Панчевски тврди дека исполнува услови за републички обвинител, Советот пак смета дека има прекин во стаж

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
Pancevski-so-sudot-2

Владимир Панчевски, реагираше бидејќи е дисквалификуван од трката за републички јавен обвинител. Тој објави потврда од Кривичниот суд дека има стаж од над 12 години, а стои и дека функцијата ја извршувал во 2020 година. Советот на обивнители пак смета дека кандидатура може да поднесе само активен судија или обвинител кој ја извршува функцијата најмалку десет години. Поради прекинот, кандидатурата му беше отфрлена.

— реклама —
media-libraryeupealqkf4bl5TtukIa

„Чисто заради сите вас што ме поддржавте во оваа трка за правда! Историјата бележи! Ви благодарам на сите вас, добронамерни луѓе и пријатели желни Македонија да стане правна држава!“, напиша Владимир Панчевски.

— реклама —

Во изминатиот период, тој јавно доби поддршка од повеќе лица, меѓу кои и осудените за 27 април. Адвокатката Лејла Кадриу, пак, раскажуваше како во СЈО му го местеле предметот за АКМИС-системот поради кој Панчевски лежеше и во затвор.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Pancevski-so-sudot-2

Осудениот поранешен судија: Давкова не го погледнала предлогот за мое помилување, патиштата со неа и Мицкоски тука завршуваат

Коментари | пред 1 година

Pancevski-so-sudot-2

Панчевски се жали дека со пресудите му биле повредени правата и слободите

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања