900 часа помалку настава – Јаневска вели дека македонските ученици заостануваат зад ЕУ
За учениците од основното и средното образование на територијата на целата држава денеска започнува второто полугодие.Министерката за образование и наука Весна Јаневска преку објава на социјалните мрежи им посака успех на учениците, наставниците и стручните служби во училиштата во претстојниот период.Таа во денешното интервју за МРТ1, изјави дека сите можни истражувања, и во светот и кај нас, кажуваат дека колку повеќе децата се во училишните клупи толку е поголем нивниот резултат, односно стекнуваат толку повеќе знаење, вештини, компетенции.Според неа, македонските ученици до 15-годишна возраст поминуваат дури 900 часови помалку во училишните клупи во споредба со нивните врсници од Европската Унија, стандарди кои вели дека сакаме да ги достигнеме и во кој клуб сакаме да се приклучиме.Министерката додава дека е потребен ред во образованието и кај повозрасните, нагласувајќи дека повеќе време во училиште директно значи подобри вештини и знаења.„Нашите ученици и онака поминуваат помалку часови на настава. Сите истражувања покажуваат дека колку повеќе децата се во училишните клупи, толку е поголем нивниот резултат и стекнатото знаење“, изјави Јаневска.
Македонија | пред 2 седмици