ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ

ali-ahmeti

Ахмети од Тетово до Мицкоски: „Ќе има поделби, едни со Албанија, едни со Бугарија“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, синоќа од Тетово му упати остро предупредување на премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека секое скршнување од европскиот пат може да ја подели државата.„Ако не го продолжи Македонија својот пат кон ЕУ, тогаш граѓаните на оваа земја нема да имаат друг избор освен некои да одат со Албанија, а другите со Бугарија!“, изјави Ахмети, а изјавата ја пренесе албанскиот портал „Тетова сот“.Во своето обраќање тој зборуваше и за отворањето на изборниот штаб во Тетово, што, според него, претставува значаен чекор во „историскиот плебисцит“ кој следува.– Денес во Тетово беше нашиот изборен штаб, означувајќи важен чекор во историскиот плебисцит, што нè очекува. Оваа извонредна мобилизација е доказ дека Албанците се обединети, решени и подготвени да ги бранат достоинството, еднаквоста и европската иднина на земјата. Обединувањето на политичките сили во овој сојуз е нашиот најсилен одговор на предизвиците, кои ги сервираат ‘задоцнетите патриоти’. Знаеме дека не е лесен нашиот пат, но нашето единство е гаранција оти никој не може да нè запре. Овој плебисцит не е за една партија, ниту за еден поединец, туку за сите Албанци и за нашата земја – рече Ахмети.

Македонија | пред 4 месеци

media-library9svvo4pu52rl8q36fCI

И Арсовска им се извини на граѓаните за Мицкоски: „Мислев дека си чесен“

По изјавата, на премиерот Христијан Мицкоски кој за градоначалничката на Скопје рече дека е политичка грешка која нема да се повтори, стигна реакција од Данела Арсовска. Во објава на ФБ и таа им се извини на граѓаните.„Им се извинувам на граѓаните што сум мислела дека си чесен, професор и интелектуалец, не знаејќи што навистина си“, напиша таа.Посочи дека нејзината работа е блокирана од советниците од ВМРО-ДПМНЕ:„Мицкоски, несреќо, јас завршувам со борбата во која твојот претседател на Совет на Град Скопје и твоите советници 4 години го блокираа и урнисаа градот. Не гласаа за нови автобуси, не гласаа за бесплатен превоз, не дозволија да се набави нова механизација за да се чисти ѓубрето, не гласаа ништо во интерес на граѓаните за да биде задоволена твојата суета. Ни за вработување на нови пожарникари, ни за нови противпожарни возила им кажа да не гласаат“, напиша Арсовска на својот фејсбук профил.

Скопје | пред 4 месеци

kocani-puls-protest-4

Мицкоски за барањата за негова оставка поради Кочани: Се злоупотребува болката на родителите

Премиерот Христијан Мицкоски беше прашан за коментар по последните барања за оставки од него и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кои дојдоа од родител во Кочани.„По последните маршови за ангелите од Кочани, можев да се видам во свој дигитален споменик, со лик испрскан со крв, каде што се води кампања против мене, министерот Тошковски и директорот Јанев.Мислам дека постојат луѓе на кои најмалку им е грижа за ангелите од Кочани и ја злоупотребуваат трагедијата на родителите што ги изгубија своите деца. За првпат можеби на македонската политичка сцена сведочев на дигитален споменик со мојот лик испрскан со крв. Ако некој смета дека тоа е добра кампања – во ред“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 4 месеци

zagadeno-skopje

Мицкоски најави филтри на оџаците како мерка против загадувањето: Очекувам невладини да се борат за воздуј по седум години молк

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата веќе размислува за конкретни мерки за намалување на загадувањето во претстојната зимска сезона.„За еден месец започнува грејната сезона. Денеска на владина седница ќе отворам значајна точка. Гасификацијата ќе трае подолго, затоа треба да разгледаме можност, како што субвенционираме клими и топлотни пумпи, да обезбедиме филтри на оџаците за 5 до 10 илјади домаќинства. Лично работев на оваа проблематика и видов дека во голем дел од градовите на тој начин е намалено загадувањето“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека Владата веќе мапирала околу 500 државни објекти кои користат фосилни горива, најчесто дрва, и дека постои можност и таму да се инсталираат филтри.„Очекувам повторно од ноември невладини организации да се активираат и да се борат за почист воздух, иако во изминативе седум години ги немаше. Оваа мерка би била вонредна, но мора да видиме како законски да ја реализираме, бидејќи сме во изборен период“, додаде премиерот.

Скопје | пред 4 месеци

menduh-taci-vlada

Тачи се закани: Ако ДУИ проговори, ќе откријам кои бизнисмени од Скопје и од Албанија колку го молеле Мицкоски

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, синоќа во гостување на ТВ21 изјави дека се покајал што влегол во Европскиот фронт, обвинувајќи го лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека не си го одржал зборот.„Јас се покајав што влегов во Европскиот фронт“, нагласи Тачи.Во своето излагање, тој упати и сериозни предупредувања до ДУИ: „Ако отворат уста уште еден збор, тогаш на следен јавен настап ќе кажам колку пати го молеа Мицкоски. Кој, со имиња и презимиња, бизнисмени од Скопје, луѓе од Албанија, колку се поклониле, како се согласиле да влезат во Владата дури и без претседател на Парламентот“, рече Тачи.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-01-at-12.06.16

Ристоска го демантира Мицкоски: Платата ми е редовна, не повисока

Обвинителката за врски на Македонија во Европравда, Ленче Ристоска, го демантира премиерот Христијан Мицкоски и истакна дека никогаш не примала за два до три пати повисока плата од редовната. Таа нагласи дека нејзиниот надоместок не го одредува државниот обвинител преку Правилник и дека е единствениот обвинител кој работи од сопствената држава.Реакцијата следува откако Мицкоски на брифинг со новинарите во петокот изјави дека претставникот на Македонија во Европравда зема „ненормално висока плата“. Премиерот беше дециден дека е против судиите и обвинителите да имаат зголемени плати, иако, како што рече, тоа го бараат со поддршка од граѓаните од едвај два проценти.Во овој контекст, Мицкоски додаде дека во законите за судиите и обвинителите не се предвидуваат суштински реформи, туку единствено зголемување на платите.Европската комисија, пак, бара зголемување на платите за судиите и јавните обвинители, како и за членовите на Судскиот и Обвинителскиот совет. Сепак, Владата е против ваквото решение и најави дека ќе направи компаративна анализа со пет европски земји за да се утврди колку средства тие издвојуваат за судството и обвинителството.

Македонија | пред 4 месеци

Mickoski-1

Мицкоски: Идентификувани 20-тина лица поврзани со пожарите

Премиерот, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на повторно подметнатиот пожар во Скопје и изјавата на министерот за внатрешни работи во кој демантираше дека постојат луѓе што палат, изјави:„Па јас сега не би навлегувал во првичната конструкција дека ме демантирал министерот за внатрешни работи, видовте утрово, се појави јасна снимка како се случува подметнување пожар во објект којшто изби утрово во 04:30 часот. Бев континуирано на линија и со градоначалникот на Општина Кисела Вода и со министерот и со луѓето од противпожарната единица на Град Скопје.Видовте како дрско се подметнува пожар и тоа е само уште еден доказ за тоа што го зборувам цело време, дека за жал, постојат центри на моќ коишто се обидуваат да внесат страв, паника кај граѓаните пред изборите. И одговорот на прашањето кому тоа му одговара, мислам дека со една многу кратка анализа ќе го добиете самите, ако направите.Денеска додека сум јас во Јегуновце, заседаваат врвот на структурите на Министерството за внатрешни работи. Идентификувани се околу дваесетина лица за коишто постои засновано сомневање дека стојат позади целиот овој процес.Истовремено имавме одредени дојави коишто ги собиравме изминативе денови и во координирана акција, Министерството за внатрешни работи со Министерството за животна средина, ќе постапува во деновите коишто следат. Така што, еве за жал, има структури коишто на ваков, би рекол, начин се обидуваат да внесат нестабилност и немир.Но како што кажав, тие ќе конструираат, ќе лешинарат, ќе подметнуваат, ние чесно ќе работиме, ќе се бориме и на крај повторно ќе победиме.“

Македонија | пред 4 месеци

prislusuvanje-kabli-35wp78d14y6aljmbcsszr4

ВМРО-ДПМНЕ бара ЈО да отвори темелна истрага за прислушувањето на Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ побара Јавното обвинителство да отвори темелна и транспарентна истрага за случајот со, како што наведуваат, незаконското следење и прислушување на претседателот на партијата Христијан Мицкоски, како и на функционери, новинари и бизнисмени.Од партијата тврдат дека граѓаните пет години живееле во „заробена држава“ во која се прекршувале основните човекови права, а во тој период Мицкоски и десетици други лица биле предмет на незаконски активности на безбедносните служби под контрола на СДС.Во соопштението се обвинува дека во изминатите пет години СДС и ДУИ грубо ги прекршувале законите и ги злоупотребувале институциите, додека Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Армијата на Република Северна Македонија (АР) биле ставени „во служба на политичката мафија“.ВМРО-ДПМНЕ наведува и дека Јавното обвинителство, заедно со обвинителот Љупчо Коцевски, дејствувале во интерес на СДС и ДУИ и прикривале криминал.„Неопходно е ЈО да престане да ги штити антидемократските структури и да започне да работи во интерес на владеењето на правото и правдата, со цел враќање на довербата во институциите“, стои во соопштението.Според ВМРО-ДПМНЕ, довербата на граѓаните во правосудството изнесува само 2 проценти, а доколку нема конкретни резултати, таа ќе падне на нула.Партијата бара ЈО да даде одговор кој стои зад наредбите на АНБ и АР и кој е дел од, како што велат, „мрежата на незаконско следење“.

Македонија | пред 4 месеци

mickoski

Мицкоски: Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ се со план, програма и визија, очекувам убедлива победа на локалните избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на настан од општина Брвеница, прашан за изборот на 16 нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори на синоќешниот ИК, и кој е најголемиот адут на партијата на овие избори, истакна дека очекува убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.„Тоа се луѓе коишто очекувам да бидат победници на следните локални избори. Мотивирани се, дисциплинирани, со план, со програма, со визија и убеден сум дека ќе додадат вредност во животите на луѓето во општините во коишто ќе бидат идни градоначалници. Очекувам убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на следните локални избори“, рече Мицкоски.Претседателот дополни дека Владата ги зајакнува темелите, истите оние кои претходната влада се обиде да ги урниса.„За помалку од два месеца од денеска и јавноста тоа ќе го види и да продолжиме со реформскиот процес да ја градиме Македонија, да ја обновуваме Македонија, да ги зајакнуваме темелите коишто претходната влада на СДС и ДУИ се обиде да ги урниса“, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 4 месеци

alijansa-za-albancite

Алијанса за Албанците: Дали Мицкоски ќе продолжи да го штити Меџити од обвинувањата за 450 илјади евра провизија?

Алијанса за Албанците (АА) прашува дали премиерот Христијан Мицкоски ќе продолжи да го штити својот коалиционен партнер, Изет Меџити од ВЛЕН, од обвинувањата за провизија од 450 илјади евра за плоштадот „Скендербег“, кои порано ги изнесе пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.АА потсетува дека ВМРО-ДПМНЕ додека беше во опозиција објавуваше бројки, скандали и афери за расипништвото во локалната власт во Чаир, обвинувајќи дека Меџити како градоначалник земал провизија. Денеска, како што се наведува, тие се верни владини партнери.„Доколку Мицкоски заборавил, јавноста памети како пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски јавно изнесуваше обвинувања против Меџити за корупција, злоупотреби, криминали и провизии тешки 450 илјади евра,“ се вели во соопштението.Алијанса за Албанците прашува дали Мицкоски сега се откажува од својот пратеник и неговите тврдења за да го спаси Меџити и дали ВМРО-ДПМНЕ сè уште верува во сопствените обвинувања или тие биле само „евтин популизам“.„Дали оваа партија е подготвена да ги затвори очите пред сите тие наводи за криминал само за да остане на власт? И најважно: дали интересот на народот е жртвуван за сметка на нивните фотељи и функции?“ прашуваат од АА.Партијата потенцира дека борбата против корупцијата не е предмет на пазарење. „Нема компромис со наводни криминали, ниту алиби за политичка дволичност. Време е ВМРО-ДПМНЕ јасно да избере дали сака владеење на правото или заштита на коалицискиот комодитет,“ се додава во соопштението.АА порача дека граѓаните нема да прифатат двојни стандарди – едно да зборуваат кога се во опозиција, а друго да прават кога ќе дојдат на власт. „Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина сака да се претстави како носител на промени, мора јавно и без калкулации да покаже дали ќе застане на страната на правдата или ќе остане соучесник во коруптивните практики кои самите ги разоткриваа,“ завршува соопштението.

Македонија | пред 4 месеци

VenkoFSDSM-1

СДСМ: Христовски го демантираше Мицкоски дека бил прислушуван

СДСМ реагира на тврдењата за наводно прислушкување на премиерот Христијан Мицкоски и побара Агенцијата за национална безбедност (АНБ) веднаш да ја декласифицира целата документација поврзана со случајот.„Власта да не бега од вистината, АНБ веднаш да направи декласификација на целата документација поврзана со случајот кој се обиде да го претстави како наводна афера за прислушкување,“ се наведува во соопштението.Од СДСМ истакнуваат дека не е точно дека е потребна судска постапка за декласификација на документите, туку тоа е само алиби и параван зад кој, како што велат, се крие вистинската намера на власта.„Законот е јасен – ‘тој што класифицира, тој и декласифицира’. Во овој случај тоа е АНБ и тоа треба да се направи веднаш,“ додаваат од партијата.СДСМ обвинува дека се фрлаат обвинувања во јавноста без ниту еден доказ и факти, со што се поткопува довербата во тоа што го кажува власта, а се создаваат сериозни сомнежи за „намерна манипулација и опасна игра на ВМРО-ДПМНЕ“.„Како тоа премиерот Мицкоски тврди дека наводно бил прислушуван, а директорот на АНБ Христовски кажува друго – дека станува збор за прибирање информации за таргетирани лица. Некој тука лаже свесно,“ се наведува во реакцијата.Од СДСМ додаваат дека само преку декласификација јавноста ќе ја види реалноста – дали и кој правел злоупотреби. „Ако не се направи декласификација, власта ќе потврди дека целиот случај е креиран заради политички мотиви и злоупотреба на агенцијата во партиски цели на ВМРО-ДПМНЕ,“ стои во соопштението.

Македонија | пред 4 месеци

unnamed-5

Мицкоски: Македонија денес се гради како никогаш досега, во тек се над 1.200 градилишта

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција изјави дека низ Македонија во моментов се реализираат повеќе од 1.200 градилишта и дека државата вложува средства без преседан во инфраструктурни проекти. Тој нагласи дека од централниот буџет кон општините се префрлени над половина милијарда евра, што е практика спротивна на минатото кога, како што рече, „Македонија се крадеше, а денес Македонија се гради“.Мицкоски им се заблагодари на потпретседателот на Владата и министер за транспорт, на директорот на Јавното претпријатие „Државни патишта“, на пратениците, како и на сите вработени во Министерството за транспорт и врски и во ЈП „Државни патишта“, нагласувајќи дека сите тие придонесуваат за тоа Македонија денес да се гради како никогаш досега.„Ширум Македонија ние имаме повеќе од 1.200 градилишта — нешто што досега не се случило. Повеќе од половина милијарда само средства финансирани од страна на централниот буџет кон општините. Ако праксата во минатото беше Македонија да се краде, сега е пракса Македонија да се гради. И така и ќе продолжи во годините коишто следат,“ рече Мицкоски.Тој додаде дека ако на тие средства се додадат и проектите што ги реализира Владата на централно ниво, како и капиталните инвестиции што се спроведуваат преку Јавното претпријатие „Државни патишта“, тогаш станува збор за неколку милијарди евра проекти кои се во тек, а исто толку ќе следат и во наредните години.Мицкоски се осврна и на патната инфраструктура, потсетувајќи на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, за кој, како што рече, во неформалниот дел пред пресот разговарале и за развојот на патниот правец од Романовце до Страцин.„Очекуваме во периодот што следи и овој проект да стане дел од јавна процедура. Тендерската процедура, бидејќи како што разбрав, експропријацијата е целосно завршена, се прави ревизија на проектот и очекувам и тука да почне јавната набавка и тој проект да почне со реализација, за да може од Скопје до Крива Паланка да се стига за помалку од 45 минути — нешто што мислам дека е добро за граѓаните од овој дел на Македонија,“ нагласи премиерот.Тој заклучи дека со големите православни празници пристигнуваат и убави вести за граѓаните. „Нека ни е аирлија и со бериќет овој нов проект којшто значи реконструкција и продолжување на изградбата на патните правци коишто се дел од Коридорот 8,“ порача Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

Mickoski-Carina

Мицкоски: Македонија заштеди 115 милиони евра, нема отворање на рудникот „Казандол“

Македонија извојува победа во арбитражната постапка за раскинатата концесија за рудникот „Казандол“, со што државата избегна оштетно побарување од 115 милиони евра. Премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека добиената арбитража значи и потврда дека рудникот нема да се отвори.„Ова е втора арбитража што ја добива оваа влада и очекуваме уште најмалку две во периодот што следи“, изјави Мицкоски, додавајќи дека државата мора да истражи зошто во минатото сите арбитражи се губеле, а сега се добиваат.Тој потсети дека сопствениците на концесијата ја тужеле Македонија со образложение дека им е предизвикана штета и изгубен профит поради раскинувањето на договорот за „Казандол“. „Тужбеното барање беше 115 милиони евра. Тие изгубија и тоа значи дека повеќе немаат концесија“, рече премиерот.Во врска со шпекулациите, Мицкоски беше дециден дека по завршената арбитража не постои можност повторно да се отвори рудникот. „Не е вистина дека компанијата, иако ја изгуби постапката, ќе добие дозвола за работа. Тоа се конструкции и обиди за манипулација од кругови кои не ѝ мислат добро на Македонија и на граѓаните“, нагласи тој.

Македонија | пред 5 месеци

298814022_626565902523205_7704864537932449217_n

Рестораните и транспортот поскапи за 25 отсто споредено со лани – Владата најавува „внимателни мерки“

Ресторанските услуги се за 25 отсто зголемени во споредба со минатата година, покажала анализата на Владата. Истото важи и за транспортните услуги, а двоцифрено зголемување има и кај овошјето.„Нашата пракса покажала дека ако ја ограничиме маржата кај одредени производи, во следните месеци таа се прелева и на крајот се нивелира“, рече премиерот Христијан Мицкоски.Тој рече дека во јули инфлацијата е меѓу 4 и 5 отсто, а тоа е поради услугите.„Тоа значи дека зголемените плати и пензиите кои номинално се зголемија, прават притисок врз побарувачката. Затоа сме внимателни во делот на носење на мерки“, додаде Мицкоски.Тој рече дека анализата скоро ќе биде готова и ќе бидат внимателни.„Се анализираат групи на производи, услуги, за да дојдеме до трајно решение“, посочи тој.

Македонија | пред 5 месеци

mickoski-za-dui

Мицкоски до ДУИ: Да не се надеваат на предвремени избори, на локалните ќе победи ВМРО

Премиерот Христијан Мицкоски, им порача на ДУИ дека „тоа така не оди“, кога во прашање е придобивање на гласови со лажен патриотизам. Мицкоски рече дека ДУИ имаат за цел да испровоцираат предвремени парламентарни избори, па порача да не се надеваат.„Тие играат на картата – кратко помнење. Тоа така не оди. Јас ги повикувам сите граѓани, дека тука бираат помеѓу концептот кој 20 години ја опустошувале Македонија, а немаат никаква врска со права, и оние кои сакаат заеднички да градиме иднина“, рече Мицкоски.Тој посочи дека оваа Влада освоила над 600.000 гласови и ќе биде победник на локалните избори.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања