледаат низ Велес, самохран татко бил за потребите на снимањето. Од вакви приказни утре нема да донира некој кај што е навистина потребно. Јавно барам одговорност од Срце на дланка со она малку новинарско искуство што го имам, како снимаат сторија ако цел Велес знае за каков човек се работи, а тие на еден повик одат и прават приказна која вклучува и деца кои судејќи по трпезата и расположението на Тале, не се баш гладни. Срамота! - напиша револтирано Миа.

Македонија | пред 3 години

dfaSDADF

(ФОТО) Другарчињата се простуваат од загинатото девојче од Велес: Магдалена, многу ќе ни фалиш

Трогателни пораки со кои другарчињата се простуваат од Магдалена, се објавени на социјалните мрежи.Родителите чии најмлади се другарчиња на девојчето од Велес кое беше прегазено и усмртено, прашуваат:„Како да му кажеш на 11 годишно дете дека другарка му веќе ја нема, како да му го скршиш срцето на милион парчиња и после да бараш начин да ги залепиш, а и самата знаеш дека никогаш веќе нема да е исто? Како да ги задржиш солзите кога син ти ти вика: 'Имам дупка кога дишам, како да фали дел од мене...'' Пријатели, велешани, денес во 15:00 часот кој милува нека дојде на местото на немилиот настан, во знак на сочувство и љубов кон семејството, но и во знак на бес и револт кон проклетникот кој не се ни свртел позади себе... Мило дете, играта со соучениците пребрзо ја замени со игра со ангелите на небото, бескрајно ќе им недостасуваш на твоите VI-5“.Пораките на другарчињата на загинатото девојче:

Македонија | пред 3 години

IMG_4243

Тракторист од Велес осомничен за напад врз полицајци

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице на возраст од 63 години за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста од чл.383 ст.2 в.в.ст.1 од Кривичниот законик.На 23 август, осомничениот нападнал двајца полициски службеници од СВР Велес, нанесувајќи им телесни повреди. Откако управувајќи трактор не сопрел на зададените звучни и светлосни предупредувања од полицајците, туку продолжил да се движи кон индустрискиот дел од градот, оштетените со полициско возило го стигнале.На знак од еден од оштетените со светлечка палка СТОП и гласно упатено барање да запре, осомничениот свртел со тракторот во лево и продолжил да се движи во правец директно кон оштетените. Со тракторот удрил најпрвин во едниот, а потоа и во другиот полициски службеник. Полицајците се обиделе да го запрат, но тој продолжил да ги удира со боксови. Кога конечно успеале да го совладаат, им се заканил дека ќе го запаметат, како и дека ќе ги уништи нив и нивните семејства.Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото, особено со оглед на упатените закани кон оштетените, јавниот обвинител достави предлог на осомничениот да му се определи мерка притвор. Судијата на претходна постапка од Основен суд Велес го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 8 дена.​​

Македонија | пред 3 години

Stobi

Левица поднесе барање за инспекциски надзор за модната конфекција „Стоби“ од Велес

Модната конфекција „СТОБИ” од Велес повторно го злоупотребува Законот за работни односи и ги крши правата на работниците. Во Левица се обратија работници, вработени во оваа конфекција, изложувајќи ги своите проблеми и барајќи помош за нивно решавање. Согласно нивните кажувања, во оваа конфекција на работа доаѓале работници кои што веќе се пензионирани, како и работници кои што биле прогласени за технолошки вишок и земале отпремнина од фирмата. Исто така, регресот за годишен одмор, т.н. К-15 им бил исплатен на работниците, но следниот ден биле принудени да ги вратат на сопственикот на конфекцијата. Дополнително, и плататаим била исплаќана со задоцнување, се вели во соопштението.„Потсетуваме дека во оваа конфекција во континуитет постојат малверзации во работењето, во однос на работничките права. Пред неколку години, Трудовата инспекција констатираше злоупотреби во работењето на Конфекцијата, но, изречените мерки не вродија со плод, затоа што незаконското работење продолжи и понатаму.Со цел да се заштитат правата на работниците во оваа конфекција, Левица поднесе Барање за вонреден инспекциски надзор до Државниот инспекторат за труд. Законската регулатива во однос на заштитата на правата на работниците е минимална и затоа е потребно системско решавање на оваа сфера. Лошите законски решенија, кои ги штитат само газдите, се резултат на децениските политики на естаблишментот, кој се става во служба само на интересот на капиталот.Дека правата на работниците системски се уништуваат, говори и тоа што пратениците од коалицијата на СДСМ и ДУИ гласаа против предлозите на Левица, за унапредување на правата на работниците – со што власта ја легализира експлоатацијата на трудот на работникот и го става на маргините на општеството“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања