Младите од Блатец на протест: Ќе го блокираат патот Виница – Берово поради хидроцентралата
Младите од село Блатец, најавија дека денес, петок 20 февруари, од 15 до 17 часот излегуваат на протест на местото Скараница. Тие ќе го блокираат регионалниот пат Виница – Берово, како револт против најавите за изградба на хидроцентрала на реката Блатешница.„Ние младите од Блатец не стоиме настрана – работиме, обновуваме и го чуваме своето. Ги реновираме чешмите, ја чуваме природата и ја браниме реката. Да покажеме масовност и заедништво кога се брани татковината“, стои во објавата.Покрај редовните блокади и најавите за денешниот протест, граѓаните објавија и петиција.
Македонија | пред 1 седмица