ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Нема предвремено распуштање поради загадувањето: Наставата продолжува до крајот на месецот, порача Јаневска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Магазин
ucenici

Наставата во основните и средните училишта ќе се одвива до крајот на месецов, по што учениците ќе заминат на редовен зимски распуст. Министерството за образование и наука не размислува за предвремено завршување на првото полугодие поради загадениот воздух, изјави денеска министерката Весна Јаневска.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање дали поради актуелното аерозагадување се разгледува можноста за порано распуштање во учебната 2025/2026 година, Јаневска рече дека до почетокот на распустот остануваат уште неколку наставни денови и дека во моментов нема информации дека здравјето на учениците е загрозено.

Таа нагласи дека, доколку од здравствени причини учениците отсуствуваат ден или два од настава, тоа не претставува проблем, но оцени дека треба да се прекине практиката од минатото кога, како што рече, од различни причини се скратувале учебните денови.

— реклама —

„Жал ми е што морам да направам една груба споредба, но во некои европски земји децата и кога имаат грип, и во градинките и во училиштата, одат на настава сè додека нивното здравје не е загрозено. Ова го велам поради коментарите дека нашите деца многу учат и се преоптоварени. Не, не се. Доколку здравјето им е во прашање, секако дека лекарите и родителите ќе одлучат за тоа, но ако не станува збор за ништо сериозно, не е проблем да отсуствуваат ден-два“, изјави Јаневска.

Таа додаде дека вистински проблем би било повторно воведување на практиките од минатото, кога, како што рече, учебните денови се скратувале за учениците да одат на поевтини одмори, да се подготвуваат за писмени работи или од други причини што немаат врска со здравјето.

„Овие негативни појави полека треба да почнеме да ги отстрануваме. Но секогаш ќе одлучуваме во корист на здравјето на учениците. Во овој момент немаме информации дека нивното здравје е загрозено“, нагласи министерката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_5646

Не е екологија, туку живот и смрт: алармантни податоци за аерозагадувањето во земјава од „О2 иницијатива“

Македонија | пред 3 дена

media-libraryhjsl26t2s10uanaA8sv

Ѓорѓиевски: Засилени инспекции во Скопје – казни до 53 000 евра за загадувачи на воздухот

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryp169oluh36242QNuHlc

Димитровски: Како Совет имаме обврска да се бориме за почист воздух на скопјани

Скопје | пред 1 седмица

media-librarytp8ie6qv5ghp5gfa40T

Казни и до 53.000 евра за загадувачите – Скопје засилува инспекциски надзор, но воздухот и понатаму останува проблем

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања