„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ВОДА

macro-shot-pouring-water-into-glass

Времен прекин на водоснабдувањето на улицата Васил Стефановски

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, изветсуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата Васил Стефановски 16, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, информираат надлежните.

Скопје | пред 1 година

262886969_215755700709339_3424351090063217574_n

Без вода ќе останат болниците на Клинички центар и дел од Скопје

ЈП Водовод и канализација Скопје во континуитет работи на реализација на проекти и технички зафати со цел подобрување на водоводната мрежа во град Скопје, како и подобрување на услугите за граѓаните.Во таа насока е и проектот за изградба на водоводна мрежа со чија реализација трајно ќе се реши долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во 12 населени места во општина Сарај. Реализацијата на овој технички зафат со кој ќе се изврши приклучокот на мрежа ќе се спроведе на 25.05.2024, сабота со почеток во 21 часот и се предвидува истата да заврши до 5 часот наутро во недела, на 26.05.2024.Заради реализација на оваа реконструкција се очекува намалување на притисокот на водоснабдувањето за граѓаните во општина Сарај и дел од општина Ѓорче Петров.Во истиот период 25.05.2024, сабота од 21 часот до 05 часот наутро во недела, 26.05.2024 ќе се спроведе и реализација на реконструкција на водоводна мрежа во Центар и тоа реон Водно, со чија реализација и целосна замена на старата со нова мрежа ќе се овозможи подобро водоснабдување за граѓаните во овој дел на градот без дефекти и загуби на вода.Во текот на изведбата на оваа реконструкција, прекин на водоснабдувањето ќе имаат дел од жителите од реон Водно и Козле, Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје, Вила Водно и резиденцијални објекти во реон Водно.За покривање на потребите за вода за пиење во здравстевните установи цистерни со питка вода ќе бидат поставени пред Клинички Центар „Мајка Тереза“ и Детската болница „Козле“. Исто така цистерни со вода за пиење ќе бидат подготвени во Дежурната служба на Водовод Скопје, кои на повик ќе гравитираат врз основа на потребите на граѓаните од реоните Сарај и Водно во периодот од 21 до 05 часот.

Скопје | пред 1 година

IMG_5459

Најчиста вода за капење има во земјата која нема море

Квалитетот на европската вода за капење е драматично подобрен во последните децении, а новиот извештај објавен оваа недела од Европската агенција за животна средина (ЕЕА) открива дека скоро 85% од нејзините области за капење сега се оценети како „одлични“.Годишниот извештај за водата за капење следеше скоро 22.000 копнени и крајбрежни места за капење низ земјите-членки на ЕУ, Албанија и Швајцарија во текот на 2021 година.Велика Британија е отсутна од извештајот за прв пат по напуштањето на ЕУ. Австрија која нема излез на море, позната по многуте прекрасни езера, вклучувајќи ги вонземските смарагдни води на Ахен во Тирол и Белото езеро во Корушка, и е на врвот на листата, со 97,7 отсто од нејзините води прогласени за одлични.На врвот на листата се четирите фаворити за одмор на Медитеранот: Малта, Грција, Хрватска и Кипар. Данска и Германија се другите земји во кои повеќе од девет од 10-те локации добија најдобра оценка.Португалија е на 10-то место со 88,5 отсто, додека Италија (87,9 отсто) и Шпанија (87,4 отсто) се на 12-то и 13-то место.Локациите кои се лошо рангирани пет последователни години мора да бидат трајно затворени, како што беше случајот со 31 плажа во Италија, осум во Франција и две во Холандија.Ова правило е дел од Директивата за води за капење, која беше усвоена во 2006 година и се смета дека оттогаш придонесе за континуиран раст на уделот на одлични локации. Квалитетот на водата во ЕУ е генерално висок со минимални стандарди за квалитет на водата исполнети на 95,2 проценти од сите испитани локации.Најчистите води за капење во Европа:1. Австрија (97,7%)2. Малта (96,6%)3. Грција (95,8%)4. Хрватска (95,7%)5. Кипар (93,3%)6. Данска (91,9%)7. Германија (90,4%)8. Бугарија (89,8%)9. Литванија (89,2%)10. Португалија (88,5%)

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања