Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Затворот во Струга да биде само за жени - идејата е пак на маса

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_0938

Министерот за правда Игор Филков беше во работна посета на КПД Струга кој е од отворен вид при што од страна на директорот на затворот, Ардит Мустафаи беше запознат со условите, капацитетите, човечките ресурси и можностите за ресоцијализација и рехабилитација на осудените лица.

— реклама —

,,Остваривме работна средба, ги видовме состојбите, ги видовме капацитетите на затворот. Ја реактуелизиравме идејата за комплетно женски затвор со тоа што би се преадаптирале многу работи и цело женско одделение од затворот Идризово би се префрлило тука. Како идеја ја зборуваме некое време, се надеваме дека ќе наидеме на поддршка од сите партнери и ќе можеме набрзо да ја реализираме. Идејата за женски затвор значи комплетно женски, а затворениците од овде ќе бидат преместени во друг. Се договоривме да се изготви проект и тогаш ќе знаеме колку финансии ќе се потребни, рече Филков, посочувајќи дека во ниеден затвор во државата состојбите не се најдобри и не е вложувано со децении”, изјави министерот за правда Игор Филков.

— реклама —
— реклама —

КПД Струга има капацитет за 60 лица, а во моментов 21 лице издржуваат затворска казна. Со оглед на тоа што станува збор за затвор од отворен вид, на осудените лица им е овозможено да бидат работно ангажирани. Идејата е да се пристапи кон изготвување на проект со цел да се утврдат финансиските импликации, затворот целосно да се пренамени за потребите на женската затвореничка популација. На овој начин се стремиме кон зголемување на безбедноста на затвореничките и целосно дистанцирање од проблемите со кои се соочуваат во КПУ Идризово. Воедно, постојните затвореници од Струга ќе бидат прераспоредени во други затворски установи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8qh2v7fjvq7p9Qbj48B

(Видео) Затвореници од Шутка пријавиле дека биле натепани од Единицата за интервенции на затворската полиција, еден од нив однесен и во болница

Македонија | пред 3 седмици

media-library48skktc9rirhdbt1YFF

На Диди повторно му ја намалија затворската казна

Магазин | пред 1 месец

idrizovo-ambulanta

Затвореник од Идризово ја доби Македонија пред Стразбур: судот утврдил дека бил тепан од чувар пред кантина, а истрагата била неефикасна

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryth2ecknbhv387bhWagR

Газдата на „Дурмо Турс“ конечно се појави во затвор да издржи 10 години по трагедијата кај Ласкарци и низа одлагања

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања