Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Пакетот е готов, Марта Кос открива кој ќе се приклучи на ЕУ и кога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
EU-1

Европската комесарка за проширување Марта Кос на 4 ноември ќе го претстави Пакетот за проширување на Европската Унија за 2026 година, кој ги содржи извештаите на Европската комисија за напредокот на десетте земји кандидатки за членство.

— реклама —

Документот најпрво ќе им биде претставен на членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ). Потоа, постојаните известувачи на оваа комисија ќе подготват нацрт-резолуции за секоја земја поединечно, во кои ќе бидат содржани ставовите и препораките на Европскиот парламент за нивниот пристапен процес.

— реклама —

Следниот ден, на 5 ноември, АФЕТ и Комисијата за буџет на Европскиот парламент ќе одржат неколку дијалози посветени на финансиската поддршка за реформите во регионот. На дневен ред се петтиот дијалог за Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, третиот за Молдавија и шестиот за Инструментот за Украина.

— реклама —

На седницата генералниот директор на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман, ќе ги информира европратениците за спроведувањето на реформските агенди и исплатата на средствата од ЕУ.

Сите седници ќе се одржат во Брисел, објави Европскиот парламент.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

w_55031023

Калас: Путин зборува едно, а прави друго – ЕУ подготвува нови мерки против Русија

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

Брисел планира царини и квоти за кинеската стока од 2027 година

Свет | пред 4 дена

media-librarye0j30dsrk3mqdzN4eIy

Од 2027 година нови ограничувања за готовински плаќања во Европската Унија

Свет | пред 5 дена

873x400-1-16

ЕУ ѝ платила 238 милијарди евра на Русија за енергенси, а зависноста сè уште не е прекината

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања