Промени тема
Контакт

Научници: Недоволниот внес на вода ја зголемува реакцијата на стрес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Магазин
lugje-karpos-esen-korona-1

Луѓето кои не пијат доволно вода имаат посилна биолошка реакција на стрес, покажува ново истражување на Универзитетот „Џон Мурс“ во Ливерпул (LJMU).

Студијата опфатила 32 испитаници – половина кои пиеле помалку од 1,5 литри вода дневно и половина кои ги исполнувале препораките за дневен внес на течности. Според Европската агенција за безбедност на храна (EFSA), мажите треба да внесуваат околу 2,5 литри вода, а жените најмалку 2 литри.

Во период од седум дена научниците ја следеле хидратацијата на испитаниците преку примероци од урина и крв, а потоа тие биле подложени на „стрес тест“ во лабораториски услови – лажен интервју разговор за работа и задача со ментална аритметика пред панел од тројца „испитувачи“ во бели мантили.

— реклама —

Професорот Нил Волш го опиша тестот како „навистина вознемирувачки“. Иако и двете групи покажале слични реакции како зголемен пулс, суви усти и тремор, клучната разлика била во биохемиските показатели. Кај оние со низок дневен внес на вода, нивото на кортизол – примарниот хормон на стрес – било значително повисоко.

— реклама —

„Знаевме дека луѓето кои не внесуваат доволно течности се веројатно лошо хидрирани. Но, не беше познато дали нивната реакција на стрес ќе биде поразлична. Сега видовме дека тие навистина имаат многу повисок одговор на хормонот на стрес,“ објасни Волш.

Прекумерното лачење на кортизол е поврзано со зголемен ризик од срцеви заболувања, дијабетес и депресија. Научниците заклучуваат дека одржувањето на соодветна хидратација може да помогне за подобра контрола на стресот и да има долгорочни придобивки за здравјето.

— реклама —

„Држењето шише вода во близина, особено во стресни периоди, е мала навика што може да донесе голема корист,“ препорачуваат авторите на студијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

Проверете дали сте на списокот: денес прекин на водоснабдувањето на повеќе локации

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
bez-voda

Утре прекин на водоснабдувањето во повеќе делови на Скопје

Скопје | пред 2 дена

bez-voda

Без вода дел од Автокоманда

Скопје | пред 4 дена

media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Водата во Скопје е безбедна за пиење – анализирани примероци од 49 мерни места

Скопје | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања