Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Пакистан тврди дека договорот меѓу САД и Иран е многу блиску

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryrakp0g3ibegibo8h7Xv
wikimedia commons

Началникот на пакистанската армија, фелдмаршалот Асим Мунир, му соопштил на кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, дека договорот меѓу САД и Иран е „близу до постигнување“, објавија кинеските државни медиуми.

Изјавата била дадена за време на средба во Пекинг, одржана во рамките на официјалната посета на пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф на Кина.

— реклама —

Според „China Daily“, Мунир го информирал Ванг Ји за најновиот тек на преговорите во кои Пакистан се обидува да помогне во намалување на тензиите меѓу Техеран и Вашингтон.

— реклама —

Пакистанскиот воен лидер во Пекинг пристигнал по минатонеделната посета на Техеран, каде што разговарал со иранското раководство.

Кинеските медиуми наведуваат дека Мунир рекол оти Пакистан е подготвен да продолжи со сите дипломатски напори за постигнување договор и изразил надеж дека Кина ќе има поголема улога во процесот.

— реклама —

Ванг Ји, пак, го опишал Пакистан како „доверлив посредник“ и порача дека Пекинг ги поддржува дипломатските активности на Исламабад.

— реклама —

Средбата доаѓа во период на засилени дипломатски контакти поврзани со кризата меѓу Иран и САД, во кои посредуваат и Пакистан, Катар и земјите од Персискиот Залив.

Кинескиот претседател Си Џинпинг во понеделникот се сретнал и со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, при што ја пофалил улогата на Пакистан во промовирањето на регионалниот мир.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со јачина од 5,7 степени го погоди Пакистан

Свет | пред 3 седмици

— реклама —
limuzina

Се урна покрив на училиште во Пакистан, загинаа 27 деца и една наставничка

Свет | пред 3 седмици

media-libraryhcqn8rn898kk0FZBIhq

Нов судир меѓу Пакистан и Авганистан: Во воздушни напади загинаа девет лица

Свет | пред 1 месец

media-libraryrap3ton8hfn6az3xUHQ

(Видео) Најмалку 11 загинати во самоубиствен напад во Пакистан

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања