„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ВОДА

struga

Мојсоска: Кој „не ги виде“ машините во изворот што ја снабдува Струга со вода?

„Кои институции ’не го виделе’ копањето и машините во самиот извор кој ја снабдува цела општина Струга со вода“, прашува пратеничката од Левица, Јована Мојсоска преку социјалните мрежи, посочувајќи дека според член 100 од Закон за минерални суровини јасно е утврдено кој е одговорен за надзорот над експлоатацијата на минерални суровини.„Член 100 од Закон за минерални суровини презицира кој е одговорен за надзорот над експлоатацијата со минерални суровини.Од државен инспекторат при Министерство за животна средина и ПП, инспекторат во Министерство за енергетика рударство и минерални суровини (претходно техничка инспекција) и секако како најповикани и НАЈПАРТИЗИРАНИ - ОЈО СТРУГА и Министерство за внатрешни работи.Ниту обвинителите во Струга, ниту МВР "не знаеле" и "не виделе" дека машини се поставени во самите извори, во населено место и дека копаат без концесија/ со истечена концесија (според официјалните информации од ОЈО Струга). Улогата на обвинителството и МВР е ПРЕВЕНТИВНА (а не откако ќе се случи екоцид) - ама вработувањето на КЛАТОГЛАВЦИ го зема својот данок.БОНУС прашање: ОЈО Струга официјално извести дека „додека на терен собирале докази, ги затекнале машините на двете фирми кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем во непосредна близина на изворите". Зошто НЕ СЕ ОДЗЕМЕНИ машините од фирмите со кои се фатени во вршење кривично дело, како што предвидува член 100 од Закон за минерални суровини?!“, пишува Мојсоска.

Македонија | пред 6 дена

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

Охрид СОС за водата во Струга: Децении игнорирање и непреземање мерки за трајно решавање на проблемот испливаа на површина

Во Општина Струга веќе две недели водата од градскиот водовод е небезбедна и забранета за пиење. Граѓаните и понатаму немаат дозвола да ја користат водата за пиење и подготовка на храна, откако лабораториските анализи покажаа сериозно влошување на нејзината чистота.Локалниот градоначалник Кура соопшти дека две компании кои вршеле ископувања кај изворите во село Шум, надвор од Струга, предизвикале загадување на водата. Тој бара итна санација на изворите и кривична одговорност за сите одговорни за штетата, со цел да се обезбеди безбедно снабдување на граѓаните.Од Охрид СОС велат дека замижувањето пред сериозните предизвици и континуираното маскирање на проблемот и непреземање конкретни активности со цел негово трајно решавање испливаа на површина.„Деценискиот сериозен проблем со водоснабдувањето во Општина Струга поради загадување и зголемена заматеност на водата од изворите кај село Шум, од каде градот се снабдува со питка вода кулминира деновиве. Замижувањето пред сериозните предизвици и континуираното маскирање на проблемот и непреземање конкретни активности со цел негово трајно решавање испливаа на површина. Анализите покажаа дека матноста на водата е значително над здравствено дозволените параметри, поради што водата е забранета за користење, и покрај тоа што последниве денови заматеноста делумно опаѓа.Изминативе денови медиумите се полни со информации дека локалните власти и надлежните инспекциски служби, вклучувајќи го и Основното јавно обвинителство – Струга, започнале истраги и теренски проверки за да ги утврдат причините за загадувањето, со цел да се најде одговорност и да се спречат понатамошни еколошки штети. Од никаква активност одеднаш зголемен интерес за проблемот и будење на одредени институции и сектори кои одамна требаше за ова да реагираат и да спречат ваков епилог.Теренските проследувања укажуваат на активности како експлоатација на минерални суровини и градежни интервенции во непосредна близина на изворите, неконтролирано урбанистичко ширење со потенцијал за инфилтрација на отпадни води, интензивна употреба на хемиски средства во земјоделството, но и користење на непосредната околина околу изворите како локација за депонирање огромни количини разновиден неселектиран отпад. Сите овие фактори можат да влијаат на квалитетот на подземните води што ги напојуваат овие извори.Оваа вонредна состојба дополнително ја поставува во фокус потребата за подобро управување со природните ресурси, систематско следење на ризиците и конкретни мерки за заштита на изворите што ги користат илјадници граѓани, бидејќи секое продолжено загадување директно го загрозува здравјето и секојдневниот живот на населението. Останува да видиме дали институциите ќе бидат на висина на своите ингеренции и конечно ќе го одбранат јавниот интерес, ставајќи крај на децениските практики кои имаат погубно влијание врз животната средина“, велат од Охрид СОС.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

Водата во Кичево е повторно безбедна за пиење

ЈКП „Комуналец“ – Кичево ги известува граѓаните дека водата од водоводната мрежа е комплетно исправна за пиење.„Според резултатите од извршените лабораториски анализи на Институт за јавно здравје – Битола, водата е безбедна како микробиолошки, така и хемиски. Таа може слободно да се користи за пиење и подготовка на храна“, се вели во соопштението.Претходно, поради поплавите кои ја погодија општината во изминатите денови, претпријатието извести дека водата била заматена и не е безбедна за пиење.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryl67klaqg5f99ag1MWw0

Левица: Дали експлоатација на минерали од приватна фирма ги загадува струшките извори?

Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење поради сериозната еколошка хаварија со изворот на вода за снабдување. Иако институциите соопштија дека се преземаат мерки за лоцирање на причините, сеуште нема никакви официјални информации како загаденоста на водата во Струга достигна 30 пати над дозволеното, велат од Левица.„До Левица пристигнаа информации дека над самиот извор се врши експлоатација на минерали од приватна компанија "Ми транс". Дали активностите преземени при експлоатацијата довеле до екстремно загадување е прашање на коешто што побрзо треба да одговорат надлежните институции.Левица го повикува Државниот инспекторат за животна средина и надлежниот инспекторат во рамки на Министерството за енергетика итно да излезат на терен и да извршат вонреден инспекциски надзор. Надлежните институции мора да дадат одговор дали несоодветна експлоатација на минерали во самите извори ја предизвикало оваа хаварија и дали е несоодветно издадена дозвола за експлоатација.Институциите и градоначалникот не смеат да го заташкаат случајот и мора точно да ја утврдат одговорноста поради која 50.000 граѓани се оставени без чиста вода за пиење“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

voda

Енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителство отвори предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата.„Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење. При увидот треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од Центарот за јавно здравје.Ќе бидат преземени и други дејствија на проверки“, известуваат од ОЈО.По пет дена криза со загадена вода во Струга, вчера директорот на ЈП „Водовод“ Меџијаит Јусуфоски поднесе оставка од морални причини. Градот останува со целосна забрана за користење на водата поради екстремната заматеност.Од чешмите во Струга тече темнокафеава вода, а анализите покажаа дека заматеноста е дури 30 пати над дозволеното. Водата е прогласена за технички неисправна и не смее да се користи ниту за пиење, ниту за готвење, ниту за лична хигиена.

Македонија | пред 2 седмици

voda

Скопјани пијат безбедна и квалитетна вода

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, според кој сите испитани примероци одговараат на пропишаните стандарди. Анализите се спроведени од Секторот за санитарна контрола во периодот од 22 до 26 декември 2025 година.За потребите на контролата, земени се 185 примероци за физичко-хемиска и исто толку за микробиолошка анализа од 41 мерно место во градот.„Секторот за санитарна контрола во периодот од 22.12.2025 до 26.12.2025 зема 185 примероци за физичко-хемиска и 185 примероци за микро-биолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје“, стои во официјалното соопштение.Од таму посочуваат дека овие податоци се објавуваат редовно со цел граѓаните да бидат точно и навремено информирани за безбедноста на водата што ја пијат.

Скопје | пред 2 месеци

uciliste-skolo-klup-2

Водата не е причина за труењето на децата во ООУ „Димо Хаџи Димов“: ЈП Водовод излезе со резултати од анализите

Водата во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во Карпош е санитарно исправна и може непречено да се употребува, покажаа резултатите од вонредниот надзор што го изврши ЈП „Водовод и канализација“.Анализите беа направени по итна постапка откако голем број ученици се пожалија на стомачни тегоби, а дел од родителите се сомневаа во квалитетот на водата бидејќи некои од заболените деца воопшто не јаделе во училишната кујна.Секторот за санитарна контрола зел четири примероци од две локации – училница и кујна, за физичко-хемиска и микробиолошка анализа.„Од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки ОДГОВАРААТ на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење… при што констатираме дека водата во ООУ ‘Димо Хаџи Димов’ во Општина Карпош е санитарно исправна и може непречено да се употребува“, соопштија од претпријатието.

Скопје | пред 3 месеци

bez-voda

Делови од Карпош и Шуто Оризари без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека од вчера попладне во прекин е снабдувањето со вода за корисниците на ул. „Демирхисарска“ во општина Шуто Оризари, каде има уличен дефект, на чие отстранување ќе се работи денеска.Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Софиска 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Копенхагенска и Стокхолмска во општина Карпош.Водоснабдувањето е веќе прекинато од 09:00 часот и ќе трае до завршување со работните активности.

Скопје | пред 3 месеци

lugje-karpos-esen-korona-1

Научници: Недоволниот внес на вода ја зголемува реакцијата на стрес

Луѓето кои не пијат доволно вода имаат посилна биолошка реакција на стрес, покажува ново истражување на Универзитетот „Џон Мурс“ во Ливерпул (LJMU).Студијата опфатила 32 испитаници – половина кои пиеле помалку од 1,5 литри вода дневно и половина кои ги исполнувале препораките за дневен внес на течности. Според Европската агенција за безбедност на храна (EFSA), мажите треба да внесуваат околу 2,5 литри вода, а жените најмалку 2 литри.Во период од седум дена научниците ја следеле хидратацијата на испитаниците преку примероци од урина и крв, а потоа тие биле подложени на „стрес тест“ во лабораториски услови – лажен интервју разговор за работа и задача со ментална аритметика пред панел од тројца „испитувачи“ во бели мантили.Професорот Нил Волш го опиша тестот како „навистина вознемирувачки“. Иако и двете групи покажале слични реакции како зголемен пулс, суви усти и тремор, клучната разлика била во биохемиските показатели. Кај оние со низок дневен внес на вода, нивото на кортизол – примарниот хормон на стрес – било значително повисоко.„Знаевме дека луѓето кои не внесуваат доволно течности се веројатно лошо хидрирани. Но, не беше познато дали нивната реакција на стрес ќе биде поразлична. Сега видовме дека тие навистина имаат многу повисок одговор на хормонот на стрес,“ објасни Волш.Прекумерното лачење на кортизол е поврзано со зголемен ризик од срцеви заболувања, дијабетес и депресија. Научниците заклучуваат дека одржувањето на соодветна хидратација може да помогне за подобра контрола на стресот и да има долгорочни придобивки за здравјето.„Држењето шише вода во близина, особено во стресни периоди, е мала навика што може да донесе голема корист,“ препорачуваат авторите на студијата.

Магазин | пред 6 месеци

bez-voda

Петти ден без вода во Црешево, Смилковци и Булачани: Жителите бараат итна реакција, Скопје1 побара одговор од институциите

Жителите на населените места Црешево, Смилковци и Булачани, кои се под надлежност на Општина Гази Баба, веќе петти ден се без водоснабдување. Ситуацијата е особено тешка поради високите температури, а граѓаните велат дека досега не добиле одговор ниту од ЈКП Гази Баба, ниту од градоначалникот, и покрај испратените пријави и барања за решение.Скопје1 се обрати до Јавното комунално претпријатие Гази Баба и до општината, со цел да добие официјален одговор и информации за причините за прекинот и кога се очекува нормализирање на водоснабдувањето.

Скопје | пред 7 месеци

voda-crevo

Жителите од Водно, Црниче, Пржино, Ченто, Маџари...без вода секој ден! Се тушираат и се перат кај роднини

Пак проблеми со водата. Во скопските населби Црниче, Пржино и делови од Водно, жителите со недели се соочуваат со сериозни рестрикции или намален притисок, а револтот расте.Маја С., жителка на Црниче, вели дека секое утро станува во 5 часот за да провери дали има вода за да се истушира пред работа.– Секој ден иста приказна – станувам, нема вода, се нервирам. Одам кај сестра ми или брат ми, а за милениците полнам туби од работа – вели таа.Слична е ситуацијата и кај Нена С., пензионерка од истата населба, која, крева шишиња за да направи ручек, да се измие, да ги наводни цвежињата.Според ЈП „Водовод и канализација“, проблемите произлегуваат од енормната и неконтролирана потрошувачка на вода, која предизвикува нестабилност во системот, особено во повисоките делови на градот. Дополнително, расте и бројот на дефекти на мрежата, кои, според граѓаните, не се санираат навреме, па чиста вода тече по улици и тротоари.– Градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на водата во делови од градот. Се очекува стабилизирање на системот по 23:00 часот – соопштуваат од претпријатието и апелираат за рационална употреба.Од „Водовод“ велат дека дел од проблемот се и големите загуби на вода, кои достигнуваат и до 70%, и ги повикуваат граѓаните и локалните власти на соработка.Политичките препукувања не изостануваат. ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија градоначалничката Данела Арсовска дека „се занимава со висока политика“, а половина Скопје нема вода.Скопската градоначалничка, пак, вели дека има „диви приклучоци“ во Шуто Оризари каде биле фатени и полициски службеници, а за што, тврди, МВР не поднело пријава.– Проблемот не е водата. Проблем се тие што ја крадат и институциите што ги штитат – порача таа.Во меѓувреме, градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, соопшти дека Владата издвоила над 110 милиони денари за решавање на долгогодишниот проблем со водоснабдување во селата Љубанци и Љуботен.фото: ФБ

Скопје | пред 7 месеци

kozle-bolnica

Болницата во Козле целосно остана без вода – цистерни ја одржуваат работата, граѓани од Водно со критики за животот на 40 степени без вода

Клиниката за респираторни заболувања кај деца „Козле“ денеска остана без вода. Последниве денови во установата имало слаб притисок, а од утрово снабдувањето е целосно прекинато. Причината не е дефект, туку, како што објасни директорката Катерина Бошкова, болницата се наоѓа во високата зона на градот, исто како и целата населба Водно, каде сè уште нема вода.„Засега функционираме, се примаат пациенти, единствено не работи лабораторијата за венска крв. Од цистерни имаме вода за миење и чистење, а за пиење добивме донации. Ни рекоа дека проблемот е тоа што сме во висока зона, а поради топлото време и големата потрошувачка се јавува недостиг. Се надеваме дека проблемот наскоро ќе се реши“, изјави Бошкова за САКАМДАКАЖАМ.МК.Граѓани од населбата реагираат дека ова не е нов проблем, туку состојба што трае со недели. Меѓу нив е и новинарот Ивор Мицковски, кој на својот Фејсбук профил напиша:„Само би сакал да потсетам дека 2 недели немаме вода на Салвадор Аљенде од 12 попладне до 1 часот по полноќ. И тоа што го имаме не знам дали може да се нарече вода. И никому ништо. Водовод збори за енормна потрошувачка, но за истата не може да биде одговорен или отсечен само еден мал дел од градот. Ако нема вода, нека има рестрикции за сите, а не сите ќе имаат, и пак енормно ќе трошат, а некој нема да може раце да измие цел јебан ден. Притоа коментарот за состојбата е пропратен со ноншалатната констатација дека така ќе било цело лето и максимум што се можело е да се испратела цистерна. Ма јебала вас и Данела и дивоградбите, вашите мизерни политички театри, базените и нивите кои си ги поливате, не е нормално на 40 степени луѓе да немаат вода. Или ако нема вода заради алчното градење и трошење, тогаш сите нека понесат последици, а не само некој.“Од ЈП „Водовод и канализација“ досега нема официјална информација кога проблемот со водоснабдувањето ќе биде надминат, ниту дали ќе има рестрикции на ниво на цел град.

Скопје | пред 7 месеци

Vila-Vodno

Без вода на Водно и Црничe: Претседателската резиденција и стотици домови „жедни“ во пеколни горештини

Во срцето на Скопје, на ридовите каде што се издигнуваат елитните згради и куќи со базени, граѓаните веќе неколку дена немаат ни капка вода. Претседателската резиденција на Водно е целосно без вода, а и во познатата вила Водно има само слаб притисок. Истата судбина ја делат и жителите на населбите Водно и Црниче, кои се очајни поради долгите и чести прекини на водоснабдувањето, токму во денови со исклучително високи температури.Гневот расте – улиците се блокираат, а граѓаните веќе не прифаќаат извинувања и повици за штедење. Велат дека со денови не можат да се избањаат, да подготват храна, да одржат хигиена во домот. Според нив, состојбата е веќе алармантна, а институциите доцнат со решавање на проблемот.Според ЈП Водовод и канализација – Скопје, главниот проблем е преголемата потрошувачка во попладневните часови и преоптоварениот водоснабдителен систем. Во соопштението до јавноста тие апелираат граѓаните да не ја трошат водата за полевање, перење возила и полнење базени – дејности кои, според претпријатието, дополнително го влошуваат снабдувањето, особено во високите зони како Водно.Но, жителите не прифаќаат да бидат виновници за нешто што институциите со години наназад го игнорирале – застарената водоводна мрежа, која веќе не може да го поддржи темпото на градежната експанзија. Водно, некогаш зелена и мирна зона со неколку семејни куќи, во последната деценија се претвори во урбана џунгла со масовна изградба на луксузни згради со десетици станови и големи приватни имоти со базени – сите приклучени на истиот дотраен систем.Систем што пука по шавовиНиту претседателската резиденција, ниту граѓаните на Водно и Црниче се поштедени од последиците на овој урбанистички хаос. Најзасегнати се куќите и зградите на улиците Славејко Арсов и Салвадор Аљенде, каде што водата или целосно ја нема преку ден или се појавува со минимален притисок по полноќ.„Градиме на големо, а никој не инвестира во нова инфраструктура. Старите цевки не можат да издржат. Ова веќе не е само неудобност, ова е кризна состојба“, предупредуваат граѓаните.Протести и закани за радикализацијаСиноќа, револтирани жители на Водно излегоа на улиците, поставија блокади и јасно порачаа дека нема да отстапат се додека проблемот не се реши трајно. Протестите ќе продолжат и ќе се радикализираат, велат, ако водата не се врати во чешмите.Проблемот со водоснабдувањето во повисоките делови на Скопје не е нов, но досега никогаш не бил толку критичен. Водовод бара разбирање и рационалност, но жителите бараат одговорност, инвестиции и – итно решение. Водно не е само елитна населба. Таму живеат и семејства, деца, стари лица. А сите тие – без вода – се оставени на милост и немилост на жештините и институционалната инертност.Анита Буховски

Скопје | пред 7 месеци

voda

Скопјани потрошиле рекордни 356.000 кубни метри вода за само еден ден, ЈП Водовод апелира на рационално кристење на водата

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје денеска соопшти дека е регистрирана енормно зголемена потрошувачка на вода, особено во попладневните часови. Според податоците од системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка, на 23 јуни биле потрошени рекордни 356.000 кубни метри вода, што значи дека просечната потрошувачка изнесувала околу 700 литри по жител.Од претпријатието апелираат до граѓаните на градот Скопје на совесно и рационално користење и употреба на водата. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени.Од ЈП Водовод и канализација – Скопје ги повикуваат граѓаните кои ќе забележат диви приклучоци на мрежата, да ги пријават на телефонскиот број 02 3073 010, на e-mail адресата kontakt@vodovod-skopje.com.mk, или преку веб-страницата www.vodovod-skopje.com.mk. Оттаму предупредуваат дека со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје.фото: Unsplash

Скопје | пред 7 месеци

macro-shot-pouring-water-into-glass

Делови од Карпош без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради дефект на затварач (шибер) Ф80мм. улица Римска 3. со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Римска, Дрезденска, Њуделхиска, Панче Пешев, Наум Евро, Алжирска, Каирска и дел од улиците Анкарска, Атинска и следните објектите ОУ Војдан Чернодрински и градинката Мајски Цвет во општина Карпош.Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања