Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ

uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

Владата ќе спречува ценовен шок пред учебната година

Премиерот Христијан Мицкоски, најави дека пред септември, ќе се воведат мерки за да се спречи ценовен шок на училишните прибори. Според него, ќе се бара и начин да се санкционираат тие кои планираат да ги зголемат цените на училишните материјали во пресрет на новата училишна година.„Сигурно ќе има мерки за училишната кошница. За да нема нагли зголемувања пред почеток на учебната година. Тоа однесување не само што ќе има жестока реакција од Владата, туку бараме законски можности како да санкционираме. Поврзано со цените во маркетите, апсолутно ги следиме овие два месеци, по двата месеци со мерки. И правиме анализа, за колку, одредени правни субјекти-маркети ги зголемиле цените“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 6 месеци

unnamed-1-1

Мицкоски: Што не успеа Тодор Живков и плејада бугарски политичари, успеа во време на СДСМ – не се споменува македонскиот идентитет

На денешната седница во Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски даде свој коментар за актуелните позиции во меѓународните односи, особено во делот на негаторските позиции кои соседна Бугарија ги искажа при гласањето на извештајот за државата во Европскиот парламент.Премиерот Мицкоски при одговорот на пратеничкото прашање поставено од страна на пратеникот Трајчулевски од СДСМ, потсети дека негаторските позиции за македонскиот идентитет и јазик не се новина во некои кругови во Бугарија и тие постојат уште од создавањето на бугарската држава до денес.„Нема да ве вратам во времето на Батембер, во времето на Егзахот Јосиф, како се обидувале да го асимилираат овој дел. Дошле и до вашето Крушево. Но не успеале. Потрошиле два буџети, но не успеале. Но тоа што го правеле, а потоа го продолжил Тодор Живков, вие го прифативте. Вие ли сега најдовте да ми кажувате? Тоа што не им успеало на Батемберг, преку Јосиф, преку оваа асимилаторска на Сталин, на комунистичкото раководство на Социјалистичка Бугарија, преку Тодор Живков, вие се прифативте.И да тешко е, преку ноќ не можеме за една година да го смениме, но ќе работиме да го менуваме. Бидете трпеливи. Во ваше време беше ерес да се спомене македонски идентитет и јазик во Извештај. Вие прифативте доброволно, потпишувајќи го, лажејќи тука во Парламентот, да ги асимилирате Македонците. Ние тоа нема да го правиме. Ние тоа ќе го исправиме. Бидете трпеливи.“, одговори премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 6 месеци

Mickoski-Carina

Мицкоски: Создавање семејство е патриотски чин

Премиерот Христијан Мицкоски го кажа својот став за демографската слика во државата.„Некои можеби ќе ме прогласат и за конзервативен, некои можеби ќе ме прогласат за човек кој што можеби живее во минатото, но, јас мислам дека потомството, создавањето семејство и дечињата е патриотски чин и денеска така се брани иднината на Македонија и македонскиот народ. Ценам дека двојно зголемените бесплатни ин-витро процедури се во таа насока и тука не застануваме. Продолжуваме и понатаму. Во годината што следи ќе имаме многу поробусни акции кои што ќе значат подобрување на демографската слика во Македонија“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 6 месеци

telohranitel

Бодигардот на премиерот Мицкоски се изјасни за невин во случајот за оддавање службена тајна

Поранешниот телохранител на премиерот Христијан Мицкоски и припадник на Шестата управа на МВР, Ангел Самараков, денеска се појави пред Кривичниот суд во Скопје како обвинет за оддавање службена тајна на Благоја Коруноски, кој во постапката има статус на сведок.На прашањето од судијата дали се чувствува виновен за делото кое му се става на товар, Самараков кратко одговори: „Не сум виновен.“Во воведниот говор, обвинителката Ивана Трајчева најави дека обвинителството ќе докаже дека на 30 март 2025 година, околу 23 часот, на паркинг пред хотелот „Гарденија“ во Велес, Самараков, како вработен во МВР, му предал на Коруноски документи од класифицирана природа, достапни во МВР, со цел да бидат објавени на социјалните мрежи.„За тоа обвинетиот Самараков требало да прибави од лицето Лелита Трајковска Миленкова износ од 50 илјади евра. Со тоа му се става на товар дека сторил кривично дело оддавање службена тајна по член 360 став 2 во врска со став 1“, изјави Трајчева.Адвокатот на Самараков, Ивица Ефремов, истакна дека обвинителството користи докази кои биле прибавени на незаконит начин.„Нашата одбрана ќе биде насочена кон тоа што Обвинителството користи докази што незаконски ги прибавиле и не може да се предмет на докажување во кривична постапка. Ќе ве увериме дека доказите што ги приложува Обвинителството немаат својство на службена тајна и воопшто не постои елементот на користољубие“, рече Ефремов.Поради отсуство на сведокот Благоја Коруноски, кој не се наоѓа во државата, неговото сведочење е одложено за август. На рочиштето се најавува прикажување на две видео-снимки – една од критичната вечер и една од друг временски период.Обвинителството приложи и материјални докази, меѓу кои се вештачени мобилни телефони, лаптоп и хард дискови.Во судницата присуствуваше и сопругата на обвинетиот, Сања Самаракова, поранешна кандидатка за советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во општина Велес. Самараков е вработен во МВР од 2015 година, нема претходни пресуди и е дипломиран правник со положен правосуден испит.

Скопје | пред 7 месеци

kocani-mars

Премиерот го прочита барањето и рече „одредете си цена за вашите деца“: Родителите на загинатите во Кочани обелоденуваат детали од средба со Мицкоски

„Одредете си цена за вашите деца“ – оваа реченица, како што објавува „Здружението на граѓани 16-ти Март 2025 Кочани“ ја изрекол премиерот Христијан Мицкоски на средбата со родителите на трагично загинатите млади во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.По средбата одржана на 7 јули во Владата, Здружението денеска излезе со обраќање до јавноста. Родителите, видно вознемирени од односот на институциите и содржината на состанокот, обвинуваат за манипулации, игнорирање и длабоко понижување. Нивното барање е едно – правда за 62-те згаснати млади животи.Во продолжение, целосното јавно обраќање на родителите:Обраќање до пошироката јавностВо врска со состанокот со премиерот на Владата на РСМ – 07.07.2025 годинаНие, родителите на починатите деца во пожарот во дискотеката ПУЛС – Кочани, чувствуваме обврска јавно да се обратиме, поради се погласните шпекулации и неточни информации околу нашите поднесени барања до државниотврв на РС Македонија.Што се случи?На 01.07.2025 година, испративме истоветно барање по пошта до:Премиерот на Владата на РСМ – г. Христијан Мицкоски,Претседателката на државата – г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова,Претседателот на Собранието – г. Африм Гаши.Денес, по повеќе од две поминати недели, не добивме никаков одговор ниту од Претседателката, ниту од Претседателот на Собранието.Единствено, на 03.07.2025, нè контактираа телефонски од кабинетот на премиерот и ни закажаа состанок за 07.07.2025 (понеделник) во 17:00 часот во Владата.Иако инсистиравме средбата да се одржи во Кочани – местото каде се случи трагедијата и каде почиваат нашите деца – одговорот беше дека безбедносните услови не дозволуваат премиерот да патува и средбата мора да се одржи во Скопје.И покрај горештините и нашата болка, отидовме во главниот град – со надеж дека конечно ќе бидеме слушнати.На средбата присуствуваа околу 60 родители и членови на семејствата на починатите деца. За повеќето, ова беше прва лична средба со премиерот. Очекувавме барем еден човечки збор, искрено сочувство. Но, тоа не се случи.Наместо тоа, бевме пречекани со површен поздрав:„Здраво, како сте?“ – зборови кои не можат да ја допрат болката на родител кој изгубил дете.На нашето прашање во врска со барањето, премиерот одговори дека го гледа за првпат, дека штотуку му било предадено од службите. На тоа реагиравме бурно, бидејќи уште на 03.07 – кога нè контактираа – ни беше кажано дека барањето е примено и разгледано. На нашиот револт реагираше неговата портпаролка, г-ѓа Марија Митева, објаснувајќи дека во Владата има процедура:• Барањето било заведено на 03.07 во архивата,• На 04.07 било препратено до другите институции,• Дури на 07.07 му било врачено на премиерот лично.Иако не сме правници, неприфатливо ни е писмо адресирано лично до премиерот, без негова дозвола и знаење, да биде разгледувано и препраќано од други институции без негова одлука.Навредата што никогаш нема да ја заборавиме:Премиерот започна да го чита барањето ( кое целосно може да го прочитате во прилог) и изјави дека ќе се задржи само на петте точки, без да ги разгледува воведните делови и правните објаснувања.На првата точка – која се однесуваше на:“Еднократна парична помош за секое семејство погодено од трагедијата, за душевна болка и нематеријална штета, преку Фондот за итна поддршка од државниот буџет…”… добивме одговор кој не само што нè понижи, туку длабоко нè навреди како родители и како луѓе:„Ова барање е исто како предлогот на СДСМ, само што вие немате ставено цена. Одредете си цена завашите деца.“Тоа беше моментот кога болката премина во чиста неправда. Овие зборови ќе одекнуваат засекогаш во нашите срца, како уште една смрт – смрт на достоинството.Јавен повик до премиерот и целата јавност: Доста е!Доста е! Доста со манипулации. Доста со потценување на нашата болка. Доста со лаги и игри врз сметка на животите на нашите деца!Колку пати треба да ви објасниме, да ви повториме, да викаме и да молиме – ние, родителите на убиените деца во трагедијата во „Пулс“, немаме политички агенди! Не сме тука поради партии, не не интересира политика! Нашата единствена цел е правда. Правда за 62 млади животи кои згаснаа во најцрниот ден на нашата држава.Но, наместо разбирање, добиваме манипулации. Наместо сочувство, добиваме потсмев и обвинувања. Наместо поддршка, добиваме директно понижување. Во понеделник, на 07.07 на средба во кабинетот на премиерот ни беше кажано нешто што ниту еден родител не смее да го слушне — ОДРЕДЕТЕ СИ ЦЕНА ЗА ВАШИТЕ ДЕЦА “.Тоа не беше само навреда, тоа беше газење врз спомените, врз болката, врз човечкото достоинство. Ако вие, господине премиер, мислите дека животите на нашите ангели имаат цена, тогаш прашуваме: колку вреди еден човечки живот?Кога ќе можете да го процените тоа, тогаш дојдете и кажете ни ја цената за нашите деца.Нашите деца се херои. Со своите животи, оставија печат врз оваа држава. И ако вие не знаете да ја водите оваа држава, ако не знаете да обезбедите правда и покрај сите докази што ви се ставени на маса, тогаш отстапете го вашето место на некој што знае, што умее, што има совест и храброст.Ние не се плашиме. Иако сме под огромен стрес и со скршени срца, нашиот разум и нашата борба не престануваат.Разликата меѓу нас и вас е што вие се плашите од вистината, а ние се бориме за неа. Вашата неспособност не треба да ја платиме ние. Ниту нашите деца.Судскиот процес уште не започнал. Осомничените шетаат слободно. Сите поврзани, сите заштитени, сите си тераат како ништо да не се случило. А се случи — се случи масовно убиство на 62 деца, и тоа никогаш нема да го заборавиме.Затоа не лажете повеќе. Ни вие, ни обвинителите. Ниедно „ќе видиме“, ниедно „ќе се процесира“ незначи ништо веќе. Додека сте неспособни само да ја одолговлекувате постапката, ние ќе бидеме гласот на правдата — сѐ додека таа не се случи!Нашите деца молчат, но нашите гласови зборуваат за нив. И нема да замолчиме. Ова е почетокот на крајот за неправдата во оваа држава.Со почит и достоинство,Родителите на починатите деца од трагедијата во дискотеката ПУЛС – КочаниЗдружение на граѓани 16-ти Март 2025

Македонија | пред 7 месеци

Spas-akademik

„Глушецот Мицко се замислува дека е лавот Мицковиќ“ - не престануваат навредите од Бугрија

Со навредлив и саркастичен речник, бугарскиот академик Спас Ташев преку објава на Фејсбук жестоко реагира на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, во која тој го спореди бугарскиот министер Георг Георгиев со глушец што го задева лавот.Еве што напиша бугарскиот академик во неговата објава на Фејсбук.„Глушецот Мицко, замислувајќи се себеси како лавот Мицковиќ, побара официјално извинување од Бугарија затоа што нашиот министер за надворешни работи Георг Георгиев во интервју за БТВ изјави дека Бугарија станала фактор во ЕУ и во регионот, со идеја дека Северна Македонија треба да го има ова предвид. Зборувајќи за премиерот Мицкоски, тој го нарече „северно- македонски“ премиер.Сепак, тука нема ништо навредливо!1. Бугарија е навистина фактор, судејќи според резултатите од гласањата во ЕП.2. Северна Македонија е Северна затоа што зафаќа само 37% од северните делови од географската област Македонија. Со 37%, не можете да бидете само Македонија и да бидете само македонски премиер. Со 37%, можете да бидете само северно- македонски премиер, затоа што придавката изведена од Северна Македонија е северно- македонски. Многу аналогии: севернокорејски, северновиетнамски, источно-тиморски, западносахарски итн.3. Идентитетот е исто така северно- македонски, затоа што Скопје не може да наметнува идентитет на преостанатите 63% од географската област Македонија. Како што веќе видовме од дебатите во ЕП, грчките европратеници имаат силно изразен регионален македонски идентитет и го оспоруваат правото на Скопјани да имаат монопол врз дефиницијата за „македонски“.4. Официјалниот јазик е исто така северно-македонски, бидејќи нема никаква врска со јазикот на населението во преостанатите 63% од Македонија. Бугарите во Северна Македонија сепак ќе треба да одлучат како да го нарекуваат овој јазик.Во официјалниот северно-македонски јазик, можеби има забрана за зборот „северно-македонски“, но во литературниот бугарски јазик нема таква забрана! Поради оваа причина, не разбирам зошто Мицко се жали на овој бугарски збор, кој можеби нема аналог во северно-македонскиот јазик? Но, за Бугарите во Северна Македонија, секако има. Лично сум ги слушнал како го користат.Некој ќе каже дека мојот јазик е саркастичен и несоодветен да коментирам за премиерот на братска земја. Па, погледнете ја изјавата на премиерот на оваа братска земја во врска со Георг Георгиев: „Мислам дека не треба да му даваме шанса и апелирам до вас, медиумите, оставете го тоа момче таму. Тоа е влада (автентична србизам - влада) која ја води некој друг во позадина, тие луѓе мора да работат и му рекле, му дале задача, ајде сега, вклучи се. Тоа е исто како кога глушецот (бугарски дијалектен збор за стаорец. Го има во Речникот на бугарскиот јазик, 1895 од Најден Геров) го задева лавот“.Мицко се споредува себеси со лав, а за него Георг Георгиев понекогаш е момче, понекогаш стаорец, член на влада која некој ја контролирал одзади и му рекол да се зафркава со Северна Македонија...Сфаќате дека вистинското глувче е Мицко и тој дава уште поглупави изјави. На пример, тој ги нарече мнозинството европратеници кои го исфрлија македонскиот идентитет и македонскиот јазик од извештајот за напредокот на Северна Македонија за 2025 година „талибанци“.Сето ова е толку идиотско што сите на светот ќе го разберат освен глушецот Мицко, кој замислил дека е лавот Мицко.Но, не заборавајте дека ни Мицко не може да биде лав, тој може да биде само пародија на српските волци Вучиќ, Вуковиќ и Вујовиќ...Еве ја оваа света едноставност што ќе им ја објасниме на нашите европски партнери!“, напиша Ташев.

Македонија | пред 7 месеци

EP

Мицкоски има најави од европратеници дека нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕП

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека дел од европратениците најавиле оти нема да го поддржат амандманот со кој се бара бришење на споменувањето на македонскиот идентитет и јазик во нацрт-извештајот на Европскиот парламент.Според него, ова е првпат од осамостојувањето на Македонија нејзиниот идентитет и јазик да бидат вклучени во ваков документ, а обидите тоа да се избрише ги спореди со „талибански начин на делување“.„Таму има голем број на пратеници дел од Европскиот парламент. Се јавуваат и кажуваат дека нема да гласаат за амандманот кој има за цел на талибански начин, на извештајот кој е на маса, за првпат од осамостојувањето на Македонија, да опфати македонски идентитет и македонски јазик. Нема да гласаат за да се тргне тоа.А никогаш досега македонски идентитет и македонски јазик не се појавиле во извештајот. Известувачите во сенка не верувам исто дека ќе го поддржат тој амандман“, рече Мицкоски.Тој рече дека ова е последица на авантурата од 2022 година на Бујар Османи, Димитар Ковачевски и Бојан Маричиќ.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања