Младите од село Блатец, најавија дека денес, петок 20 февруари, од 15 до 17 часот излегуваат на протест на местото Скараница. Тие ќе го блокираат регионалниот пат Виница – Берово, како револт против најавите за изградба на хидроцентрала на реката Блатешница.
„Ние младите од Блатец не стоиме настрана – работиме, обновуваме и го чуваме своето. Ги реновираме чешмите, ја чуваме природата и ја браниме реката. Да покажеме масовност и заедништво кога се брани татковината“, стои во објавата.
Покрај редовните блокади и најавите за денешниот протест, граѓаните објавија и петиција.
Објавена онлајн петиција против на изградбата на хидроцентралата на реката Блатешница
Граѓани отворија онлајн петиција со која се противат на изградбата на хидроцентралата на реката Блатешница. Сметаат дека овој проект претставува сериозна закана за природната средина, водоснабдувањето, локалната заедница и идните генерации. Според петицијата, водоводниот систем на Блатец директно зависи од реката Блатешница, а изградбата на хидроцентрала би можела да ја намали количината на вода што пристигнува во водоводот.„Ние, потписниците на оваа петиција, категорично се спротивставуваме на
Македонија | пред 4 месеци