ХРВАТСКА

media-librarynqlsog91pqsn9xb9AZQ

Невреме преврте кампер кај мостот на Крк, Италијанка пренесена во болница

Страшно невреме денес преврте кампер на паркиралиште во близина на Крчкиот мост, при што беше повредена и во Риечката болница пренесена државјанка на Италија, соопштија од Полициската управа Приморско-горанска.Чекале на паркинг, а ветерот им го превртел камперотОд полицијата информираат дека две италијански државјани се наоѓале во камперот паркиран на крчката страна и чекале ветерот да се смири за да можат да го продолжат патувањето.Силните удари на бурата го превртеле камперот, при што жената била повредена, а мажот – исто така италијански државјанин – не е повреден, наведуваат од полицијата. На целиот Кварнер и во Риека денес дува олујна бура, па од градската фирма „Риека промет“ предупредија дека, поради силниот ветер, е активиран црвен метеоаларм за Риека.Од „Риека промет“ дополнително соопштија дека бурата во Риека урива сообраќајни знаци и дури фрлила адвентски шатор на коловозот, но дека сето тоа веднаш се отстранува и се санира.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryqpn26c9che1a88C6h1o

(Видео) Снегот го парализираше регионот: Во Сплит заглавени абтомобили, застои во сообраќајот во Сараево

Силни снежни врнежи предизвикаа проблеми во регионот, во Босна и Херцеговина и Хрватска, дојде до застои и проблеми во сообраќајот.Во Сараево снегот предизвикал тешкотии во движењето на возилата, застои и зголемен ризик од сообраќајни незгоди, соопштија од зимската служба на КЈКП „РАД“.Во општина Нови Град, тротоарите и локалните улици се чистеле рачно. Цел ден се очекува облачно време со снег и дожд во поголемиот дел од Босна, а дожд во Херцеговина.Метеоролозите предупредуваат дека врнежите ќе продолжат и наредните денови, со повремени разведрувања и нови циклони. Граѓаните се повикуваат на претпазливост додека патиштата се расчистуваат.Во Бања Лука, зимските служби исто така се на терен.Снег паѓа низ цела Хрватска, а кај Сплит и Клиса сообраќајот е отежнат и повеќе автомобили се заглавениСнег паѓа и во Лика, Горски Котар, централна и северозападна Хрватска, Славонија и Далматинска Загора.Хрватскиот автоклуб (HAK) предупреди дека повеќето патишта се влажни или покриени со снег и се лизгави. Најголема снежна покривка утрово е измерена на Завижан, 32 сантиметри.

Свет | пред 2 месеци

media-librarykbi6g9hecmbo6U38Pqp

Пожарот во „Вјесник“ бил дело на TikTok- предизвик

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против две лица на 18 години кои се сомничат дека го предизвикале големиот пожар во напуштената зграда на „Вјесник“ во Загреб.Се товарат за „тешки кривични дела против јавната безбедност“, а во врска со кривичното дело „загрозување на животот и имотот со општо опасно дејствие или средство.0Досуден им е еден месец притвор поради ризик од повторуваање на делото.Тие изјавија дека влегле во зградата каде што било скршено стаклото. Се снимале себеси околу зградата и, како што рекле, влегувањето и престојот во зградата било дел од предизвикот на TikTok.Првиот осомничен ја дал својата одбрана за време на испрашувањето, додека вториот осомничен се брани со молчење. Клучните сведоци биле испрашувани преку видео врска.Сведоците рекле дека се дружеле околу „Вјесник” од 17 часот во понеделник. Пиеле и пушеле, а двајцата осомничени им се придружиле кратко пред 22 часот. Тие исто така рекоа дека слушнале двајца обезбедувачи како играат пинг-понг.Тие исто така признале дека гаселе опушоци од цигари насекаде во зградата.

Свет | пред 2 месеци

media-librarygss9gdrr3g309GoecYV

(Видео) Полицијата откри кој ја поставил направата и ја снимил експлозијата кај училиштето близу Сплит

Полицијата во Сплит ја заврши кривичната истрага против седум лица, од кои шест малолетници, поради активирање на импровизирана експлозивна направа пред основното училиште Строжанац. Четири лица ќе бидат спроведени пред притворски надзорник, а за три лица ќе биде поднесена кривична пријава до обвинителството за млади.Осомничените претходно подготвиле шишиња со гориво и експлозив, ги активирале со запалка и оддалечено ја следеле експлозијата, која предизвикала силен удар и пламен. Еден од малолетниците го снимил настанот со мобилен телефон. Ден претходно исто така активирале друга експлозивна направа на истото место, оштетувајќи стакла на училиштето.Инцидентот се случи на место каде беа запалени свеќи во чест на жртвите од Вуковар и Шкабрња. Директорката на училиштето изјави дека вработените и учениците се длабоко потресени и дека веднаш била повикана полицијата.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryuicum1n8t5un28qk58O

(Видео) Делови од Хрватска, Словенија и БиХ под снежна покривка

Снежна покривка го означи доаѓањето на зимата во регионот.Снег паѓаше во Хрватска, БИХ и Словенија.Во Хрватска, првиот снег за оваа сезона падна во Лика, Горски Котар и Сљеме.Хрватскиот автоклуб објави дека патиштата што минуваат низ планинските подрачја се под снег и ги повика возачите да бидат повнимателни и да го прилагодат возењето на условите на патот.Во БиХ снег паѓа во Бјелашница, Јахорина и Влашиќ.Снег има и во делови од Словенија.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryvia8rvls5l8e7FTxbMh

(Видео) Гори облакодер во Загреб, зафатени неколку ката, пожарот се шири низ вентилацијата

Вечерва во Загреб изби голем пожар на претпоследниот кат од облакодерот „Вјесник“, а пламенот се прошири и на неколку други ката од зградата. Според информациите од загрепските пожарникари, во гаснењето се вклучени 66 пожарникари со 20 возила, додека внатрешната интервенција е прекината поради зголемена опасност.„Пожарот е и понатаму активен и се шири преку конструкциските отвори. Поради зголемен ризик, пожарникарите се повлечени од внатрешната навала. Сите станици се испразнети и се пополнуваат со резервни сили,“ соопштија пожарникарите.Според податоците на Цивилната заштита, пламенот ги зафатил 6., 9. и 12. кат од зградата, а густ црн чад се издига над делот од градот во близина на Славонска авенија, која е целосно блокирана за сообраќај.Очевидци јавуваат дека се слуша кршење на стакло, а пламенот се шири вертикално преку вентилационите отвори и техничките канали, што претставува особено голем ризик за целата конструкција.Во моментот на избивањето на пожарот во зградата немало луѓе, но состојбата на теренот, според извештаите, „и натаму изгледа лошо“, а гаснењето сè уште трае.Засега нема информации за повредени и евентуални жртви.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryl949l7kjto3mc7KbGLe

Трагедија во Хрватска: урнат турски авион на релација Ријека – Загреб

Во близина на местото Крив Пaт, кај Сењ, падна авион „Air Tractor AT-802“, кој бил во лет на релација Ријека – Загреб – Ријека, потврди Дирекцијата за цивилна заштита на Хрватска.Дојавата за исчезнување на авионот од радарите била примена во 16:53 часот, а нешто подоцна, околу 17:11 часот, пристигнала потврда дека авионот се срушил и се запалил.На теренот веднаш биле упатени полицијата, пожарникарите и екипи на итната медицинска помош, а во акцијата учествувале и 20 припадници на Хрватската горска служба за спасување (HGSS) со четири возила.Според првичните информации, два турски противпожарни авиона од типот „Air Tractor“ полетале од Чанаккале (Турција) кон Загреб, каде требало да извршат техничко одржување. Поради лоши временски услови и густа магла, авионите се вратиле кон аеродромот во Ријека, но едниот исчезнал од радарот и подоцна бил пронајден урнат во ридест предел кај Сењ.Другиот авион успешно слетал во Ријека.Според податоците на хрватската полиција и Цивилната заштита, во несреќата загинал странски државјанин, идентификуван како пилот на турската Генерална управа за шумарство.Турскиот министер за земјоделство и шумарство, Ибрахим Јумакли, ја потврди трагедијата и изрази сочувство:„Молам за душата на нашиот пилот кој загина во оваа трагична несреќа. Нашите мисли се со неговото семејство и најблиските“, напиша Јумакли на социјалната мрежа NSosyal.По падот, авионот се запалил, а пожарот бил ставен под контрола. Местото на несреќата е обезбедено и се очекува во раните утрински часови да пристигнат истражители од Агенцијата за истражување на несреќи во воздушниот, поморскиот и железничкиот сообраќај.Од Агенцијата потврдија дека е покрената безбедносна истрага согласно европските прописи (Уредба ЕУ бр. 996/2010) за утврдување на причините за падот.Јосо Живковиќ, координатор на Цивилната заштита кој ја раководел акцијата, изјави дека теренот е тежок и непристапен, но добро познат на спасувачките служби.„Сите сили беа ангажирани веднаш – полиција, пожарникари, итна помош, HGSS. Сега се работи на обезбедување на местото и чекање на истражителите,“ изјави Живковиќ за ХРТ.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryqvrkpaqgjgba6EcuDk4

Жена од Хрватска фатена при превоз на мигранти кај Војниќ

Полицијата во подрачјето на општина Војниќ во Хрватска спречила уште едно криумчарење на мигранти. Минатиот четврток, на 6 ноември, полициските службеници запреле патнички автомобил со задраски регистарски таблички, управуван од 56-годишна хрватска државјанка, во кој таа превезувала странски државјани, соопштија од Полициската управа Карловац.Криумчарела од користољубиеСо спроведеното криминалистичко истражување утврдено е дека осомничената 56-годишна жена, од користољубие и за однапред договорен паричен износ, во возилото превезувала странски државјани кои нелегално влегле на територијата на Република Хрватска.Следи кривична пријаваОсомничената жена е предадена на притворски надзорник на Полициската управа Карловац со кривична пријава до надлежното државно обвинителство. Се сомничи дека сторила кривично дело — противзаконито влегување, движење и престој во Република Хрватска, друга земја членка на Европската Унија или потписничка на Шенгенскиот договор. Со странските државјани е постапено согласно со Законот за меѓународна и привремена заштита и Законот за странци.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryq9s7u9mu8rvqe9nbPVH

Полицаец од Копривница осомничен за мачење на двe момчиња

Општинското државно обвинителство во Копривница покрена истрага против 52-годишен полицаец под сомнение дека во просториите на полициската станица физички и психички малтретирал двајца млади момчиња на возраст од 19 и 22 години.Според наводите на обвинителството, постои основано сомнение дека полицискиот службеник на 7 октомври 2025 година во Копривница постапувал кон младиќите на „понижувачки начин кој вклучувал закани и заплашување“ со цел да добие од нив информации или признание поврзано со еден прекршок.По испитувањето на осомничениот, Општинското државно обвинителство предложило на истражниот судија на Жупанискиот суд во Вараждин да му биде одреден притвор поради опасност од влијание врз сведоци. Судијата го прифатил предлогот и одредил притвор.Против полицаецот се води истрага за кривично дело мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување, за што Кривичниот законик предвидува повеќегодишна затворска казна.

Свет | пред 2 месеци

media-librarymtetpl8bjhm57vs0tRv

Спречен можен инцидент во Риека, малолетници планирале напад врз деца од Србија

Во Риека била спречена опасноста од можен инцидент откако полицијата добила пријава за собирање на сомнителна група во близина на Центарот Замет, каде што се одржува Првенството на Балканот во карате.Како што посочуваат неофицијални информации, цел на наводниот напад требало да бидат деца од Србија, но благодарение на брзата интервенција на полицијата, ситуацијата завршила без инцидент.Од Полицијата на Приморско-горанската жупанија потврдиле дека реагирале по пријава за собирање на група лица околу спортската сала.„Со доаѓањето на местото на настанот, дел од групата беше затекнат, меѓу нив десет малолетни лица,“ соопштија од полицијата.Полицијата истакна дека не дошло ниту до вербален, ниту до физички судир.„Според досега собраните информации, не е забележан вербален ниту физички напад врз учесниците на меѓународното натпреварување во карате, на кое учествуваат спортисти од 13 земји.Исто така, не се евидентирани оштетувања на имотот. Полицијата продолжува со утврдување на сите околности поврзани со настанот и можното постоење на противправно однесување,“ соопштија од полицијата.Во Риека од денес се одржува Првенството за кадети, јуниори и младинци во карате, на кое учествуваат повеќе од 1.200 натпреварувачи од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Србија, Словенија, Турција и Хрватска.

Свет | пред 2 месеци

media-librarybbnjia0dbp9r1AKuhri

Поддршка од Северина за Дијана Хрка, мајката на загинатиот Стефан, која со штрајк со глад бара правда

Хрватската ѕвезда Северина за време на концертот во Загреб ѝ испрати поддршка на Дијана Хрка, мајката која загуби син во падот на настрешницата во Нови Сад и сега штрајкува со глад барајќи правда.Од почетокот на студентските протести во Србија, Северина отворено ги поддржува блокадите и испраќа пораки за поддршка на речиси секој концерт.Како што објави Нова.рс , таа ги потсети присутните дека во центарот на Белград, мајката на лицето кое почина по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, штрајкува со глад.Публиката одговори на ова со овации и громогласен аплауз.„На 400 километри источно од мене, има мајка која штрајкува со глад веќе пет дена. Се вика Дијана Хрка, а нејзиниот син Стефан почина под железничкиот надвозник во Нови Сад. Оваа мајка штрајкува со глад затоа што веќе една година бара вистина и правда. Ве молам, дајте ѝ силен аплауз. Дијана”, рече Северина.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryle0gumolm75q3yGLTdo

Пукање во Крит, испукани илјадници куршуми: Двајца загинати, 14 ранети

Најмалку две лица загинаа во напад извршен од вооружена група која испукала илјадници куршуми кон куќи, автомобили и жители на едно село на островот Крит.Непознати напаѓачи рано утрово отвориле оган во селото Воризија, пренесува весникот Катимерини. Освен двете загинати лица, во нападот се повредени најмалку уште 14 лица, меѓу кои има и деца. Засега нема официјални информации за позадината на инцидентот, но локалните медиуми пренесуваат дека се претпоставува оти станува збор за семејна крвна одмазда.Полицијата ги пребара сите куќи во селотоТаквите одмазди на Крит биле честа појава до средината на минатиот век, но се присутни и денес. Затоа се сомнева дека нападот можеби е одмазда за бомбашкиот напад од претходната ноќ. Според полицискиот извештај, на градилиште во истото село била активирана експлозивна направа, која предизвикала значителна материјална штета.Во емисијата на ERT News беше кажано дека во селото има две завојувани семејства. Некои од повредените во пукањето биле пренесени со автомобили и трактори до локалната болница, бидејќи возилата на итната помош од безбедносни причини го одложиле пристигнувањето во селото, стои во извештајот.

Свет | пред 3 месеци

media-library17k1l8r2vbf11i06obd

Македонец осомничен за силување на Британка во Дубровник: таму живее со семејството, го сомничат дека делото го направил во хотелот каде работи

Македонец од Ѓорче Петров е осомничен за силување на Британка во Дубровник. Настанот, според тамошните власти се случил во хотел островот Коложеп (Каламота). Станува збор за 37-годишен маж, кој претходно работел угостителство во Македонија.Според „Дубровачки дневник“, Македонецот барал, но Жупанискиот суд во Дубровник ја одбил жалбата на 37-годишен државјанин на Македонија од Скопје, за да излезе од притвор. Со тоа, осомничениот останува во истражен притвор до завршување на постапката, пренесуваат тамошните медиумиСпоред информациите од портпаролот на Жупанискиот суд во Дубровник, судијата за истраги му одредил ваква мерка бидејќи оценил дека постојат основано сомнение и релевантни докази дека осомничениот го сторил делото за кое се товари.Одбраната на осомничениот, кој е вработен во хотелот каде што се случил настанот, поднела жалба, наведувајќи дека нема опасност од бегство бидејќи тој е професионално и семејно поврзан со Хрватска, каде живее со сопругата и децата, а има и договор за работа за 2026 година.Сепак, Судот веќе оцени дека жалбата е неоснована, потврдувајќи го решението за притвор. Во образложението се наведува дека постојат доволно елементи кои укажуваат на сериозно основано сомнение дека 37-годишниот Македонец го извршил делото, како и реална опасност тој да побегне или да влијае врз сведоци ако биде пуштен на слобода.Судот исто така нагласува дека во текот на истражната постапка треба да биде сослушан сведокот кој бил во друштво на осомничениот, жртвата и нејзината пријателка во спорната вечер.Според Кривичниот закон на Република Хрватска, за силување без согласност на жртвата е предвидена затворска казна од три до осум години.

Свет | пред 3 месеци

hrvatska-dubrovnik

Во Хрватска се враќа задолжотелна основна воена обука

Хрватскиот парламент го измени Законот за одбрана за повторното воведување на задолжителна основна воена обука. Основната воена обука (ТВО) ќе трае два месеци, првите повици ќе започнат до крајот на годината, а првите регрути се очекуваат во касарните во Книн, Слуњ и Пожега на почетокот на следната година.Сите 18-годишни млади мажи се регистрирани во воениот регистар и ќе бидат испратени на воена обука во календарската година кога ќе наполнат 19 години. Регрутите ќе бидат подложени на лекарски преглед пред обуката за да се утврди дали се способни за воена обука.По исклучок, регрутите на возраст над 19 години и до 30 години можат да бидат испратени на воена обука, бидејќи службата може да се одложи во случај на студирање и за спортисти за учество на светски и европски првенства.Лицата кои не сакаат да учествуваат во воени должности поради религиозни или морални убедувања ќе можат да се спротивстават на нивната совест и ќе завршат тримесечна основна воена обука во цивилна заштита или локални единици во траење од четири месеци.За воена обука, надоместокот ќе биде 1.100 евра месечно, а обуката ќе биде вклучена во стажот, додека за цивилна служба, надоместокот ќе биде помал, а износот ќе биде регулиран со регулатива.Жените не подлежат на регрутација, но можат доброволно да посетуваат основна воена обука, што е еден од условите за прием во активна воена служба, и да служат во резервите.Лице ќе биде казнето со парична казна од 250 до 1.320 евра за прекршок ако, без оправдана причина, не се јави на повик за учество во воена служба.Невработено лице кое завршило основна воена обука или доброволна воена обука, како и класифициран резервист кој е вработен на неопределено време, ќе имаат предност при вработување, под еднакви услови, во државните органи и административните органи на локалните единици.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryb5ikok0pd0200SjKd6M

Активистите кои ја прекинаа воената парада во Загреб добија казни од 3000 евра

Општинскиот прекршочен суд во Загреб осуди четворица активисти затоа што се обиделе да ја прекинат воената парада по повод одбележувањето на акцијата „Олуја“. Тие ја прескокнале оградата, легнале пред воените возила облечени во облека полеана со црвена боја и биле отстранети од полицијата.Судот оцени дека со тоа „на особено дрзок и непристоен начин го нарушиле јавниот ред и мир“ и „го оскверниле сеќавањето на загинатите бранители“. Тројца добија по 3000 евра казна, а една активистка 700 евра.Нивната адвокатка тврдеше дека станувало збор за уметничко-протестен перформанс со кој сакале да изразат несогласување со милитаризацијата и национализмот, но судот оцени дека јавноста не го препознала тој чин како протест, туку како навреда на свеченоста.

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања