Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Трагедија во Хрватска: урнат турски авион на релација Ријека – Загреб

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-libraryl949l7kjto3mc7KbGLe

Во близина на местото Крив Пaт, кај Сењ, падна авион „Air Tractor AT-802“, кој бил во лет на релација Ријека – Загреб – Ријека, потврди Дирекцијата за цивилна заштита на Хрватска.

Дојавата за исчезнување на авионот од радарите била примена во 16:53 часот, а нешто подоцна, околу 17:11 часот, пристигнала потврда дека авионот се срушил и се запалил.

— реклама —

На теренот веднаш биле упатени полицијата, пожарникарите и екипи на итната медицинска помош, а во акцијата учествувале и 20 припадници на Хрватската горска служба за спасување (HGSS) со четири возила.

Според првичните информации, два турски противпожарни авиона од типот „Air Tractor“ полетале од Чанаккале (Турција) кон Загреб, каде требало да извршат техничко одржување. Поради лоши временски услови и густа магла, авионите се вратиле кон аеродромот во Ријека, но едниот исчезнал од радарот и подоцна бил пронајден урнат во ридест предел кај Сењ.

Другиот авион успешно слетал во Ријека.

— реклама —

Според податоците на хрватската полиција и Цивилната заштита, во несреќата загинал странски државјанин, идентификуван како пилот на турската Генерална управа за шумарство.

Турскиот министер за земјоделство и шумарство, Ибрахим Јумакли, ја потврди трагедијата и изрази сочувство:

— реклама —

„Молам за душата на нашиот пилот кој загина во оваа трагична несреќа. Нашите мисли се со неговото семејство и најблиските“, напиша Јумакли на социјалната мрежа NSosyal.

По падот, авионот се запалил, а пожарот бил ставен под контрола. Местото на несреќата е обезбедено и се очекува во раните утрински часови да пристигнат истражители од Агенцијата за истражување на несреќи во воздушниот, поморскиот и железничкиот сообраќај.

Од Агенцијата потврдија дека е покрената безбедносна истрага согласно европските прописи (Уредба ЕУ бр. 996/2010) за утврдување на причините за падот.

— реклама —

Јосо Живковиќ, координатор на Цивилната заштита кој ја раководел акцијата, изјави дека теренот е тежок и непристапен, но добро познат на спасувачките служби.

„Сите сили беа ангажирани веднаш – полиција, пожарникари, итна помош, HGSS. Сега се работи на обезбедување на местото и чекање на истражителите,“ изјави Живковиќ за ХРТ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0kn2nrjj1gu2cICDW17

Казни од 1.000 евра за пар во Сплит: Соседите ги пријавиле за бучава и топлес на балкон

Балкан | пред 1 ден

Hrvatska-policija

Автомобил се преполови по удар во столб во Загреб, едно лице загина

Балкан | пред 1 ден

media-library791innqblcehbE1GKoF

Во Хрватска запалено српско знаме

Балкан | пред 2 дена

zena-na-elektricen-trotinet

Трагедија во Хрватска: Дете почина три дена по пад од електричен тротинет

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања