Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Крмов до Мицкоски: Ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library1ei0q9f8o2tad4Au6Qq
YouTube/Print Screen

Пратеникот Борислав Крмов (Левица) побара Владата да ја раскине концесијата за мала хидроцентрала на Блатешница во с. Блатец, обвинувајќи за незаконско продолжување рокови и игнорирање на отпорот на жителите кои со години ја блокираат изградбата. Тврди дека концесионерот не почнал со работа во предвидениот рок, а рокот бил продолжен 13 пати, иако договорот дозволува едно пролонгирање и потоа раскин. Укажа и на ризици за водоснабдувањето и праша дали Владата ќе ја поништи концесијата ако се пробие рокот на 7 март.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на мала хидроцентрала на реката Блатешница во село Блатец, обвинувајќи за незаконско пролонгирање на роковите и игнорирање на волјата на локалното население кое како што рече „веќе една деценија со своите тела, со един вид жив штит, си ја бранат реката и правото на незагадена природа и вода“.

— реклама —

Крмов истакна дека концесијата за изградба на хидроцентралата во 2012 година е доделена на фирмата „Енерџилукс ДООЕЛ Штип", основана само два месеца претходно, а е всушност ќерка фирма на текстилната фабрика „Виза Фешн“ од Штипа. Тој истакна и дека договорот предвидувал започнување со комерцијална работа во рок од три години од ефективниот датум, а тоа е 23.12.1212 година.

— реклама —

Имаме ситуација во која концесионерот не ја исполнил обврската да започне со производство во предвидениот рок, а наместо раскинување на договорот, рокот е продолжуван дури тринаесет пати“, рече Крмов и додаде дека во меѓувреме, односно во 2020 година, ситуацијата се менува и од штипска фирма таа станува кочанска фирма во сопственост на „Атом Сантех“ ДОО Кочани.

— реклама —

Тој се повика на член 33 од договорот, според кој Владата може да ја раскине концесијата доколку инвеститорот не ги исполни обврските. Исто така нагласи дека Владата може еднаш да го пролонгира рокот и доколку и тогаш не се отпочне со производство Владата треба еднострано да ја раскине концесијата. Во овој случај, како што истакна пратеникот и покрај повеќекратните пролонгирања, договорот не е раскинат. 

Крмов посочи и на извештај од 2014 година во кој, како што рече, било минимизирано влијанието на хидроцентралата врз водоснабдувањето на селото.

Помеѓу зафатот на централата и машинската зграда се наоѓа зафатот за водоснабдување на селото Блатец. Треба да веруваме дека изградбата нема да влијае врз водата што ја користат над илјада жители“, рече Крмов, додавајќи дека не биле земени предвид ниту системите за наводнување, малите акумулации и локалните стопански капацитети.

Крмов посочи дека жителите на Блатец со години организираат деноноиќни блокади за да ја спречат изградбата и се единствените кои во целиот процес се исклучени и укажа дека Владата на седница од март 2025 година само за 20 минути разгледата шест договори за концесија на мали хидроцентрал и на сите им бил продолжен рокот, меѓу кои и на хидроцентралата на Блатешница.

Не гледам друг начин инвеститорот да започне со работа освен на сила. Се надевам дека нема со сила да ги рушите барикадите“, рече Крмов.

Во обраќањето тој се повика и на природното право на локалното население. „Тие луѓе со генерации живеат таму и пијат вода од таа река. Тие се најповиканите кога се носат одлуки што директно влијаат вр нивниот живот, а не профитот да биде пред сѐ, нагласи пратеникот.

На крај упати директно прашање до премиерот: „Дали ќе се одважите конечно да застанете на страна на жителите на Блатец и ќе ја поништите концесијата за малата хидроцентрала, особено ако и овој тринаесети рок биде прекршен на 7 март годинава?“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Borislav_Krmov_Levica_vo_parlament

Крмов: Левица ќе поднесе интерпелација за антикорупционерката Цвета Ристовска

Македонија | пред 1 месец

media-library1ei0q9f8o2tad4Au6Qq

Крмов: За „Сејф сити“ ќе бараме скалесто казнување, казните мора да зависат од примањата

Македонија | пред 1 месец

media-librarytnfrp9tv4ccqcwiPHMr

Крмов: Секој трет денар во Буџетот е задолжување и од странски пари

Македонија | пред 3 месеци

media-library1ei0q9f8o2tad4Au6Qq

(Видео) Крмов бара одговор: Зошто Владата одбила бескаматен кредит од Кина и се задолжува поскапо кај Лондон?

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања