Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Загадувањето вчера го надмина дозволеното во осум градови, Струмица достигна 267 микрограми ПМ10

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 27 минути -

Македонија
IMG_5646

Високи концентрации на штетни честички вчера беа измерени во повеќе градови низ Македонија, а најзагаден воздух имаше во Струмица и Кичево. Според државниот мониторинг-систем, осум мерни станици го надминале дозволениот дневен просек од 50 микрограми ПМ10 на кубен метар.

— реклама —

Највисок дневен просек на ПМ10 е регистриран во Кичево – 96,72 микрограми, по што следуваат Струмица со 93,14, Тетово со 66,35 и Гостивар со 60,49 микрограми. Во Струмица синоќа бил измерен и часовен максимум од 267,5 микрограми ПМ10.

— реклама —
— реклама —

Над дозволената граница биле и мерните станици во Лисиче и Миладиновци во Скопје, како и во Берово и Битола 2. Кај поситните ПМ2,5-честички, највисоки дневни просеци имале Струмица, Гостивар и Тетово.

— реклама —

Утринските мерења во 07:00 часот покажале значително намалување на загадувањето. Единствено во Струмица концентрацијата останала над дозволената вредност, со 78,2 микрограми ПМ10 и 64 микрограми ПМ2,5. Во Кичево нивото на ПМ10 се спуштило на 40,05 микрограми, во Лисиче на 4,95, а во скопски Центар на 2,2 микрограми на кубен метар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

IMG_5646

Не е екологија, туку живот и смрт: алармантни податоци за аерозагадувањето во земјава од „О2 иницијатива“

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-libraryhjsl26t2s10uanaA8sv

Ѓорѓиевски: Засилени инспекции во Скопје – казни до 53 000 евра за загадувачи на воздухот

Скопје | пред 10 месеци

media-libraryp169oluh36242QNuHlc

Димитровски: Како Совет имаме обврска да се бориме за почист воздух на скопјани

Скопје | пред 10 месеци

media-librarytp8ie6qv5ghp5gfa40T

Казни и до 53.000 евра за загадувачите – Скопје засилува инспекциски надзор, но воздухот и понатаму останува проблем

Скопје | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања