Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ЗАТВОР

sud-krivicen

Членовите на криминалната група од Грчец добија вкупно 50 години затворска казна

Вкупно 50 и пол години затвор им пресуди Кривичниот суд на шестмина членови на криминалната група Грчец, од кои четворица за неовластено купување на 15 килограми наркотична дрога – кокаин, нејзино пренесување и пуштање во промет во државава, а двајца за злосторничко здружување за вршење на двојно убиство од одмазда и по порачка. Дилерите добија по 5 односно 6 години затвор, а убијците по 14 години затвор, за две убиства.Судот ги прогласи Фадил Бајрамовски, Севди Азири, Неџати Исени и Бесим Асани за виновни за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори од член 215 став 3 од Кривичниот законик. Бајрамовски, Азири и Исени се осудени на казна затвор од 5 години, додека Бесим Асани доби 6 години.Останатите двајца, Фати Сулејмановски и Шулејб Сулејмановски, Судот ги прогласи за виновни дека сториле кривични дела Злосторничко здружување од член 394, став 3 и Убиство од член 123 став 2, точка 5 од Кривичниот законик.Фати Сулејмановски судот го осуди на казна затвор од 14 години за делото Убиство и една година и шест месеци за делото Злосторничко здружување, односно на единствена казна затвор од 14 години и шест месеци.Шулејб Сулејмановски судот го осуди на казна затвор од 14 години за делото Убиств и на 2 години за Злосторничко здружување, односно на единствена казна затвор од 15 години.Групата не дејствувала инцидентно, туку континуирано и тоа најмалку од јуни 2019 до март 2021 година. Во групата учествувале 15 лица, од кои дел се починати, а дел се недостапни на органите на прогон.

Македонија | пред 7 месеци

Feliks

За убиецот на кучето Феликс е изречена затворска казна - Прв пат во историјата на Македонија!

По првпат во историјата на Македонија, изречена е ефективна затворска казна за убиство на куче. Основниот кривичен суд во Скопје денес го осуди Љубе Крстевски на три месеци затвор за грозоморното убиство на кучето Феликс – пресуда што активистите за заштита на животни ја оценуваат како историска.Во продолжение следува реакцијата на организациите „Анима Мунди“ и „Хуман зелен град“:Денес е голем ден! Денес монструозниот убиец Љубе Крстевски доби првостепена пресуда со ефективна затворска казна од 3 месеци за грозоморното убиство на Феликс! Ефективна затворска казна е изречена првпат во историјата на Македонија!Активистите за заштита на животни повторно испишаа историја! Пресудата е жив доказ дека да се биде активен граѓанин се исплати, промените се случуваат! Кога се бориме против неправда тоа има ефект!Судијката Лидија Петровска при изрекувањето на пресудата рече:„Изрекувањето на ефективна казна затвор има значење за заштита на јавниот интерес и ќе превенира слични постапки во иднина. Се работи за дело што предизвика висока јавна чувствителност и морална загриженост особено во контекст на зголемениот број на случаи на суровост кон животните. Со изрекувањето затворска казна се испраќа порака дека ваквите постапки нема да се толерираат и дека секој граѓанин има обврска за хуман однос кон животните“.Адвокатот на убијците, Горан Колев кој не ни знаел дека постои Законот за заштита и благосостојба на животните, во својот завршен збор изјави„Сепак не е човек, сепак е куче“. Горан, од убиство на куче до убиство на човек има само еден чекор! Тоа е непобитен факт!Ќе се жалат, ама ќе се жалиме и ние! Но денес ќе славиме и ќе се сеќаваме на милиот Феликс! Ќе се сеќаваме на секое друго животно што настрадало од човечка рака! Ниедно не е заборавено! Нема да се откажеме и ќе се бориме до крај! Додека и последното живо суштество не го добие правото што му припаѓа по раѓање – да живее живот во слобода!

Македонија | пред 7 месеци

sudenje

Наместо во строгото КПУ Идризово, судија пратил осуденик во Гевгелија, сега му се суди нему

Судија од Основниот суд во Кавадарци се соочува со обвинение за несовесно постапување, откако со своите одлуки свесно овозможил осудено лице да ја избегне издршката на затворската казна речиси цела година. Обвинението го поднесе Основното јавно обвинителство Велес.Како што информираат од Обвинителството, станува збор за судија за извршување санкции, кој во текот на 2024 година намерно постапувал спротивно на законот во предмет што се однесува на извршување казна затвор од 3 години и 8 месеци. Казната била изречена со правосилна пресуда на Основниот суд во Гевгелија, а осудениот требало да биде упатен во КПУ Идризово – Скопје, со оглед на висината на изречената казна.Сепак, судијата, иако навреме ја примил пресудата – на 5 април 2024 година, не постапил во законскиот рок и дури по доцнење го изготвил упатниот акт, со кој осуденото лице било погрешно насочено кон затворот во Гевгелија. Оттаму било вратено известување дека установата нема надлежност за ваква казна.Наместо веднаш да го коригира пропустот и да го упати лицето во соодветната установа, судијата продолжил со одолговлекување – пробивајќи ги роковите при секоја наредна одлука во предметот.Дури на 4 јуни 2024 година добил известување дека осудениот не се појавил во КПУ Идризово. Иако бил обврзан да издаде наредба до полицијата во рок од 24 часа за приведување, тој го направил тоа дури на 7 јуни. Централна потерница била распишана, по што осуденото лице било пронајдено и лишено од слобода.Казната започнал да ја издржува дури на 11 март 2025 година – скоро една година подоцна од првично предвидениот термин во април 2024 година.Сега судијата се соочува со обвинение за несовесно вршење на службата, при што, според Обвинителството, неговите дејствија биле свесни и со намера да му обезбедат поволности на осуденото лице.

Македонија | пред 7 месеци

IMG_5168

Затвор за водачот на ,, Локумадес” мафијата

Познатите грчки локумадес – крофни, кој се главна посластица на грчите плажи се вносен бизнис, па за превласт се борат и со уцени,42-годишник доби 16 години затвор од Апелациониот кривичен суд во Солун, под обвинение дека е водач на криминална група, која вршела изнуда и уцена за контрола на продажбата на крофни на прометните плажи на Ситонија, на вториот крак на Халкидики.Судот го прогласи за виновен за бандитско рекетирање.Тој беше ослободен од обвинението за обид за убиство против ситен трговец и трговија со луѓе, поврзани со условите за работа на странските ситни трговци.Во истрагата било утврдено дека криминалната група, која броела 12 члена, спроведувала вистинска кампања на заплашување и насилство за да воспостави монопол врз продажбата на крофни на плажите.Полициската истрага за активностите на таканаречената „Локумадес мафија“ започна по откривањето на обид за убиство на продавач на крофни во Никити, но за ова обвинетиот беше ослободен.Тој пред судот ги негираше сите дела.Грчката полиција во 2021 година разби криминална група во која освен водачот, учествувале уште 11 други лица. Дел од нив се ослободени, а дел добиле парична казна.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-05-12-at-15.30.17

Осудениот врховен судија Георгиев се вработи како магационер: сега излегува денски, навечер се враќа во затворот

Осудениот поранешен врховен судија, Наќе Георгиев, кој е осуден за земање на мито, сега се вработи како магационер, дознава „Скопје1“. Ова пак, му овозможува денот да го поминува излезен од зад решетките, но треба да се враќа таму и да преспива. Погодноста му е овозможена бидејќи тој издржа нешто повеќе една година од тригодишната затворска казна. Од затворот „Скопје“, беше префрлен во струмичкиот затвор.„Осуденикот редовно користи погодности, викенд од три дена, излез од седум часа. Од денес е работно ангажиран во приватна фирма, со дадена согласност од директорот на Управата за извршување санкции“, вели директорот на затворот, Зоран Ристов за „Скопје1“.Но, и изминатата година, тој користел поволности. Според информациите на „Скопје1“, Георгиев излегувал на викенди, кои му се давани согласно правилникот на затворот. Сите привилегии ги уживал, благодарение на доброто поведение.Инаку, Георгиев се спогоди со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција по случајот за земање мито од синот на ексградончалникот на Ново Село, Боро Стојчев и прифати да му биде изречена казна затвор во траење од три години, како и Забрана за вршење професија, дејност или должност на службено лице во период од три години.

Македонија | пред 9 месеци

zelezarski

Осудениот Железарски за низа кривични дела е затвореникот со дрогата, часовникот и кучката Цеца

Осудениот Жан Железарски е затвореникот кој зборувајќи на мобилен телефон ја барал дрогата префрлена во дворот на затворот „Штип“, а затворските полицајци наводно трагале по скап часовник кој кучката Цеца му го зела додека играле. За него, директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, рече дека е познато лице од подземјето. На македонските затвори им се врати пред речиси четири години, а претходно беше во двегодишно бегство.Железарски е осуден во случајот „Детонатор“. Овој случај се водеше за обид за убиство, злосторничко здружување, лихварство и измама. Железарски доби 14,5 години затвор, а по закани упатени кон судијката Весна Димишкова, имаше дополнителни две години затвор.Но „Детонатор“ не е единствен случај. Бројни се пресудите против него. Го гонеле за телесни повреди, насилство, оштетување туѓи предмети, давање лажен исказ, предизвикување општа опасност, загрозување на сигурноста.Скандалот со дрогата, часовникот и кучката Цеца е последен во низата за затворскиот систем, како и за Железарски. Сега, поради тоа што го оставиле со мобилен и наместо да му го одземат си се поздравиле – ќе одговараат полицајците кои му помагале за дрогата односно за да го најде часовникот земен од Цеца. За полициските службеници се води дисциплинска постапка, а ќе се достави и кривична пријава, најави Пандов.

Македонија | пред 10 месеци

snimka-ceca-stip

(Видео) Снимка од барањето на часовникот кој го зела кучката Цеца од затвореник во Штип

Снимка од моментот кога во КПУ Штип се префрла дрогата преку ѕидот, а затвореникот за кој Пандов рече дека е дел од подземјето ја бара, додека полицајците наводно му го барале скапиот часовник кој му го зела кучката Цеца со која играле на шеталиштето...На снимката се гледа токму тоа што директорот на Управата за извршување на санкции го презентираше на прес-конференцијата.

Македонија | пред 10 месеци

MASKI-DEL-MONTAZA.00_08_32_14.Still001

Осуденик натепал затворски полицаец, го удрил со чаша оти му го одзел телефонот

На 19.03.2025 година во 09.32 часот во СВР Штип било пријавено дека во КПУ Затвор-Штип било нападнато службено лице, кое што потоа дошло во просториите на СВР-Штип и пријавило кривично дело по чл.144 ст.4 од КЗ на РСМ.Според пријавеното, истиот ден околу 09.00 часот, додека пријавителот бил на своето работно место во КПУ Затвор-Штип заедно со други затворски полицајци, откако на осуденик му издал наредба да го предаде мобилниот телефон, бил вербално нападнат од истиот со закани по неговиот живот и животот на неговото семејство, по што со стаклена чаша осуденикот го удрил пријавителот во пределот на главата нанесувајќи му телесна повреда-посекотина.За настанот е запознат Јавен обвинител од ОЈО-Штип и се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 11 месец

Sokol

Приведени вработени од затворската полиција и поранешен директор на затворот Шутка

Полицијата презеде голема акција во која утрово е приведен Филип Андонов Сокол, поранешен директор на КПУ Затворот во Шуто Оризари и Сашко Крстевски Ѕверот, заповедник во истиот затвор.Приведени се и повеќе поранешни и сегашни вработени во затворите кои, според сознанијата, работеле незаконски и биле дел од криминална мрежа, потврдуваат од Управата за спроведување санкции.Од Обвинителството за гонење органииран криминал и корупција, известуваат дека акцијата е во тек.„Под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по Наредба на судија на претходна постапка полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при МВР извршуваат претреси на локации во Скопје. Подетални информации во текот на денот“, велат од ОЈО ГОКК.

Македонија | пред 11 месец

vasil-jovanov

Возачот Васил кој ја усмрти Фросина телефонот го набавил од притвореник, платен е надвор од затворот, пренесен е во опаковка со колачи

Возачот Васил Јованов кој со возило ја усмрти Фросина Кулакова на „Партизанска“ го набавил телефонот од притвореник кој е од Гевгелија, а издржува притвор во затворот во Шутка, дознава „Скопје1“. Според извори во установата, телефонот бил пренесен од ќелија во ќелија преку затворена опаковка колачи. Услугата чинела 250 евра, а бидејќи Јованов ги немал внатре, парите биле платени кај блиска роднина на затвореникот, од страна на лице блиско до Јованов. Но останува отворено прашањето како и кога бил внесен телефонот во затворот, покрај сите контроли и метал-детектори низ кои минуваат пратките за затворениците. Неофицијално, според правилниците, строго забрането е да се пренесува било што, па макар и храна, од ќелија во ќелија.Уште од првиот ден, кога Јованов влегол во притвор, почнал да бара телефон. Иако е јавна тајна дека уреди има низ повеќе ќелии, никој не се осмелил да му даде. Сепак, овој муабет стигнал до притвореник кој е во затворот повеќе од година. Тој се понудил да му обезбеди, но и да биде платен.Најтешкиот дел бил како да се пренесе телефонот од ќелија во ќелија. Па, за тоа искористиле дежурен вработен кој го обезбедувал тој дел од затворот. Притвореникот го замолил затворскиот полицаец да однесе благо до соседната ќелија, под изговор дека немале и им барале, тврдат затворски извори за „Скопје1“. Полицаецот не се посомневал и само им ја подал опаковката со колачи.Договорот бил, плаќањето на уредот да биде надвор од затворот, бидејќи Јованов со него немал пари. „Скопје1“ поседува информации кој точно го платил уредот надвор од затворот, а засега ќе посочиме само дека станува збор за лице од блиското опкружување на Јованов. Останува отворено прашањето, како и кој го внел телефонот до затвореникот кој наплатил за да му го даде на Јованов.Според нашите информации, Јованов од телефонот исконтактирал со неговата девојка, како и со родителите. Разменил пораки и повици. Телефонирањето траеше кратко, бидејќи друг затвореник, го фотографираше, па почнал да се фали со фотографиите надвор од установата. За на крај, тие да завршат во јавност.„Скопје1“ побара потврда за овие информации од директорот на затворот, Бобан Утковски, кој рече дека во тек е истрага и дека засега не може да коментира и споделува информации. Утковски посочи дека штом се утврдат сите детали, тие сите информации ќе ги споделат со јавноста.Претходно, директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов рече дека нема да биде брз процес откривањето кој и како го внел телефонот.Јованов од соба со уште пет лица е преместен во самица. Јованов доби притвор поради опасност од бегство, повторување на делото, влијание во постапката. Тој преку неговиот адвокат се противеше и бараше да се брани од слобода или судот да му досуди алтернативни мерки како домашен притвор или одземање на пасош. Ова беше одбиено. Обвинителството извести дека тој бил под дејство на алкохол и без возачка кога ја прегази Фросина на пешачки премин. Истрагата за случајот е во тек.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-27-at-11.43.36

Затвореник почина во „Идризово“

На 24.01.2025 во 18.22 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во установата бил пронајден починат осуденикот Б.Р.(76) од Скопје.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Македонија | пред 1 година

IMG_0938

Затворот во Струга да биде само за жени - идејата е пак на маса

Министерот за правда Игор Филков беше во работна посета на КПД Струга кој е од отворен вид при што од страна на директорот на затворот, Ардит Мустафаи беше запознат со условите, капацитетите, човечките ресурси и можностите за ресоцијализација и рехабилитација на осудените лица.,,Остваривме работна средба, ги видовме состојбите, ги видовме капацитетите на затворот. Ја реактуелизиравме идејата за комплетно женски затвор со тоа што би се преадаптирале многу работи и цело женско одделение од затворот Идризово би се префрлило тука. Како идеја ја зборуваме некое време, се надеваме дека ќе наидеме на поддршка од сите партнери и ќе можеме набрзо да ја реализираме. Идејата за женски затвор значи комплетно женски, а затворениците од овде ќе бидат преместени во друг. Се договоривме да се изготви проект и тогаш ќе знаеме колку финансии ќе се потребни, рече Филков, посочувајќи дека во ниеден затвор во државата состојбите не се најдобри и не е вложувано со децении”, изјави министерот за правда Игор Филков.КПД Струга има капацитет за 60 лица, а во моментов 21 лице издржуваат затворска казна. Со оглед на тоа што станува збор за затвор од отворен вид, на осудените лица им е овозможено да бидат работно ангажирани. Идејата е да се пристапи кон изготвување на проект со цел да се утврдат финансиските импликации, затворот целосно да се пренамени за потребите на женската затвореничка популација. На овој начин се стремиме кон зголемување на безбедноста на затвореничките и целосно дистанцирање од проблемите со кои се соочуваат во КПУ Идризово. Воедно, постојните затвореници од Струга ќе бидат прераспоредени во други затворски установи.

Македонија | пред 1 година

MASKI-DEL-MONTAZA.00_08_32_14.Still001

И европски, но и латиноамерикански затвори во Македонија

Александар Пандов, директорот на Управата за извршување санкции, ја оцени состојбата во македонските затвори. Според има има голема разлика од еден до друг затвор.,,Има затвори кои се од латино-американски тип, во кои само исклучително ментална силна личност би можела да издржи“, рече Пандов.Тој се осврна, како што рече и за браќава од 27 април и посочи дека некои од нив и по две години ги држеа во притворот во Шутка.,,Има затвори кои, да не бидам погрешно разбран, буквално се европски затвори, коишто изгледаат супер, нормално и коишто функционираат супер, нормално. Она што јас како забелешка сум го нашол не во сите, но, во дел од раководствата во затворите се однесувале во духот на Луј 14. Тие како директори се соживувале дека се сопственици, дека се тоа приватни нивни затвори и така ги третирале затворениците“, вели Пандов.Што се однесува за новиот продолжен прекин во издржување на казната на дел од осудените лица за 27 април, Пандов одговори дека тој како директор на Управата за извршување на санкции ако осуденето лице донесе медицинска документација во којашто е прикажано дека има некое акутно заболување и треба веднаш да се лекува, тој дава прекин од 30 дена.„Меѓутоа не мал дел од нив, еве конкретниот пример, поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, јас како што сум информиран има добиено сега прекин од три месеца. Меѓутоа, тоа е од судот, кога имаат документација, ако им следуваат прекини веројатно судовите ќе доделуваат и доделуваат во моментов“, изјави Пандов.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-01-at-13.00.30

Драма во затворот во Шутка: Затворски полицаец кој обезбедувал притвореници заврши во притвор, фатен е со дрога

Затворски полицаец од затворот „Скопје“ во Шутка заврши во притвор, откако кај него била најдена дрога, дознава „Скопје1“. Според информации до кои дојдовме, завчера вечерта, командир на смена во јакна на полицаецот нашол материја за која констатирал дека е дрога. Сѐ се случувало во дежурната просторија во притворскиот дел.Тој ги известил надлежните органи, по што дошла и полиција, а полицаецот бил приведен. „Скопје1“ дознава дека обвинител од одделение за униформирани лица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција побарал притвор, кој бил одобрен од судија на претходна постапка во Кривичниот суд.Детали за случајот се очекуваат од полицијата.БОНУС ВИДЕО:

Македонија | пред 1 година

pandov-andov

Владата го разреши директорот на затвор „Скопје“ во Шутка

По констатираните неправилности од Управата за извршување на санкции во работењето на КПУ Затвор Скопје – Скопје, разрешен е директорот на затворот, Филип Андов.На негово место назначен е Бобан Утковски за в.д. директор на КПД Затвор - Скопје.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања