Пајазит Пајазити останува судија, казнет само 30% од плата за тоа што го пушти Блерим Рамадани од притвор, па тој избега

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
IMG_6166

Пајазит Пајазити, останува судија во Кривичниот суд, и покрај одлуката да го пушти Блерим Рамадани од УЧК од ефективен во домашен притвор, по што тој избега. Ова е конечната одлука на Судскиот соввет, донесена во петокот на затворена седница, пишува „Алфа“. Пајазити доби само парична казна, шест месеци да зема 30% помала плата. Останува правораздавач во одделението за претходна постапка, кое одлучува по притвори за осомничени. Одлуката за Пајазити е донесена осум месеци откако Рамадани избега, а откако за целата стручна јавност беше чудно - како ова лице се пушта во домашен притвор во земја во која не е резидент.

— реклама —

Уапсениот Рамадани, на 18 јули минатата година се согласил пред судијата Пајазити да биде екстрадиран по скратена постапка во Србија и се согласил да биде суден. Пајазити тогаш му определил притвор. Но, на 22 јули, Рамадани поднел жалба преку својот адвокат во кој навел дека не го разбрал преведувачот кога зборувал за скратената постапка за екстрадиција. Според Законот за меѓународна соработка, изјава за скратена постапка за екстрадиција е неотповиклива и не може да биде повлечена, што би значело дека Рамадани не можел да се предомисли.

— реклама —

Сепак, судијата Пајазити ја прифатил новата одлука на Рамадани. По ова, иако опстојувале сите причини кои укажувале на бегство, односно околностите биле целосно непроменети, Пајазити одредил куќен притвор за Рамадани, кој избега. И официјален Белград побара одговори од државните органи како Рамадани баран преку Интерпол од куќен успеа да избега за Косово.

— реклама —

Пајазити има и други дискутабилни пресуди. Тој е судијата на претходна постапка кој не одреди притвор за групата која упадна во М-НАВ предводена од Беким Незири. Тој е заменик претседател на Кривичниот суд а во времето кога Груевски беше во бегство беше судија за санкции кој ја носеше одлуката за издрживање на казната затвор. Судскиот совет одлучи тогаш дека нема пропуст кај судијата Пајазити кој му даде покана за затвор на Груевски.

„Скопје1“ во детали објасни како избега Блерим Рамадани:

ramadani

Како избега Блерим Рамадани: Судијата Пајазити го става и вади од зад решетки при непроменети околности, обвинител се жали, Кривичен совет го враќа - но него го нема!

Судијата Пајазит Пајазити го ставил, па го пуштил поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани од ефективен притвор, иако околностите под кои е одреден притворот биле непроменети, дознава „Скопје1“. На МВР им била дадена насока да вршат контроли, кои биле правени секојдневно. Обвинителството за гонење организиран криминал (ОЈО-ГОКК) не се согласило и поднело жалба. Денот кога Кривичен совет одлучува по жалбата – Рамадани бега. Вака изгледал текот на настаните кога во прашање е Рамадани, за кого Србија има потерница и го бара за извршени воени злосторства.„Скопје1“ дојде до информации како постапувале судијата Пајазит Пајазити, Кривичниот совет кој одлучува по жалби, Обвинителството кое бараше притвор и се жалеше за куќниот притвор, Министерството за внатрешни работи задолжено да прави контроли на адресата каде Рамадани беше во куќен притвор. Заклучокот е дека МВР не може да го пушти Рамадани да избега, туку судот со неодредување на најстрогата мерка.Рамадани беше уапсен на 18 јули. Судијата Пајазити го праќа во притвор зад решетки. Осомничениот се жали по два основи – дека е противзаконски лишен од слобода, како и дека не треба да биде во притвор бидејќи нема намера да бега, ниту причина. Постапува Кривичниот совет на судот, кој одлучува дека жалбата за противзаконитото апсење му е одбиена оти касно ја поднел, а дека поплаката за притворот му е исто така ненавремена, но и неоснована. Тој останува зад решетки.Пајазити решава да му го укине притворот на Рамадани на 1-ви август. Го испраќа во куќен притвор кај роднина, кој живеел во Чаир. Рамадани е спроведен од полицијата. Ова решение, Пајазити го носи без разлика на фактот што околноста поради која му е одреден притвор е непроменета – а тоа е дека се бара по потерница. Неофицијално дознаваме дека судијата не бара ниту став од обвинителот, иако, тоа се прави пред сѐ поради еднаквост на оружјата во правната постапка. Рамадани излегува на слобода, а обвинителот се уште не е ниту известен за одлуката донесена од судијата Пајазити.Министерството за внатрешни работи е известено за судската одлука и добива задолжување да врши контроли во Чаир, каде Рамадани го издржува куќниот притвор. Не бил определен 24-часовен надзор, иако Пајазити имал таква можност согласно Законот за кривична постапка, туку укажал контроли да се прават еднаш во денот. Полицијата при рандом секоја контрола, го затекнува осомничениот на адресата.По пет дена од одлуката на Пајазити, решението за куќен притвор го прима и обвинителот. Истиот ден, до Кривичниот совет (второстепен орган за жалби по притвор), стигнува жалба од обвинителот кој бара Рамадани да биде вратен во притвор бидејќи околностите не се променети, тој се бара со потерница, а постои оправдана опасност од бегство.Кривичниот совет од тројца судии заседава и одлучува вчера (14 август), и заклучува дека жалбата на обвинителката е оправдана и Рамадани треба да биде вратен во притвор зад решетки. Но, касно. Полицијата оди на адресата за да го спроведе во затворот „Скопје“ во Шутка, но не го наоѓа на адресата каде ја издржувал мерката. Веднаш го известува судот, па има централна потерница. Меѓудругото, колегите судии, констатираат дека судијата на претходна постапка, Пајазити, укинувањето на ефективниот притвор, и одредувањето на куќен притвор, го направил иако немало променети околности и лицето може да се даде во бегство.По осомничениот Рамадани е објавена централна потерница и се трага. „Скопје1“ прати повеќе прашања до Кривичниот суд поврзани со низата правни чекори преземени од судот и судијата Пајазит Пајазити – на кои до овој момент не доби одговор.

Македонија | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања