Министерството за внатрешни работи информира дека денеска (23.02.2026) биле примени дојави за наводно поставени експлозивни направи во неколку училишта во Тетово и Скопје.
Веднаш по добивањето на пријавите, полициски службеници презеле соодветни мерки и активности, извршени биле проверки на посочените локации и направени се потребните безбедносни процедури.
По извршените проверки, утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Од МВР информираат дека продолжуваат активностите за расчистување на случајот и идентификување на лицата кои стојат зад дојавите.